Прирачник за Новите Играчи I

Day 1,472, 00:51 Published in North Macedonia Serbia by Archibold


Последно преуредено на - 13:33 Фев 6 | Ден 1,905 еРепублик време.


Значи вака, гледам има многу туторијали за новите играчи, туторијали кои објаснуваат делови од играта но ниту еден од нив не објаснува како всушност се игра оваа виртуелно стратешка и социјална игра. Па затоа се нафатив да напишам не туторијал, туку совети како да ја започнат играта еМакедонските бебиња . За да не објаснувате на секое бебе посебно, доколку ви се допаѓа, не заборавајте да се послужите со ова.


Здраво бебенце. (ова ќе го слушаш се додека не дигнеш +22 левел)

Играта е целосна преведена на Македонски јазик, пред да се најавете изберете го Македонското знаменце, за да ви биде полесно.



Како нов играч најпрвото нешто што треба да го знаеш е, да НЕ го употребуваш Златото за лечење на Енергијата всушност да не го користиш воопшто додека не дигнеш +20 левел и стварно одлучиш што ќе правиш со него.

Златото е една од најмоќните работи во играва затоа искористи го паметно. А најпаметно користење на голдот како почетник е:

Е да го надградиш твојот тренинг центар во Q2 па потоа во Q3 за време на попуст

Затоа

Биди трпелив и штеди го секој Златник што ќе го заработиш!


Одиме понатаму.

Труди се барем еднаш дневно да се оклучуваш на играва да ги направиш основните работи:

- Работиш

Зошто ако изработиш 30 денови , ќе бидеш награден со медал Вреден Работник кој ќе ти донесе 5 Златника. (Сите заработени медали ви носат 5 златнкика само Херој на Битка медалот има различни награди.)


- Тренираш

Кога тренираш секој ден исто така си се поблиску да бидеш награден со медалот Супер војник. И стануваш се посилен се разбира, односно накачуваш Сила.


- Поразиш неколку противници (душмани на Македонија)

- Кликни овде за објаснување на бојното поле .
- Кликни овде да дознаете нешто повеќе за Воениот Модул




Кога војуваш за Македонија штетата направена ти се собира и на одредена штета ќе бидеш награден со медал Вистински Патриот.
Со секој поразен противник добиваш искуствени поени кои ти се потребни за да достигнеш повисоко Ниво / level, a на секоe новo ниво добиваш награда од 1 златник и ти се отклучуваат различни активности.


Исто така со поразување на противници ти се накачуваат Ранк поените за да кренеш поголем Чин. Кој те прави посилен, односно да нанесуваш повеќе штета.



Со секој нов Ранк си награден со Енергетска плочка. Кој ти овозможува да излечиш Здравје кога сеуште неможеш да го излечиш со храна. Eдена Енергетска плочка ви лечи 100 здравје !

Енергерските плочки најпаметно ти е да ги користиш само кога навистина ти требат, односно кога си на 0 Енергија a неможеш повеќе да се лечиш со храна, а ти е потребно да направиш уште 1 – 2 удари за да убиеш некој противник за. А можете да ги чувате за понатаму, што би рекле "ќе ви се најдат" за нанесување на поголема штета во една битка.

Кога копчето за лечење на енергија е вакво значи ќе се излечете со Енергетска плочка.
Кога копчето за лечење на енергија е вакво значи ќе се излечите со Храна.

Ако погледнете горе под вашиот аватар, ќе видите колку вкупно енергија можете да надополните, на секои 6 минути ви се насобира да излечете 10 енергија.



Одиме понатаму бебенце слатко, ако го прочиташ целото ова ќе добиеш гратис доење.

Значи нетреба многу филозофирање на почетокот за како да напредуваш, едноставно следи ги мисиите кои ти излегуваат и нека ти бидат како твој водич, решавај ги и знаеш дека си на правиот пат.
Мисии како овие:

Значи некој од мисиите веќе ќе ги имаш решено уште пред да го прочиташ ова.
Најинтересниот дел во играва е запознавањето, дружењето и комуницирањето со другите играчи. Верувал или не, во моментот еРепублик ја играат околу 9924 Македонци низ целиот свет. И затоа доколку имаш нешто нејасно околу мисиите или било што од играва, немој да се двоумиш... дојди на Македонскиот чат канал #eMKD да ни се придружиш.
Кога ќе дојдеш на чат каналот, кажи дека си бебенце и ќе добиеш гратис "доење" Храна и некој Тенк. 😃 Те очекуваме

Добродојде во еСветот, забавувај се и не заборавај ова е само Игра !

Поздрав о/
Овде може да продолжите со вашето напредување - Прирачник за Новите Играчи II