Интервју со претседателот на MO-UP

Day 1,438, 12:20 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

По втор пат ќе ни биде гостин но ќе разговараме за различни теми Aminta Makedonecot

Дефинирај ја MO-UP како партија ?
Aminta Makedonecot :MO-UP е замислена како Либерална партија од центарот чија цел е ставање ред и поредок во еМакедонија преку обединување на сите конструктивни и продуктивни поединци и единици.

Зошто името MO-UP ?
Aminta Makedonecot :MO-UP или Macedonian Order-United Party произлезе некако набрзина но со консензус на сите членови во времето на ребрендирање на партијата. Најбитно, името во себе ги содржи двата битни елементи кои ќе треба и во иднина да ја симболизираат оваа партија Order (Ред и Поредок) и Unity (Обединување) во еМакедонија.

Партијава постои веќе подолго време,и постојано правеше до избориве за конгрес минимален напредок,што беше пресудно да речете добро доста беше ајде сега да се зафатиме и да победиме на избори и да станеме едни од главните играчи на политичката сцена ?
Aminta Makedonecot :Партијата беше формирана за забава од страна на постарите членови на МТО и немаше никакви сериозни аспирации во политиката во еМакедонија. Тогаш МТО сакаше да се дистанцира од грдата политичка сцена во еМакедонија. Но како одминуваше времето увидовме дека плукањата и превирањата меѓу политичките партии продолжуваа и не запираа. на сметка на таа неслога помеѓу партиите во Конгресот на Македонија влезе се и сешто, и шуто и рогато а цехот на лошите партии и Конгрес го плаќавме сите во еМакедонија. Нeминовно беше да треснеме по масата и да речеме доста беше. Имаме бројност, имаме квалитет дај да го искористиме тоа и бидна MO-UP! 😉

На овие избори за конгрес имавте на листа многу познати кандидати и играчи кои имаат влијание во играва,кој ги регрутираше и дали беше лесно да се преговара со нив за да се кандидираат за конгресмени,јас неверувам дека сите сами ти пристапиле со оглед на тоа дека имаше кандидати кои беа дел од владата ?
Aminta Makedonecot :Тоа беше и планот и замислата на MO-UP. Да се стремиме да имаме што поквалитетни кадри за Конгрес и конечно од имиџ на јавна куќа Конгресот да си го поврати на угледен Претставнички дом во кој ќе бидат влучени најдобрите од најдобрите во еМакедонија. А за составот на листата на кандидати не беше воопшто тешко. Откако им ја објаснивме целта на партијата не беше тешко и самите тие да ја почувствуваат потребата да помогнат во овој наш проект. Поради краткото време за координација и консултација не успеавме да додадеме уште некое звучно и докажано име во листата на кандидати но секако тука се и следните избори.

Дали си задоволен од изборите за конгрес ?
Aminta Makedonecot :Бројката на Когресмени и не ни е толку битна колку што е битен еден друг момент - фактот што Македонците препознаа квалитет и направија мала револуција во свеста па успеавме да направиме и повеќе од солиден разултат за многу кратко време без никакви материјални стимулативни средства 🙂

Единицата МТО е основата на оваа патија,има членови кои се дел од некоја МТО единица но беа кандидати во други партии,кој е вашиот став во врска со ова,доколку сите членови на МТО се и членови во MO-UP тогаш би била голема и јака партија ?
Aminta Makedonecot :МТО не е основата на MO-UP туку само една од чинителите заедно со DBK и Panzer а од скоро и Девојките од Macedonian Warrior Girls. Во рамките на МТО како и во MO-UP владее либерална атмосфера па така секој е слободен да одлучи во која партија ќе членува или преку која ќе се кандидира. Бројката на членови не ни се приоритет во партијата. Квалитетот во работата и понудата ни е главната грижа, а токму квалитетот полека со време ќе ни донесе и квантитет (број на членови). Тоа беше случај со МТО тоа планираме да го повториме и со MO-UP.

На сите избори има купување на гласови,тоа е нормална работа не видов коментар дека некој кандидат за конгрес од MO-UP купува гласови на што се должи ова ?
Aminta Makedonecot :Свеста, совеста и изборот на листата на кандидати. Сите официјални кандидати на MO-UP се угледни, докажани и играчи со репутација и квалитети кои немаа никакви потреба да ја купуваат доверба. Секако и една од главните цели за формирање на нашата пртија беше и токму борбата против ваквата.

Кој се може да биде претседател на партија,конгресмен и кандидат за претседател на еМакедонија ?
Aminta Makedonecot :Едноставно само човек кој во секој миг ќе ги има во предвид заложбите на партијата и ќе има репутација и углед да ги спроведува на дело.

MO-UP ги доживува најголемите реформи одкако постои а на нејзино чело си ти на престојните претседателски избори имате ли тим кој ќе победи и дали веќе имаш избор од кандидати за тоа место ?
Aminta Makedonecot :Во моментов се работи токму на формирање на поширок тим соработници и заменици кои ќе бидат цврста подкрепа на било кој иден кандидат за CP од нашата партија. Она што сакав а не успеав да го направам кога бев јас CP сега ќе се стремам да го овозможам во рамки на MO-UP за секој иден кандидат на нашата апртија за CP. Претседателот е ништо без солиден тим.

Каде ја гледаш MO-UP во иднина ?
Aminta Makedonecot :Респектабилна и партија за пример во Македонија. ОБединувач на сите прогресивни сили во еМакедонија.

Како поранешен претседател и конгресмен како би ја оценил политичката состојба во еМакедонија ?
Aminta Makedonecot :Дел од сликата исцртав погоре во интервјуто но накратно ќе повторам дека безредието, волунтаризмот и своеволието кое владее во политиката во Македонија подмачкан со лакомоста, самобендисаноста и искомплексираноста ја прават грдата слика на политиката во еМакедонија. А сето тоа ни носеше и сеуште ни носи само саботажи, подвали, купување гласови, меѓусебното плукање, непочит и разединетост. MO-UP ќе стори се да не стане дел од оваа лоша слика туку да се обиде да ја смени. Времето ќе покаже.

Дали Aminta Makedonecot ќе го видиме на некои наредни претседателски избори,дали ќе бараш втора шанса многумина со кои разговарам велат дека ти си бил претседател во најлош период,а си можел да постигнеш многу ?
Aminta Makedonecot :Уште ме држи лутината и разочараноста од тоа горко искуство. Во блиска иднина немам намера да си ставам повторно рака во оган. Сега чекорам полека и етапно па ако останам и подолго на играва и створам база за работа можеби и би можел да се предомислам.

И за крај стандардно прашање поздрави ги читателите и гледачите на Што има Ново и што би им порачал ?
Aminta Makedonecot :Ново е што Плато во стилот на расипан капиталист сака се повеќе да не отруе со бомбончиња и разнесе со надградени базуки. 😃 Познатата Америчка игра на морков и стап. Мојата порака е дека не треба да го губиме фокусот од работата за која сме тука на играва - а тоа е пред се забава и што подобра промоција на нашата земја, култура, јазик, име... Играјте достоинствено и покажете му на светот дека Македонците не се варвари од некоја Балканска пештера туку пример од кој треба и другите народи да учат однесување, манири и култура.
HAUG Македонци!