Судир на алијансите

Day 888, 14:57 Published in Russia North Macedonia by MakedonecMKD


Поздрав народе, започнав нов проект на нашиот македонски форум за отворање на нова организација – Министерство за Информирање, но за тоа таму. На таа организација ќе ги има сите артикли кои се за новите воени и економски модули – за тие кои не го знаат англискиот јазик, а ги интересира за тоа што ќе се случи и навреме да бидат подготвени.

Го преведов артиклот на администраторите на еРепублик ''Clash of the Alliances''
Погледнете:

Почитувани граѓани,

Со нетрпение чекавме битките да стивнат во целиот Нов свет и сеуште не можеме да поверуваме на толку значаен епски судир, кој се одржа минатиот викенд. Живееме во интересни времиња: резултатите од тековните битки го менуваат лицето на Новиот свет засекогаш. Само да ви дадеме статистика: во последните 60 часа имаше повеќе од 90 битки! Се разбира, повеќето од овие битки беа тактички потези, со цел поддршка на воените напори.

Се започна во средата кога Унгарија ја нападна Хрватска, тој напад ги одолжи плановите на ЕДЕН за истовремен напад на некои од витално значење - високите региони на Феникс (другата поважна алијанса). Или, можеби тоа беше нивната стратегија на прво место, кој знае. Но, се започна во петокот: Полската тврдина Роун Алпс беше под тежок напад, Србија мораше да го брани Кралот Лав (Liaoning) и унгарската тврдина Здраво Маче (Heilongjiang), истотака е под напад. Но Здраво Маче 😃 (Heilongjiang) не е само проблем на Унгарија: истовремено со нападот на Романија и Хрватска се заканува на интегритетот на унгарските оригинални територии. И сите знаеме дека страстите и емоциите делуваат кога е во прашање татковината.

И така во последните моменти од "мајката на сите битки", дојде резултатот: Роун Алпс, Полското богатство, во тоа време со 9000 жители и одбранбен ѕид од 1.300.000 + поени. Во последните 30 минути имаше над 8200 уклучени. Овој број само го покажува степенот на важноста на оваа битка. Ајде да видиме некои броеви кои ќе ви го одземат здивот: Вкупно борци 20.848 и вкупна штета 22.033.317! Импресивно! Ако сте го пропуштиле крајот на оваа битка, можете само да замислите како беше! По еден час на дополнително време во кое и двете страни се мачеја да го да ја свртат битката во своја полза, силниот Феникс успеа да го освои Роун Алпс! Вистина е дека Полска ги изгуби Берлин и Роун-Алпс, но војната е далеку од завршена! И со околу 5.000,000 штета во оваа битка само од страна на Полска, ние сме сигурни дека наскоро ќе слушнете повеќе за нив.

Како што се чини дека во Кина ќе почне да игра повеќе и повеќе важна улога во битките за ЕДЕН, станува важна стратешка улога, помагајќи Ена ЕДЕН да ја поврати својата татковина. Во петокот во Кина почнаа борбите истовремено против Унгарија во легендарниот Здраво Маче 😃 (Hello Kitty) (1.155.742 вкупно штета и 2.201 војници) и Србија во Кралот Лав (Liaoning) (4.960.363 вкупно штета и 8.225 војници). Заедно Унгарија и Србија ги зачуваа своите региони, но штетата направена од Феникс отвори можност за многу повеќе интересни битки да се одржат во границите на Унгарија. Романија ја освои Северниот Голем Авион 😃 (Northern Great Plain), додека Хрватска (13 сојузници) успеа да ја освои Јужна Трансдунавија 😃 (Southern Transdanubia) (2.531.328 вкупно штета и 11.909 војници). Во исто време, Унгарија, помогната од 15 сојузнички земји, успеа да го задржи регионот Западна Трансдунавија (Western Transdanubia) (4.339.214 вкупно штета и 8396 војници). Во двете Трансдунавски битки имавме 30 земји кои се вклучени, вистинска светска војна!

Така, после жешкиот ден и штетата од 36.519.026 и од 56.552 војници, Полска го загуби Роун Алпс и Унгарија загуби два оригинални региони. Но, бевме само во средината на оваа недела до крајот!

Следниот ден Шпанија го освои Роун Алпс од Словенија во битка без MPP (2.158.891 штета и 6399 војници). Унгарија останаа заробена во канџите на Романија и Хрватска. Повторно, таа успеа да го обезбеди Јужниот Голем Авион 😃 (Southern Great Plain) против Хрватска (1.531.965 вкупно штета и 4805 војници) и Северна Унгарија (Northern Hungary) против Романија (2.296.006 вкупно штета и 9199 војници). Но, големата битка беше за Западна Трансдунавија (Western Transdanubia). Иако беше обезбедена од Унгарија само ден претходно, овој пат во Хрватска и сојузниците се докажаа како посилни, со освојување на овој регион, по битката со вкупно 9.591.393 штета од 17.866 војници!

Сега, овие ако не се едни од највозбудливите денови во историјата на играта, судејќи од скалата на настани: да имаш 94.821 активни војници и 52.097.281 вкупно штета во само 2 дена, сето ова се шири над само 10 битки од 90 + активни ... Па, ова е Чудо!

Ако сте ги пропуштиле настаните во текот на неделата, не грижи се, бидејќи работите се далеку од завршени! Романија и Хрватска чекаат подобри времиња за да нападнат во Централна Европа, принудувајќи Унгарија да брани уште две оригинални региони: Централна Трансдунавија (Central Transdanubia) и Централна Унгарија (Central Hungary). Кина повторно ја започна војната во Здраво Маче 😃 (Heilongjiang - Hello Kitty). Полска, Германија, Русија и многу други земји се буквално воени зони. Значи, го зграпчувам оружјеto и ја пишувам новата историја!

Со почит,
еРепублик Тимот!

Преведено од MakedonecMKD.