Интервју со Cyril of Macedon - МУ натпревар, АрМакедон, ОеМ, Златото

Day 2,026, 06:30 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Поради случувањата изминатата недела, во договор со Cyril of Macedon не го објавив интервјуто па затоа со мало задоцнување денес го објавувам, во една статија сите прашања ќе бидат одговорени за кои се зборува од почетокот на еМакедонија

За полесно читање интервјуто е поделено на два дела за Македонската Армија, а другиот дел е под сликата за ОеМ и златото.

1.Да почнеме од најновото случување зошто ArMakedon не се приклучи во Македонската Армија и конечно да бидеме обединети како што велеа креаторите ?
Cyril of Macedon:За какво "обединување" зборуваат, за онаа од приказните на Војче и Струмче ? Да бидеме искрени, пред да им го помати Плато умот со чоколатцата и голдот, немаше ни "О" од обединување. Тоа е иронијата. Требаше да се преименува единицата во "Обединети за Чоколатца". Повеќето дезертираа од своите единици за некое чоколатце, под изговор за наводно “обединување”. Па нормално дека нема да дозволиме распаѓање на својата единица, во која сме вложиле толку труд и средства, единица со толку членови и историја, за едно вакво вештачко обединување за некој натпревар што им текнало на некои кои до вчера го правеле баш спротивното (ширење раздор и поделби). Тоа не иде така, не сме од вчера на играва, а не сме ни бескичмењаци.
Обединување во правата смисла на зборот по толку омраза и злоба, по толку изнакажани работи, тешко да има. Истите луѓе што го правеле тоа вчера, ќе го прават и утре и нема никаква MU да го промени тоа. Факт е дека сега не сме ништо повеќе "обединети" од порано. Да не се појавеа толку изроди во нашава еМакедонија, вистинско обединување можеше да има од многу порано, како единството што го имавме цело време пред и неколку месеци после додавањето на нашата еЗемја.

Бидејќи сите одговори на интервјуто ми се пишани пред последните случувања, поточно пред да ја напуштат државната армија повеќе поголеми единици (неколку стотина играчи), во овој пасус ќе кажам и нешто околу тоа. Колку е иронично, кога иститие тие што беа толку гласни (а не се малку), после земањето на чоколатцата од државната си ја свиткаа опашката назад во своите единици и толку од бајките за “обединувањето”. Да си погазиш се’ што си зборел и солел памет на други (зборувам за одредени ликови, не за единици), за после само некој ден ти да го правиш истото тоа за кое си напаѓал, обвинувал, прогласувал за предавник, омаловажувал некој друг. Да се закопаш од срам.

2.Дали чуствувавте еден вид на притисок за да се припоите во Македонската Армија, затоа што факт е дека многу единици веќе не постојат и не е приклучување туку е припојување ?
Cyril of Macedon:Прво и основно е тоа што секој си има право на избор. Ако дозволам во една игра некој да ми диктира што да правам, тогаш што останува па за во РЛ. Ниту сме ние поголеми Македонци од нив, ниту се тие од нас, иако некои очајно и безуспешно се обидуваат да докажат поинаку.
Да трпиш секакви навреди и осуди, само затоа што си одлучил да учествуваш самостојно на некој небитен натпревар на единици (не држави) и не размислуваш како стадото овци, тоа е апсурдно. Според нив јас и одмагам и и штетам на еМакедонија само затоа што не сум во иста единица како и нив. Во нивните глави, само тие и мислат добро на Македонија, а ние останатите не. Тоа е и една од причините што толку еМакедонци отидоа по други земји, преминаа во двоклик или се откажаа, им дојде преку глава од ваквите проповедници, им се одмили играва. Како што тргнало, на крај ќе си останат само тие. Одамна понормалниве и попаметниве ја баталија играва, а останаа главно баграва и недораснатите дечиња да паметуваат и секако оние што не се замараат многу, дво-кликерите. Решив да се активирам некоја недела на играва, но гледам дека згрешив и ќе се вратам повторно во двоклик.

