[MkD] Бисери на мудроста !

Day 1,184, 12:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Filozofot

Почитувни еМакедонци,

Со цел да ја поттикнам вашата самодоверба и креативност,решив со вас да споделам дел од светските бисери на мудроста.

1." Сите сме на дното, но некои од нас гледаат во ѕвездите. "

2." Радоста не е во предметите. Таа е во нас. "

3." Љубовта што ја даваме е единствената што ја имаме. "

4." Само љубовта може да ги спои луѓето, да ги надополни и исполни, бидејќи само таа ги поврзува со најдлабокото нешто во нив. "

5." Не плаши се дека животот ќе ти заврши. Плаши се дека нема никогаш ниту да почне. "

6." Нема воз на кој не би се качил без оглед на тоа каде оди.


7." На патот кон моето срце напишав „забрането минување“, но љубовта влезе смеејќи се и извика: „Јас влегувам секаде“. "


8." Не ме интересира минатото. Ме интересира иднината зошто очекувам таму да го поминам остатокот од животот. "


9." Направи го тоа што можеш, со тоа што го имаш, таму каде што си. "


10." Лесно е во светот да живееш според мислењето на другите, лесно е во самотијата да живееш на свој начин, но голем човек е оној кој сред толпата со совршена леснотија ја зачувал својата индивидуалност. "





11." Ја чувствуваме како што ја чувствуваме топлината на крвта, ја дишеме како што го вдишуваме воздухот, ја носиме во себе како што ги носиме нашите мисли... таа е состојба која не може да се искаже, а се пишува со пет букви..

12." Од соништата се направени скапоцените и трајни работи чија убавина продолжува да живее и не бледнее. "

13." Мислам дека во животот треба секогаш да гледаме напред и никогаш да не се вртиме назад освен со благодарност за среќните мигови што поминале. "

14." Прави онолку добро колку што можеш, со сите средства со кои што можеш, на сите начини на кои што можеш, на сите места на кои што можеш, во секое време кога можеш, на сите луѓе на кои можеш, до кога можеш.

15." Верувам во сонцето и кога тоа не свети, верувам во љубовта и кога не ја чувствувам. "

16." Никогаш не треба да очајуваме, нашата ситуација и порано била безнадежна па се сменила кон подобро. Верувам дека тоа ќе се случи повторно.

17." Една од најдлабоките тајни на животот е дека сé што навистина вреди да се прави е тоа што го правиме за другите.

18." Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно. Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот.

19." За да станеш шампион, бори се уште една рунда. "

20." Конечно сфатив дека единствената причина да се биде жив е да се ужива во тоа.

Се надевам дека уживавте и дека ви се допадна, глас и претплата (за мотивација )😉

Бидете ми поздравени и со памет,

Филозофот