Интервју со MACEDONIAN T REX

Day 1,437, 11:44 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Правам интервјуа со оние за кои највеќе се збори на четови и ги пишува по статии,и најчесто како што знаете интервјуата ги правам со со лидери на воена единица или со политичари,денешното интервју ќе биде со MACEDONIAN T REX играч за кого се зборува и се пишува веќе подолг период,и случајно се најдовме на чет и од тука излезе идеата за интервју.

Многу статии се напишани за тебе и најчесто не те фалат,ти си криминалец си измамил за тенкови,за голд,пишуваш во статија делам оружје па потоа не делиш па потоа се пишуваат статии со докази за твојте измами,кој е твојот одговор на ова,премногу сум итар,овие се многу глупи па дај да ги искористам или..... ?
MACEDONIAN T REX :Па имам едноставен одговор 94% се ГРЦИ кој се украдени,а другите 4% се 2% Бугари,1% срби и 1 % Македонци,а другите 2% се странци.

Криминалните дела кои ги имаш направено за тебе се снаодливост-животот е суров па снајди се во случајов не сакам да купувам голд со реални пари или ова ти е начин на забава ?
MACEDONIAN T REX :Начин на забава ми е играта е премногу досадна и мора да си правам забава.

Незнам зошто но многу ме потсеќаш на Џаро и тој како тебе се снаоѓал кај ќе стигне по цела југославија би сакал да те споредуваат со него во овој еСвет?
MACEDONIAN T REX : Па зошто да не ОК е човекот.Си збирал пари.

Откако ќе направиш измама,како се чуствуваш ?
MACEDONIAN T REX :Да ти кажам искрено многу убаво.Се зависи од човекот на кого е направена измамата.

Какви се најчесто заканите што ги добиваш ?
MACEDONIAN T REX :Па има многу закани,но сепак не можат да ми наштетат,а тие озбилните лесно ги средувам.

Се имаш занимавано со политика,си бил конгресмен од партијата во која членуваш имаш подршка за твое понатамошно политичко делување ?
MACEDONIAN T REX :Секако јас сум од создавањето на МНФ член и секогаш сум активен,но мислам да би се тргнал бранислав од ЗПеМ и да се врати Македонија до Индија ќе биде многу подобро и по организирано.

Што ќе кажеш за политичката состојба во еМакедонија ?
MACEDONIAN T REX :Па политичката состојба моментално е одлична сепак е ДОН ТАС на чело и мислам дека човекот има одлична кординација на сите министерства и на сите конгресмени барем за конгресмените можам да кажам минатиот мандат и јас бев конгресмен.

Што ќе кажеш за воените единици и за тенковите ?
MACEDONIAN T REX :Епа вака како најдобра единица можам да ја издвојам МТО бидеќи стварно се одлични,но исто така се многу добри единици и АрМакедон,Демонс,Волци другите не се баш добри поради тоа што не ја почитуваат власта. Тенковите во еМакедонија се најбитно нешто тие многу ни помагаат и им се заблагодарувам за тоа поготово Scymex,Aexil Kong-кој секогаш има време да издвои за секој граѓанин да му даде совет и да му помогне и секако незаборавливиот RW гуру Mudash

Каде се гледаш во иднина ?
MACEDONIAN T REX :Имам одлично познавање како да се биде претседател на еМакедонија и имам план да се кандидирам овој месец за претседател на еМакедонија и имам одлични планови како да зголемеме поделбата на рефунд на единиците и цивилите. Планирам да направам голема еМакедонија и планот е едноставен,но ќе се бара поголема активност на играчите ама за тоа ќе има и награди секојденевно ќе има дел од МоД тимот кој ќе дели тенкови опрема ќе има отворен чат 24/7.

Зошто MACEDONIAN T REX ?
MACEDONIAN T REX :MACEDONIAN потекнува од желбата да се кажува и спомнува името МАКЕДОНИЈА и да имам поголема придонес да ни го сменат името да бидеме Република Македонија,а не глупостите на админите ФЈРОМ никогаш не сме го имале тоа и нема да го имаме.
А за T REX диносаурус кој е многу крволочен и моќен и сакам да се знае какви сме ние македонците.


Што ќе ни кажеш за тебе ?
MACEDONIAN T REX :Јас сум 23 годишен од Скопје студирам на ФОН и сум поборник за сменување на името во Република Македонија.

Имаш хоби ?
MACEDONIAN T REX :Секако дека имам хоби мое хоби е играње шах одличен сум во тоа,а покрај се и фудбал.

Што слушаш од Музика и какви филмови гледаш ?
MACEDONIAN T REX :Од страна на музика слушам озбилна музика и во слободно време рап или некоја песна од Тоше. Филмови гледам акција најчесто,но и авантури. Понекогаш и серии од што немам ништо да правам па си гледам од нашава најдобра алијанса Турција филмови и серии.

Што ќе им порачаш на еМакедонците и на оние што те откриваат во кражбите и што те критикуваат ?
MACEDONIAN T REX :На еМакедонците им препорачувам да се бориме против админите и да го сменеме името ХАИЛ МАКЕДОНИЈА,а на тие што ме откриваат нека им биде арно нема што да им пожелам.