Се бараат здрави работници!

Day 1,077, 16:25 Published in North Macedonia North Macedonia by TheWiseMan

Отворена е нова фирма за производство на камен во еМакедонија, која се вика “Finest Stone - ExOPass Corp“ и е фирма-ќерка на организацијата "ExОPass Organization", кој се стремат да бидат конкурентни на Македонскиот пазар и да ја подобрат нашата економија.

“Finest Stone - ExOPass Corp“ ќе вработат десетмина со skill Coordinator и ќе се одржува “строг“ критериум за вработените. Сите што ќе работат во оваа фирма мора да бидат со 90-100 велнес и континуираност.Оваа строгост ќе биде наградена со куќа, односно на секои 2-3 недели (во зависност од профитот на пазарот), работникот со најголема продуктивност ќе ја добие наградата.Почетната плата ќе биде 2.00 МКД, но секако со вашето истакнување и континуираност ќе бидете наградени со поединечно зголемување на платата.

Воедно, ова е и повик до сите со 5ти левел (Coordinator) да си ја пробаат среќата во "Finest Stone - ExOPass Corp" !

Искрено ваш
The Wise Man

DonExo & Georgioski Igor
Rock on dudes 🙂