3.Ме интересира вашето гледиште за натпреварот и зашто мораше АрМакедон да се придружи во Македонската Армија кога е најомразена од одредени еЛикови ?
Cyril of Macedon: На почетокот на натпреварот кога беше понеизвесно, смешно како некои луѓе што со години не им чинел АрМакедон, кога им беше сега потребна нашата штета, да пишуваат ако не сме се "обединиле" и ако не земале прво место ние ќе сме биле криви хах...
Интерсно како за нив се’ беше дозволено, по сите тие бедни обиди за превземање наши членови со манипулации и притисоци, ништо не им рековме, а еден од АрМакедон напишал шаут дека имало поделби кај нас, одма напади по шаутови како АрМакедон крадел членови на сметка на државната (а уствари беше сосема обратно), такви сме биле онакви сме биле. Замисли, со државни средства ако неможеа да парираат на нашите поделби од лични средства, тогаш немам коментар. На крај се виде и резултатот, колку “многу” членови ќарија од кај нас.
Па како тоа прво место и 500 голд бил толку потребен и значаен, а од друга страна на пример првите 4 тенкаши од државната имат истрошено околу 1500 евра (7500 голд на попустот) грубо пресметано. Голдот од наградата би бил едвај 6.6% од таа сума, смешно. Толку за економската оправданост.
Тогаш можеби било за 1-вото место ? Тоа што речиси сите соседи и повеќе земји од наш ранг направиле поголема вкупна штета од нас и влегле со повеќе единици, нема врска, нашите се мочнаа од радост како биле "бр. 1", а всушност играчите и силата на еМакедонија е пак истата и сме далеку од бр 1.
Се’ на се’, државната - еден голем FAIL. FAIL од обединувачки аспект, FAIL од економски аспект, FAIL и за “1-во место во свет”.

Сега нормално ќе се обидуваат на секаков можен начин да ги задржат членовите и да се создаде уште една државна единица-партија како поранешните лавови, тигри, бејби сквад, привилегирани со средства од државата (од даноци кои сите ние ги плаќаме) без никаква посебна причина. Како ние останатите единици да не играме за Македонија, туку против неа.

Околу заедничките акции на државата, тоа се правеше и досега со сите единици. Не гледам што менува тоа дали сите се во една или повеќе единици. Или можеби ДО-то е проблемот ? Кај нас, а сигурно и кај повеќето поголеми единици, тоа секогаш и редовно се менувало според наредбите на претседателот. Што е сега толку поразлично од порано ?

Како и да е, најдобро тие да си гледат во нивниот двор, а ние во нашиот. Секој си има право на избор и почитувајте го тоа. Наша единица, наши одлуки. Не гледам апсолутно ништо спорно околу тоа, поготово кога имаме една иста цел во играва. Прашањето е што им пречиме толку на некои ликови ?
Ние си ги пробавме силите самостојно и не успеавме да влеземе во топ 50 поради огромното тенкање. Ништо страшно. Немора да трошиме за еден натпревар 20 пати повеќе средства одколку што би добиле. Горд сум и ме радува тоа што само АрМакедон си остана доследен на своето и не подлегна на лажните повици за “обединување” и на сета таа негативна кампања насочена кон него. Тоа само не’ направи поцврсти од било кога. Фала им за тоа.

