Интервју со General Maximus > Македонски Илуминати

Day 1,400, 02:45 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Илуминати и Масони тие владеат со светот,не се знае кој членува во тие организации не се знае кој е лидер на тие организации.За среќа во еМакедонија се знае се денес го имаме лидерот на воената единица МАКЕДОНСКИ ИЛУМИНАТИ кои исто така ја негуваат дискрецијата.

Зошто Илуминати ?
General Maximus :Во времето на на основање на единицата пред нецела година (поточно 10 месеци) се случуваа многу турбулентни процеси на проблеми со наше влегување во тогашниот сојуз Феникс, ние се залагавме уште тогаш за креирање на нов сојуз на база на нова распределба на силите во светот - Нов светски поредок (NWO - целта на масонската ложа Илуминатите) и така дојдовме до заедничка идеја единицата да се вика Македонски Илуминати.

Која беше првичната идеа за единицата и како ја гледаш во иднина ?
General Maximus :Првичната идеја за единицата беше собирање на квалитетниот кадар од тогаш расформираната државна единица Тигри во која што ние неколку основачи бевме почетно членови и вкрупнување на производните капацитети кои што ги поседувавме индивидуално во единицата. Иднината е многу многу нејасна јас како еден од основачите а и другите членови работиме и вложуваме напори единицата да ја издигнеме на уште повисоко ниво со цел да можеме да дадеме што поголем допринос во целокупните воени дејствија на нашата еТатковина.

Кое е мотото на единицата ?
General Maximus :Мото на единицата е: Si vis pacem, para bellum - Ако сакате мир, тогаш подгответе се за војна.

Кои се условите за во Илуминати и зошто треба еЦиливите да се приклучат во вашата единица и каков третман би добиле доколку би членувале ?
General Maximus :Почетни услови за прием во нашата единица се 2500 Сила, посветеност на единицата, почитување на наредби, носење на препознатливиот аватар на единицата, учество на чатот каде што секојдневно се договараме за дневните обврски и организирани напади, учество во заедничките фондови на единицата со 5 злато на влез со што допринесуваат за понатамошно унапредување на фирмите на единицата и допринос за поквалитетен рефунд во иднина за сите членови. Со тоа тие добиваат право но и обврска да го чуваат тешко стекнатото реноме на единицата и буквално добиваат еСемејство каде што ќе ги имаат најубавите моменти од денот поминати во релаксирана и опуштена атмосфера.

Што е нај проблематично во раководењето со единиците ?
General Maximus :Најпроблематично нешто со раководењето на единиците е изнаоѓање на начин за секојдневно подмирување на огромните потреби за суровини и изнаоѓање на идеален баланс на број на вработени во суровинските фирми и производните фирми на единиците поради големата флуктуација и честите промени во продуктивноста зависно од глобалните ресурси на државата се со цел да се произведат повеќе и поквалитетни крајни продукти што влијае и на квалитетот на рефундот по лице на ден.

Од почетокот до сега задоволен си до сега се што постигнавте ?
General Maximus :Епа со оглед на тоа што почнавме во многу лош момент кога што нашата еМакедонија беше под постојани напади од страна на еБугарија и големи притисоци за напад од страна на еГрција без помош од никоја страна и без довоно капацитети, имаме постигнато голем успех и капацитетот на единицата и за производство и за дневен инфлуенс се зголеми вртоглаво многу. Тоа сето не ќе успееше ако немаше единство во единицата и пожртвуваност и посветеност од страна на самите членови кои што учествуваа во секој аспект на креирање и издигнување на единицата за што сум многу горд и благодарен.

Вистинските илуминати функционираат тајно,зошто и вие,зошто не сте како другите единици кој се препокуваат постојано,постојано се оговараат,постојано се натпреваруваат, вие сте премногу анонимни за една воена единица ?
General Maximus :Нашата цел е постоење на маргините на институциите, без големо јавно инволвирање директно во креирањето на политиката но присутни во секоја сфера на истата, нашата цел не е препукување со другите нашата цел е коегзистирање со другите со меѓусебно почитување на различностите. Ние нашата цел секојдневно ја исполнуваме и успеваме да помогнеме со голем удел во дневните воени дејствија без многу помпезност и фама без фалење и без удирање во гради зошто ние сме овде за Македонија а не чекаме Македонија да е тука за нас.

Што мислиш за другите единици ?
General Maximus :Сите единици имаат свои карактеристики, свои индивидуалности по кои се карактеризираат, јас лично се знам со повеќето видни членови на повеќе единици и за сите имам позитивни мислења мислам дека сите на свој начин допринесуваме колку што можеме за да ја направиме Македонија место за подобро еЖивеење.

Пред многу месеци имаше партија Илуминати која замре по освојувањето од бугарија во план си повторно да се формира партијата,или сте политични активни во друга партија ?
General Maximus :И во тој момент многу луѓе ја поистоветуваа партијата Илуминати со Македонските Илуминати, Вистината е што ние немавме никаква политичка врска со таа партија која што ја креираа други лица кои очигледно го виделе името од нас и сакаа на некој начин да придобијат со тоа повеќе членови и гласови на изборите. Таа партија згасна а Македонските Илуминати пред одредено време обединети со неколку други воени единици ја превзеде и ја стави на добри нозе партијата на Македонските Обединети Сили - М.О.С. во која партија сум моментално и член.

Што би превзел,да си на местото на Дон Тас и како ја оценуваш политичката состојба ?
General Maximus :Во овај момент поради РЖ немам време да се инволвирам и да ја пратам политичката ситуација кај нас и затоа искрено не би можел да ги коментирам и критикувам потезите на моменталниот еПретседател Дон Тас. Во наредниот период ќе можам да издвојам повеќе време за тоа би можел да се вратам „во форма“ 🙂

Кажи ни нешто за тебе ?
General Maximus :еСтарост 336 дена 🙂 РЖ 29г од Охрид, име Мартин, дипл. Менаџер од областа на туризмот, во моментов freelancer сум во потрага по ново работно место 🙂

Се соживуваш со играта ?
General Maximus :Па со оглед на тоа што секој ден трошам по неколку часа на играва би требало да сум доста соживеан со играта до пред некоја недела кога работав во интернет кафе и до 10 часа поминував на играта...

Освен Гладијатор имаш друг омилен филм ?
General Maximus :Генерално гледано мој филм е Војна на звездите а мојот nick од памтивека е MasterYoda како што секаде го користам и ден денеска и на мирц на Undernet. Но по својата филозофија Master Yoda пропагира ненасилство и разрешување на конфликите со разговор со меѓусебно почитување на различностите а ова е игра која што првенствено е Воена Стратегија затоа се одлучив за General Maximus кој лик многу го ценам и се пронаоѓам во неговите одлики на праведен, пожртвуван, истраен и посветен на љубовта кон татковината и семејството.

Како би ги мотивирал еМакедонците ?
General Maximus :Драги мои Македонци, не смееме да потклекнеме под налетите на крвниците непријатели, тука сме сите ние да подадеме рака еден на друг да си помогнеме самите себе така ќе добиеме посилни индивидуи кои што сплотени како еден секогаш ќе бидеме камен на сопнување дури и на поголемите сили од нас но истовремено да ги задржиме ладни главите и трезвено да размислуваме. Обединети Победуваме, разединети само ќе губиме. Господ да ја чува Македонија за која што животот го даваме !