>>ИДЕАЛЕН систем за РЕФУНД [Smekerot]<<

Day 1,457, 18:08 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Иако сум против РЕФУНДОТ и не го поддржувам сепак гледам дека сите политички елити кои досега владееа со Македонија иако го поддржуваа неможеа да најдат правичен начин за негова распределба. Во оваа статија ќе се обидам накратко да го претставам НАЈПРАВИЧНИОТ модел за рефунд со кој секој инфлуенс на војската се насочува во вистинската битка без да се замараат играчите да доагаат на чат. Еве за што се работи.

Пољакот aVie има веб страна шо се вика www.egov4you.info која моментално ги има најдобрите статистики од играва според API и според Pulse Project.


На www.egov4you.info постои алатка која се вика mini tool. Оваа алатка служи да му се овозможи на по еден претставник од секоја земја (најчесто министерот за одбрана) да креира supply за битки. Supply претставува алатка која го мери инфлуенсот што една единица го направила во битката за која е креиран supply па дури има и аналитика во која се гледа и инфлуенсот што секој војник од единицата го има направено во битката за која има креирано supply. Друг важен момент е што supply не зема информации од API туку од Pulse Project. Тоа значи дека информации за направен инфлуенс ќе има на секои 2 минути и плус ќе се рачуна и инфлуенс од базука (кој во API не се рачуна).

Откако се запознавме со новите термини ќе ви дадам еден практичен пример за да го сфатите функционирањето на системот.
Македонскиот министер за одбрана одлучува дека некоја битка за Македонија има приоритет и креира supply за таа битка и дава наредба преку Pulse Project (Battle Order е наредба на ист принцип како за базука и чоколадце но во играта наредбите се поединечно за секоја единица а со Pulse Project министерот за одбрана дава наредби за сите единици) да се пука во таа битка. Бидејки војниците од сите единици ќе имаат инсталирано Pulse Project (тоа е легална скрипта) ќе можат да ја видат таа наредба и ќе пукаат во таа битка. На крајот од битката министерот за одбрана го гледа направениот инфлуенс во конкретната битка и на секоја единица им исплака 0,00028 денари за 1 инфлуенс.
Сумата од 0.00028 денари за 1 инфлуенс е добиена под претпоставка дека Македонија прави 250 милиони дневен инфлуенс а за рефунд дневно се делат 70.000 денари. Па од тука 70.000/250.000.000= 0,00028
Овој коефициент може да биде променлив според тоа колкав е дневниот рефунд и колкав е вкупниот дневен инфлуенс на Македонија. Битно е и тоа што за еден ден можат да се креираат повеќе supply со тоа што можат да се бираат и единиците во кој supply ќе пукаат. Значи да се стават 3 единици да бранат едно востание во посебен supply, 2 единици да бранат друго востание во посебен supply, 5 единици да помагаат на сојузник во посебен supply, а останатите да маваат во битка за Македонија во посебен supply. Погодност е и тоа што секој supply Може да се програмира да трае одредено време. На пример supply за битката за Македонија да трае 16 часа а supply за помош на сојузничката држава да трае 2 часа.

Услови да почне ова да функционира се министерот за одбрана и претседателот да му пишат на пољакот ингаме порака да ја додаде Македонија во Mini Tool а војниците од сите единици кога ќе маваат да им биде инсталиран и уклучен Pulse Project.

Овој модел на НАЈПРАВИЧНА распределба на рефунд ќе овозможи на единиците да ги наградуваат само војниците кои слушаат наредба, додека војниците кои си гонат знаменца ќе си пресметаат што добиваат а што губат со овој метод.

Колку за пример ако досега Тигри правеа 10 милиони инфлуенс дневно (вклучително и инфлуенсот од играчи кои си гонат знаменца низ светот) сега ќе мора тој целиот инфлуенс да е направен според наредба на министерот за одбрана за да ги земат Тигри истите пари како рефунд if you know what I mean ; ) истото важи и за дечките што гонат БХ од Армакедон, МТО, ДБК, Панзер и останатите да не ги набројувам. Ако си гонат БХ нивниот инфлуенс нема да се појави во supply што министерот го креирал за одредена битка и нивната единица ќе добие помал рефунд. Тука нема лажам или лажеш или го фатиле и го сликале како гони некаде медаља а неговата единица лапа рефунд од државата. Веке тоа нема да биде битно бидејки на Македонија и е потребен инфлуенс без разлика дали тој е направен од еден тенк или од 100 послушни војници. А инфлуенсот според наредба на министерот ќе биде награден со 0.00028мкд за 1 инфлуенс.

Само со ваков систем ќе можеме да направиме масовна и послушна армија без да ги замараме дечките да доаѓаат на чат и да слушат наредби.


Слика 1 - Креирани supply во Полска



Слика 2 - Единици додадени во supply и која единица колкав инфлуенце направила


Слика 3 - Војници од определена единица колку инфлуенс направиле во истиот supply



За тие родени од старамајка што сакаат да стават шаут

ИДЕАЛЕН систем за РЕФУНД [Smekerot]
http://tinyurl.com/6ma58dw