Обраќање до Македонците [SaveAss]

Day 1,629, 00:23 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss
Македонци о7

Најпрво да се заблагодарам на луѓето кои ме поддржаа и кои гласаа за мене на овие избори.

Честитики до Ел Че 🙂 за победата.

Сакам да му заблагодарам, што најде време да се кандидира овој мандат. Решено беше да им дадеме шанса на Македонците, онаму каде тие се чувствуваат најудобно.

Овој мандат министерството за Економија и за Финансии се фузирани, но сепак секој ќе си ја знае работата.

Тимот на министерството за Економија:

marjansp
доста добро познат во јавноста по неговата последна статија: За ботот на Плато и неговото "работење" !!!

Неговата задача овој мандат ќе биде а Ве информира за препорачаните цени на пазарот.

Viktorstip
дечко кој моментално е дел од дијаспората, неговата задача ќе биде да ги запознае нашите и американците со новиот економски модул на Македонија. Дополнително ќе разменуваме совети за даноците.

Boban Panovski
знаеме дека локалните земји се они кои имаат најмногу лиценци во Македонија, неговото досегашно искуство ќе го искористиме побрзо да ги запознаеме нашите соседи со економската политика на Македонија, како и нашите економски определби и изнаоѓање на взаемно решение по тоа прашање.

Acko11
има сенс за статистика, неговата задача ќе биде анализа на пазарот. Да видиме до каде сме и што сме.

Помошници на оваа група се stef4o, kire dimovski и pero nakov bb.

Целта на овој тим е многу едноставна – треба да го зголемат буџетот на нашата земја. Колку е тој поголем тоа подобро. Важно е да напоменам дека ова нема да се одрази по џебот на граѓаните.

За целите на ова министерството се изготви и блог: http://enovina.blogspot.com/


На него паралелно ќе излегуваат сите информации поврзани со законите поврзани со такса, буџет, препорачаните цени. Согласно заложбите информациите ќе се трудиме да бидат достапни на време т.е. Одма што има промени во истите.

Странските државјани ќе можат да ја користат оваа страна да ги најдат најновите препорачани цени, без да се замараат со пробувања и пресметки. Нормално тимот ќе има можност и практично да ги пробува овие пресметки.

Се на се' очекуваме дека со вакви информации ќе имате најдобра цена на локалниот пазар што значи и најдобра заработка. Затоа пробајте да ги следите советите.



Тимот на министерство за финансии:

Во превод, тоа би значело НБРМ и соодветно средствата со кои располага државата.

Ел Че и Јас ќе бидеме одговорни за овие средства.

Дополнително ќе имаме помош од ilijades и viktorstip. Живееме во различни временски зони, па практично е да имаме 24 часовна покриеност.


Прва промена која ќе биде побарана од конгресот е намалување на даноците на увоз:

За намирници (Храна и оружје) од 99% на 10%
За сировини (Жито и Железо) од 99% на 15%

ова треба да ги охрабри сите странци и наши кои имаат Македонска лиценца, да ги понудат своите производи кај нас. Соодветно на тоа на ничија штета буџетот на Р.М. ќе се полни од 50-100% повеќе за неполна седмица.

Тие пари нормално ќе се искористат за функционирањето на другите министерства.

Остануваме цврсти на определбата да му служиме на нашиот народ о7



Согласно новите измени во соработка со министерството за информирање ќе изградиме туторијал за оптимално економско искористување на ресурсите за што побрз развој, како и програма за индивидуална помош за играчи кои не знаат каде следно да инвестираат.

со почит,
SaveAss