99% подобро од 15% [lazarosaMKD]

Day 1,636, 02:39 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

недела, 13 мај 2012
статија бр.95


Вчера, поттикнат од статиите на МзЕ за препорачаните цени на ботот се поиграв со лиценците што ги имам и кои слабо ги користам (последно кога ги укинуваа куќите пред 2-3 месеци).
Не ги користам зошто сите ми се во големи држави каде што препорачаните цени се исти на нашите плус ми иде прилив од БХ медали, од реффералите и од фирмите па (многу) не се замарав.

Имам лиценци во следниве држави: Кина, Хрватска, Унгарија, Индонезија, Полска, Србија, Шведска и Турција.

Доколку сега би купувал лиценци нема да купам за ниедна од овие држави туку би земал за мали, утепани држави каде што препорачаните цени се нешто поголеми.

Како што веќе кажав, вчера бев поттикнат од статиите на МзЕ но и сам да видам дали во различни држави со различни даноци ботот купува исто или различно.
Сум прашувал повеќе луѓе кои се активни на #itrade, кои имаат лиценци и кои се активни околу економскиот модул, но различни луѓе имаат различни искуства па решив и јас да направам еден мал тест па да го споделам моето искуство.


За почеток ставив по 3000 жита во сите овие држави.

На цената по која ботот купува го додавав и Import Tax, нешто и спуштив зошто не ми беше цел некоја заработка туку чисто експеримент. Така да цените што ќе ги видите подолу во сликиве не ги земајте здраво за готово, може да купува ботот и за некоја стотинка од денарот повеќе.

Како што кажав ставив секаде по 3000, во првава слика веќе се гледа дека во Унгарија ми купи 587 жита додека другиве се по 3000 зошто во Унгарија ставив прво пред 51-вата минута (кога купува ботот) а останатите понуди ги поставив нешто покасно.



Во вторава слика која следи, може да се забележи дека веќе ботот купил скоро подеднакво во сите држави.



Третава слика е направена еден час подоцна исто така ботот купил во сите држави скоро исто жита.



Следи четвртата слика, направена после 1 час.



Петтата слика е направена сабајлево кога се логирав.



Кој е заклучокот од принтскриновиве??

Ботот купува (скоро) подеднакво иако во различни држави имаме различни даноци што значи и различен прилив во касата.

Во Србија Import Tax на житото е 35%, во Шведска е 50% додека во останатите каде што имам лиценца е 99%. Ботот секаде исто ми купил, разликата е што во Унгарија, Полска, Турција, Индонезија и Хрватска во Трезорот им се собрале скоро 3 пати повеќе пари отколку во Србија.

Од што произлегува дека моменталните даноци се добри и дека не треба Import Tax да се намалува на 15% или 10% како што МзЕ првично планираше.

Што може да се направи?

Новата гарнитура во МзЕ веќе има промотивни статии нашите печалбари и странците да пуштаат суровини и готови производи, кажана им е и препорачаната цена + данокот.

Ова мислам дека нема да биде доволно зошто странецот си гледа да има ќар а во помалите држави препорачаните цени се нешто поголеми така да секој си гледа ќарот.

Што значи, ќе треба некако да се поттикнат нашите во дијаспората на која финта ќе се фатат, дали на мотивација, патриотизам, некакви субвенции или што не знам, битно може да се обидеме да имаме приходи од 400 илјади денари / дневно со истиве даноци.

Негативната работа е што повеќе ботски пари (пари од никаде) толку златото станува поскапо а бустерите и фирмите за готови производи понедостапни, но кој да знае, Плато можеби и си купува злато од ММ и плус и на тој начин ја регулира цената на златото така што турете му пепел.

400 илјади/ дневно би значело над 14 300 тенкови/ дневно војската и цивилите ќе се утепаат од мавање што впрочем тоа и треба да ни биде цел додека нема да има потреба тенковите да трошат реални пари.

Ќе има и за поделба на странски единици, во денешно време нема (многу) љубов се е интерес па не мора да мава некој за нас дека сме им нешто симпатични, може да ги купиме.


П.С Споделете ги и вашите искуства и мислења.





Шаут: 99% подобро од 15% [lazarosaMKD] http://tinyurl.com/bwjouoq

ДОПОЛНУВАЊЕ:

Пред 15:50 ставив секаде по 3000 жита.



Следува ситуацијата во 15:53 мкд време.



Значи уште при првата проба се продаде по 0.24 во Унгарија, Турција, Индонезија и Србија.
Жито може многу лесно да се изнакупи по 0.11 па дури и за 0.1 од некои земји.
Од тие 0.24 за мене се 0.1206 и данок за државите е 0.1194