MU - Baby SQUAD - УСПЕШНО АКТИВИРАНА

Day 1,481, 02:30 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Добар ден Македонија,каде и да си.

Формирана е нова Воена Единица - BABY SQUAD во која ќе може да членуваат само и само е-бебиња.


Горниот лимит на сила сеуште не е одреден(би требало некаде до 1 000 сила).

Целта на оваа Воена Единица е да им помогне на новите членови на е-Македонија со што би ги задржале во што поголем број.

Е-бебињата не требаат да исполнуваат никакви услови за влез во оваа единица,ниту ќе имаат некакви обврски спрема неа.

Тоа значи дека нема работа за минималец(ќе може да работаат каде сакаат),не се бара присуство на канал,не се бара редовност итн.

Дневните мисии кои ќе се поставуваат како наредба ќе бидат првенствено за Македонија и ќе се внимава да бидат битки во кои полесно би се правеле 25 убиства.

Тоа е со цел со минимални трошоци да се земе Базука и Енерџи Бар.

Редовните членови,односно оние кои редовно тренираат,работаат и војуваат ќе бидат наградувани.
Односно ќе бидат снабдувани со леб и тенкови неколку пати во неделата и повторно без никакви обврски и должности.

Сретствата за овие поделби и за самото формирање на единицата доаѓаат од Конгресот(од наплата на економски државјанства).

Не е исклучена помошта од приватни донатори,а добредојдена би била и дирекна помош од буџетот на Македонија.

Нормално за се ќе се води евиденција.

Работа ќе биде транспарента и мора да има отчет за потрошените финансии затоа што сепак тоа се државни пари.

Членовите ќе можат во секое време да ја напуштат Единицата или кога ќе бидат
доволно возрасни ќе бидат отпуштени со почести.

Мислам дека со оваа многу би им помогнале на е-бебињата,без разлика дали дали тие доаѓаат од бејби бумот на Сарметина,Миа,Дон Тас,Рајко,Петко...

Е-бебињата се иднината на е-Македонија.
Мора да се грижиме за нив ако сакаме империја!

Воедно би ги замолил и другите МУ да го кренат прагот за прием на нови членови со цел бебињата да бида насочувани во оваа Единица.

Ги замолувам сите е-сограѓани да помогнат во изборот на име за оваа единица,изработка на нејзин аватар,а воедно барам и заменици-доброволци кои би помогнале оваа Единица да функционира што подобро.

Нормално се ова е на доброволна основа и без никаква надокнада.




П.С.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА