еМакедонија - како понатаму? [Северус] [ЕДИТ 18:40]

Day 2,967, 04:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
[ЕДИТ 18:40]
Прво, статијава највеќе се однесува на двата табора, можеби и затоа не ја ни спомнав Бугарија. Сепак јасно е како ден дека ние сме заедно, без разлика на се. Не сакам да има забуни околу тоа.

Второ, неутралност како опција намерно ја исклучив затоа што, неутралност имаме/вме досега, после нашиот НАП. Не поминаа ни 2 седмици после тоа, одма почнаа караниците, зошто немаме војна и слично. Еве сега имавме војна со Франција, никој не пукаше освен Д2 Д3 секоја чест за нив.
Ем не ви е вредно газето, ем се дигате.
Сфатив дека ние не можеме, и не знаеме да ја играме таа игра што другиве држави успешно ја играат. Ние по некоја случајност, секогаш мора да бидеме во центарот на сите збиднувања и секогаш да го извлекуваме подебелиот крај. Не знам дали на 101-иот стап ќе ја научиме лекцијата..

Здраво еМакедонски народе..

Поминаа бурните денови барем за мене, се напивме, се забавувавме.. 😛
сега како што доаѓа редот, да ја пишам статијава што ја мислам веќе некое време, а провокација за тоа ми беа неколку настани месецов..

Да не должам многу, самата статија по себе ќе биде исклучително важна и долга, и секое мислење на темата е важно за нашата еЗемја. Воедно вашите мислења може да послужат и како анкета за наредниот Претседател, а се надевам и тие после него.

Темата ќе биде онаа актуелната што беше пред некој ден во Франција / Индија. И ќе бидам премногу директен, и се надевам ниеден детал нема да биде изоставен. Однапред се извинувам ако во некои делови се враќам премногу назад во еИсторијата, тоа е затоа што чувствувам дека сите работи едни со други се исповрзани, и не можам никоја да изоставам.


Ова е неопходен вовед на ситуацијата, за да секој играч биде запознаен со сите поважни детали во темава. Кој сака, може да премине право подоле, на главниот дел.

Значи, како што знаеме, најмоќната земја во играва е Србија.. досега, сојузите се одвиваа на магнетна спротивност од два табора – Србија и Хрватска, нешто слично како ние и Грција. Некои работи во играва се променија, ама углавно, сојузите се прават на истиот начин. Е сега, проблем е што веќе некое време во играва постои само еден сојуз- Српскиот сојуз Астерија.


Што тогаш го спречува создавањето на друг сојуз?


Одговорот е едноставен, и без размислување можам да кажам дека е Хрватска. Таа земја беше со години залажувана, изиграна, влечена за нос, на наша сметка. Тие со години слепо веруваа во Грците, во сонот за втора верзија на првичниот сојуз ЕДЕН. Се до скоро време, кога во фаца им беше плеснато дека такво нешто не бидува, и кога Романците ги држеа избришани, рамо до рамо со Србија. Грците како по обичај, цело време се вадат на дволичната карта со Терористите, и до ден денес немаат со прст мрднато за да и помогнат на Хрватска.

Каде е тука Македонија?

-Македонија сакала не сакала, директно или индиректно е вмешана во ова. Како земја, дали според нашата моќ низ годините, и нашиот однос со јужните соседи, ние секогаш сме биле и ќе бидеме фактор на одлучување во играва. Моментот е кога сега, работите во еСветот се толку крајно испреплетени и се надвор од секаква можна поправка, и е над наше влијание. Затоа сите се вадат на ова статус-кво ситуација која им одговара на неколку држави, вклучувајќи не и нас. На подолг период, Астерија/Србија ќе биде вистинскиот единствен победник од сево ова.

Единствен начин е да се почне се одново. Да се преболат некои работи, и да се размислува за взаемна корист.
Во кратки црти, моменталната состојба во еСветот е:
-Србија војува со Хрватска, пробуваат да ги бришат
-Турците војуваат со Иран, и нив ќе ги бришат најверојатно
-Унгарија, Романија, Аргентина, САД, Полска, Чиле фармаат.
-Бугарите имаат турбуленции околу напаѓање на Турција, и во меѓувреме постепено одат накај Астерија.