4.Дали коментарите и пишувањата по статиите најчесто негативни за вас ќе допринесат кон подобрување на состојбата, но од ваша страна не прочитав ниту една статија најверојатно сте навикнати ако нешто нечини најчесто е тоа АрМакедон и ОеМ ?
Cyril of Macedon: Какви ли само не постови и коментари видов за мојата единица, смешни обвинувања, извртувања, секакви навреди, омаловажувања, како да се зборува за најголемиот душман, особено по сиот придонес на АрМакедон за еМакедонија... Зошто ? Од една страна да зборуваш за "обединување", а од друга страна да го правиш сето ова против свои сонародници како кон најголемите непријатели. Толку бедно. Повеќе пати сум се обидувал да најдам одговор или доволна причина за ваквите напади, кои не се ништо ново и ги имало многу пати досега, но навистина неможам да најдам, освен тоа што воопшто постоиме како единица (единствено логично објаснување), а пак уште повеќе силата и бројноста на единицата. Да сум им згрешил нешто навистина, или да сум зборувал нешто за нив, па да ги разберам, ама вака не. Таа завист и љубомора која е присутна уште од самите почетоци на единицата кај многу ситни души, тешко можат да ја задржат за себе и ги тера да ја искористуваат секоја можна прилика и на секаков можен начин да се напаѓа и омаловажува АрМакедон, а се разбира и партијата во која има најмногу нејзини членови, ОеМ. Со последниве случувања, почнувајќи од претседателските избори, па натпреварот на единици, и на крај грешка законот, само се потврди колку е голем комплексот спрема АрМакедон и ОеМ кај поедини личности, токму заради кои го нема и се додека е така нема ни да го има тоа обединување во вистинската смисла на зборот. Нам едноставно не ни е во крв да плукаме и сееме раздор, за разлика од некои, и уште да мислиме како којзнае што да сме направиле, иако понекогаш ги минуваат сите граници. Можеби и затоа има толку исперени мозоци овде, да ти се згади со какви луѓе ја играш играва. Тоа што утрпнавме и главно ги игнорираме секаквите очајни напади и обвинувања на кои и тие самите дали си веруваат, ни одблиску не значи дека се во право, туку дека едноставно не им наседнуваме на провокациите. Ако на својот пат до целта застануваш за да го маваш со камен секое куче што ќе те залае, никогаш нема да стигнеш до неа.

5.Може да се каже дека ова беше најакиот удар кон една единица и партија во еМакедонија покрај не учеството во Македонската Армија се случи и ицидентот во конгресот кажи ни повеќе за тоа ?
Cyril of Macedon: Дојдовме и дотаму заради грешка на некој конгресмен, да се забравнува членови на АрМакедон и ОеМ да земат рефунд (http://prntscr.com/170dxb, а нели досега ‘искршивме нозе’ за рефунд) и преку државен весник да се напаѓа и коментира партија. Бедно. Можеби сегашниот МоД на еМакедонија што скоро цел еЖивот го има поминато и работено за други земји, ги згрешил апчињата тоа утро, но како и да е, ако АрМакедон зависеше од некаков рефунд досега за кај ќе бевме.
Истовремено по шаутови спинерите се натпреваруваа кој ќе измисли поголемо обвинување или навреда за АрМакедон и се разбира ОеМ (нападите беа насочени и кон единицата и кон партијата), како ова со грешка законот било смислено заради тоа со државната за да и наштетиме на еМакедонија и незнам ти што ли уште не... Незнам дали размислиле дека можеби не се сите толку расипани и ситни души како нив и што би имале АрМакедон или ОеМ од тоа, освен негативни реакции насочени кон нив ? Како и да е, кога веќе обвинуваат цели партии и единици (наместо тој што ја направил глупоста), незнам како не им е срам да зборуваат за другите, без прво да си погледнат во својот двор ? Во моментов можам да извадам околу 20-тина линкови од грешка закони, од буквално сите останати големи партии. Но тие не се предавници и се' друго што набројаа за нас, така ? Не се тоа двојни аршини ? - прашање до тетките во академијата, кои секогаш беа најгласни кога стануваше збор за нешто околу АрМакедон или ОеМ (знаат кои се), се разбира во негативна смисла.
Кога еден конгресмен поддржан од ОеМ ќе утне закон, се водат такви жестоки кампањи по шаутови и статии против ОеМ и АрМакедон, а кога 4 големи партии ќе поддржат претседател што го немаше скоро цел месец (далеку посериозно), кај беше вината на партиите што го подржаа, се пиша воопшто нешто за нив ? Што ако беше тој претседател од ОеМ, колку ли статии ќе пишеа ? За жал така функционират повеќето партии уште од почетокот, само со обвинувања и спинови на сметка на другите, немајќи што друго да понудат.

