Денари уфрлени "од надвор".... [lazarosaMKD]

Day 1,215, 05:20 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Овој артикал мислев да го напишам одамна но немав некој повод па еве нека биде повод најновиот артикал на Сарметина каде што трае дебатата дали треба или не треба да девалвира денарот.
Мојот артикал нема да се занимава со тоа прашање туку еве и конечно да се разреши дека админите пуштаат денари во македонската економија. Пуштаат тие и во сите останати економии да не испадне сега некоја теорија на заговор против нас, но мене ме интересира економијата на Македонија.
Артикалов нема да открие топла вода и јавна тајна беше дека админите откупуваат продукти и суровини а со тоа уфрлаат денари "од надвор" но еве сепак и со бројки ќе се докаже тоа.

Отпечатени денари
- Од настанокот на еМакедонија во конгресот се поминати 9 успешни (изгласани) закони и неколку неуспешни(не биле изгласани) па следуваат линкови од изгласаните дека неизгласаните не се битни за артикалов.

http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/57738
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/58184
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/59025
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/60098
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/61633
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/62626
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/63069
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/64697
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/64815

Кога ќе се соберат сите суми се доаѓа до бројката од вкупно 800.000 отпечатени денари.

Уфрлени денари преку админската фирма за жито

- Играчите кои се приклучивте после воведувањето на еМакедонија не знам дали се сеќавате на админската фирма за жито која имаше над 1000 луѓе вработено.
Овде не може точно да се знае колку денари тогаш уфрлија па еве некоја ептен груба проценка...
Да земеме дека се 1000 луѓе и мислам дека фирмата работеше 45 дена т.е додека бевме заштитени како држава. United Macedonia ќе знае да каже подобро кога админите му ја дадоа лозинката од Македонија Организатион каде што беше отворена таа фирма а која ја раководеа админите.
Просечната плата ќе ја земам 5 денари макар да и тоа е многу зашто тогаш беа мали платите а мнозинството играчи беа новодојдени преку првиот Сител ТВ прилог.(што значи со мали економски левели)

1000 x 45 x 5 = 225.000 денари

Ова е пак ќе кажам ептен груба проценка дека се уфрлија 225.000 денари од админите преку плати за вработените во админската фирма за жито што беше.


Уфрлени денари преку ММ во првите денови на еМакедонија

- Играчите дојдени пред 7 Октомври 2010 знаете дека админите пуштија денари преку Монетари Маркет по еден солен курс но тоа сега не е тема на артикалов.
Конгрес немавме, не можеа да се печатат денари и немаше како да се дојде до денари потребни за плати за работниците и за купување на суровини/продукти.
Пуштаа по разни курсеви прво 1 мкд = 0.1 златник, 1 мкд = 0.075, 1мкд - 0.050, 1мкд = 0.035 мкд...

И овде не може да се знае колку точно уфрлија нека се преку сила 75.000 денари... Земете во предвид курсот каков беше и колку играчи и компании имаше и пак бројката е преголема ама ајде..

Вкупно
800000 + 225000 + 75000 = 1100000

Вкупно 1 милион и 100 илјади денари.



Во трезорот од играва има моментално 46152 денари. ---> http://www.erepublik.com/en/country/economy/Republic-of-Macedonia-FYROM
Во Народна банка на Македонија има 688712 денари. ---> http://economy.erepublik.com/en/accounts/1986446
Во Државни Воени Резерви има 22671 денари. http://economy.erepublik.com/en/accounts/4106694
Во Македонија Организатион има 1132 денари.

Има и други државни орг како на АРМ и на министерствата ама ме мрзи сега за сите да барам.
Само во овие 4 орг има 758667 денари.

Одиме со монетари маркет.
Во моментов од граѓани и од државни организации има поставено околу 80.000 денари на продажба.

758667 + 80000 = 838667 денари

Ако од тие 1100000 денари одземеме 838667 = 261333

Дали е можно 14.000 популација да имаат на сметка само 261333 денари?!
Нормално дека не е можно испаѓа по 18 денари по човек.
Земете и ова.
Ако дневно во играва доаѓаат пример 200 играчи а бројката на популација утредента ни е истата значи исто толку умреле.
Стотици и илјадници до сега се банирани поради мулти или поради други причини а тие имале денари и злато на акаунтот а пошто акаунтите им се "мртви" тие денари ги нема повеќе во економијата.
Дури и оние кои само се логирале направиле работа и тренинг и никогаш повторно не се вклучиле, пресметајте за секој по 5 денари што ги добиваат од државата како "џепарац" и првата плата што ја заработиле а таа за левел 1 е над 11 денари. Такви има над 150 во денот.


Заклучок.
За разлика од РЛ каде што државата е единствената која печати пари, во играва тоа не е случајот. Админите или Господ како и да ги наречеме ако сакаат можат кога сакаат да ја откупат целата понуда на производи и суровини и да уфрлат стотици илјади денари. Можат со "админски пари" да го откупат целото злато што е поставено на монетари маркет и со тоа како и со купувањето на суровини и продукти и уфрлањето на админски денари можат а и влијаат на курсот на денарот.
Оттаму може да се каже без претерување дека 90% зависи од админите колку ќе биде курсот а не од државата (претседател, министер за економија, конгрес) или пак од граѓаните.
Во РЛ не знам дали има господ ама во играва има. А ние? Ние сме експериментални глувци..
Затоа останете ми паметни, убави и дебели и не се нервирајте многу за било што.... Само по малце🙂