Е сега, моментот сме ние и Грците. Да започнам со нив, затоа што нели дамите, ова, пе*ерите де имаат предност.

Грците за прв пат направија потег надвор од нивните граници, а тоа беше слетувањето во Германија за блокирање на Унгарските ресурси. Понатаму од тоа, и една војна со Унгарија, немаат направено ама баш ништо за Хрватите. Ги оставија да ги избришат на неколку наврати. А кога Бугарија пушта ПН (Природен Непријател) на Турција, автоматски следува ПН од Грција, а со тоа и од нас.

Зошто е ова вака?
Не е некоја тајна, всушност е очигледен блеф. Зошто не стават ПН на Србија ете да им помогнат на Хрватите? Затоа што не им одговара. Очајно бараат изговор за војна со нас, за да се правдаат кај Хрватите, како лесно ги играат. Затоа и не го одбија законот за ПН на Бугарија, па моравме да ја правиме Тренинг Војна.

Македонија од друга страна, после Воздушните Напади во Нигерија и Канада, удобно си се смести во Индија. Потоа уште еден ВН во Франција, за акција која беше недоволно осмислена и оспорувана, и ја направи според мене, најголемата поделба во последно време.
Како и да е, ништо не е за џабе и од се' се влечат поуки и заклучоци. Во сите тие напади Астерија активно пукаше против нас. Кога велам Астерија најмногу мислам на Србите.

Во екот на нашето тешко востание со Франција, Србите организирано дигаат востание во Индија за да го ослободат регионот да добијат граница со Хрватска. Такво нешто до тој момент, не беше одобрено од Македонија. Ова потсетува на старите случки со тогашна Апулија..

Како и да е, тоа востание помина, и се изгледаше како да почна да се распаѓа. Ново востание во Индија, кое сега беше очигледно поддржано и организирано до Романски единици.

НЕ МОЖАМ А ДА НЕ СПОМЕНАМ како цела вечер до сабајле седев и ја пратев битката, пукав, редевме КО, и што уште не. Матрим многу помагаше со КО во ноќните битки, а исто така и Арло, кога така ни зеде и клучна епска во Д3.

После сево ова настана раздор помеѓу Српските и Македонските единици. Не дека ние сме цвеќе за мирисање, ама за Србите секогаш ќе има оправдувања и во сите случаеви они испаѓаат светци.

Направено е едно одлично видео кое и визуелно ја илустрира цела оваа ситуација, кој го нема погледнато нека го пронајде тука:

The fake and The true ones (Inside eRepublik) -eRepublik version

- од Рагнар Стеф Македон



*****Ако го прескокна воведот, може да продолжиш овде!*****

КОНЕЧНО, доаѓа делот кој што е клучен за нас.
Пред Македонија моментално стојат овие опции:


1. Србија: Приближување кон Србија би и ја дал најмоќната земја во еРепаблик, како сојузник на Балканот на Македонија. Што секако, и не мора да значи дека би било 100% успешно. Што заради КО, што заради долгите години раздор, и горчливи спомени.
НИКОЈ не гарантира дека Србија и нивниот сојуз ќе не прифатат како рамноправни, нити пак дека нема само да не искористат. За ова, има две можни сценарија:

Сценарио број 1: Србија и Македонија ќе станат сојузници, теоретски Македонија би влегла во Астерија, или било кој нов модифициран сојуз на Србија, заедно со (иако е ова моја лична претпоставка, мислам дека е многу малку веројатна) Унгарија, Полска, Романија, Словенија, Аргентина, и секако Бугарија. Противнички табор би биле: Чиле, Парагвај, Хрватска, Турција, Шпанија, САД, Грција.

