Бугарија во ONE! Зошто да не!

Day 1,489, 03:31 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid
Со турската поткрепа на Косово на религиозна линија за време на Платоновиот референдум, стана јасно дека Турција целосно си ги затвори вратите кон ОNЕ. Нејзината нова политика прави значајни поместувања во играта и остава простор за промени кои би можеле да ја освежат играва. Имено, Турците, нашите најголеми сојузници полека но сигурно се вртат кон EDEN.

Ваквата состојба не и одговара на Бугарија. Тамошните весници предизвикаа лавина по однос на таа тема. Дали Бугарија ќе ја поткрепи Турција или би го напуштил сојузот. Доколку се случи второто, кога веќе губиме сојузник и тоа најдобриот, можеби е време да си создадеме нов - Бугарија.

Од аспект на играта ваквиот сојуз не го гледам како невозможен, ако се зема предвид фактот дека мнозинствот играчи од Бугарија се против било какви војни со Македонија. Да не збришаа двапати, но први нападнавме во одбрана на Турција. И освен неколкуте запалени тролови од нивна страна мнозинството играчи се ок. Но, такви тролови да не заборавиме ги има и меѓу нашите сојузници србите, а ги имаше и меѓу турците, па разумно ги победувавме.

Од аспект на РЛ, Бугарија не води непријателска политика кон Македонија, барем не како што е случај со Грција. Меѓу другото први не признаа. Е сеа боли кога не викаат фиромци некои нивни играчи, ама па и ние да не заборавиме ги нарекуваме татари и монголци. Згора на се најважната работа: Во РЛ турците ни ги онадеа бабите пет века, бевме под српска окупација од 1913 до 1940 па тоа не ни пречеше овде и со двете земји да бидеме во речиси нераскинлив сојуз, зошто Бугарија да биде поразлична од овие две? Навистина не гледам причина за таков исклучок, зошто да не!



На мнение сум дека со бугарите можеме да изградиме добар и стабилен сојуз доколку ги отфрлиме тролањата на РЛ фрустрираните играчи од двете страни.Ова е игра и пред се треба да се забавуваме. Во политиката водечка сила е интересот а не емоцијата. Тоа го бара и играта, да не ја пропуштаме шансата, да си изградиме нови сојузници, тоа ќе е на корист на двете земји.