Сценарио број 2: Србија и Македонија потпишуваат МПП, и во некакво си сценарио е поттикната војна со Грција. Србија/Астерија ни помага максимално, и ги држиме Грците окупирани со месеци. Со ова, Србија ги искористува Романија и Аргентина за да ги контактираат повторно Грците. Со тоа Србија само ќе покаже на Грците дека тие им требаат, и кога тогаш, кога ќе се одлучат тие работи, Србија би не шутнала нас (повторно како пред 3 години) за Грција. На овој начин Србите заедно со Романија/Аргентина само ќе не искористат како алатка за да ги потсетат Грците колку тие се слаби без нив, и индиректно да ги натераат да им се вовлечкаат во скут. Голем удел ќе има притисокот од Романија/Аргентина кои несомнено лобираат за Грција, а Србија очигледно не сака да ја пушти Романија, и обратно. Во овој случај ние ќе останеме ем без Србија, ем без старите сојузници.


-Второто сценарио е според мене повеќе остварливо, земајки ги предвид цврстите односи на Романија-Аргентина-Грција, и не би се изненадил од дежа-ву. Србите веќе еднаш ни го имаат тоа направено, а судејки по нивната тажна заслепеност, не гледам зошто не би го направиле тоа уште еднаш. Исто така неколку пати по ред докажаа и покажаа дека пукаат против нас, па дури и за САД кои не им се сојузници ами омразени ривали (оти нели, нашето МПП со САД беше изговор за да не шутнат тогаш).


Опцијава за Хрватска е ставена како опционална, и како евентуална неопходност во зависност од исходот на првата опција со Србија, затоа што гледам сите можни сценарија да бидат опфатени..

2. Хрватска: Приближување кон Хрватска би значело задржување на сите постоечки сојузници, а губење на првата опција наведена погоре. Со Хрватска, затоа што така не наведе судбината, беше пробано многу пати после распадот на нивниот сојуз ЕДЕН, и официјализирањето на Србија-Грција, но никогаш не се случи заради Грција / Терористите. Единствен начин на кој што ова би било можно е официјално отфрлање на Грција. За ова има исто две можни сценарија:

Сценарио број 1: Хрватска прекинува МПП со Грција, и официјално се свртува кон Македонија. За тоа да го докажат, пукаат во наши битки, а Македонија ги задржува веќе добро проверените сојузници (Чиле, Парагвај итн), и конечно се случува она што требаше да се случи со создавањето на Сириус тогашен.

Сценарио број 2: Хрватска со тензии и внатрешни несогласувања прекинува МПП со Грција, и мал дел од популацијата ќе биде уште наклонет на Грција. Тој мал дел би се сочинувал од влијателни луѓе, кои понатаму би можеле да направат нов терористички бран во Хрватска. И во ова сценарио Македонија ги задржува нејзините сојузници.

Како што гледате, и двете сценарија се можни само и само доколку Хрватите покажат волја, а тоа е прво и основно, оставање на Грција. Сепак, никој не гарантира дека Хрватите ќе ги остават Грците, а дури и да ги остават, прашање е дали ќе пукаат за нас против нив, или дека некој нема да им дигне диктатура па да си игра држава.

Како и да е, ако мора да се одбира од две зла, тогаш оваа опција е помалото зло, барем така мислам јас лично.


Лично, премногу сум огорчен и од двата табора, единствено што е важно во моментов е интересот на Македонија. КОЈ Е ИНТЕРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА?

Дали ќе одиме на веќе видена ситуација, или сакаме да пробаме нешто ново?
Што мислите ВИЕ после сево ова? Имавме неколку мирни месеци, да војуваме со неколку различни држави, и да видиме кој пука за нас, кој пука против нас, и што уште не.

Ова е сепак мое лично размислување од моето искуство досега, што сакав да го споделам со вас, и гледав да бидам што повеќе објективен на темата. Ве молам, ако имате и ваше размислување, слободно напишете во коментар.

Ако стигнавте до овде, ви благодарам што ја прочитавте статијава, и се надевам прочитавте нешто ново, нешто поучно, затоа што со нашето взаемно размислување и изнесување ставови, ќе можеме да заклучиме што всушност сакаме, и е најдобро за нашата земја.

За малку и заборавив.. Среќни Новогодишни и Божиќни празници!


Уште еднаш, ви благодарам за вниманието,
Северус