Околу изборот на конгресмени (зошто сме ставиле таков конгресмен), токму заради ваквите појави, во ОеМ повеќе месеци наназад уште пред избори се зема средства од конгресмените како гаранција дека нема да прават глупости, кои одма после мандатот им се враќат. Но во случај да направат глупост со некој закон, тој голд не им се враќа и се задржува за редовните поделби во партијата. Од кога го воведовме овој систем (пред 5 месеци), немаше пуштено ниту еден грешка закон од конгресмени од ОеМ, што значи се покажа како доста успешен. Конгресменот што ја направи глупоста не беше воопшто планиран за конгресмен (немаше ни неполн месец на играва) и немавме земено никакви средства од него како гаранција. Како тогаш влезе ? Па на денот пред конгресните избори имавме изгубено два оригинални региони од грција и сите кандидати што се беа кандидирале за конгрес, а тогаш биле во тие региони, отпаднаа од листата на кандидати. Така ликот на среќа се дочепа до 12-то место на листата и претседателот на партијата неможеше да стори веќе ништо. Освоивме токму 12 места, тој влезе во конгрес и потоа го стори тоа што го стори, заради кое трпевме сите. Тоа не е оправдување, но во секој случај е добро да се знае. Грешката се случила, уште една научена лекција, но никој не е должен да ги трпи сите тие навреди и омаловажувања кон цели единици и партии, само заради глупоста на некое детиште што можело инцидентно (поради причината погоре) да влезе во конгрес од било која друга партија. Важно им се наполнија злобните искомплексирани души на хејтерите што пак си најдоа причина за да плукат по АрМакедон и ОеМ.
Во секој случај, колку што е во моќ на партијата ќе продолжат да се превземат мерки за да не се повтараат вакви работи во иднина. А ако владата сака добра координација со конгресмените барем нека ги додава сите во координирачки групни пораки (би ги собрало во две), а не како последниве мандати пола конгресмени од ОеМ да не бидат воопшто додадени во таква порака.

6.Скоро сите поголеми единици се индетификуваат со партии како вашата со ОеМ, кажа дел за тоа како функционира за конгресот ме интересира дали имате некој план во врска со партијата и подолг период не се појавиле кандидати за претседатели кои се сериозни како lazarosaMKD, ти, Kpakep4e и др. кои би ја вратиле еМакедонија на старите патеки ?
Cyril of Macedon: Секој месец партијата активно трага по сериозен и колку толку искусен кандидат за претседател на земја, но за жал изборот односно заинтересираноста е многу мала, како од нашата, така и од останатите партии. А го немаме и луксузот да пуштаме несериозни кандидати (на зафрканција), како што прават повеќето други партии само колку да имат кандидат, знаејќи дека нема да победат. Кандидатот за претседател на земја од нашата партија пред се’ треба да биде спремен да вложи доста време и труд, да биде активен и посветен на функцијата. Такви сериозни и добро подготвени кандидати од нашата партија во последно време имавме двајца, за месец февруари и месец мај, но за жал изгубија, првиот пат од противкандидат со поддршка од повеќе партии, а вториот пат доста нечесно.

7.Кога сме кај политиката на предходните избори за претседател изгуби ОеМ со мала разлика, ваш коментар за изборите и кое е вашето мислење за досегашното раководење на државата ?
Cyril of Macedon: Не сум доволно во тек со случувањата, но по она што го гледам, зачестените порази и губење региони, целата исфорсирана работа околу "обединувањето" за која зборував погоре, а посебно средствата со кои се служеа за да победат на претседателските избори, оценката би била сигурно негативна. Околу изборите:
- правење мултиња, забележани на дневниот раст на популација и ‘ментор’ програмата вечерта кога и се направи пресвртот на изборите (после целодневно водство од најмалку 50 гласа); - делење тенкови за глас од одредени играчи; - па дури и воскреснување на некои од ‘големите’ патриоти специјално за изборите (кои се “откажаа” веќе безброј пати од играва) да агитираат за кандидат без објавен тим и кандидатура (освен воздушен напад на полска, кој не го оствари), кои пак за време на поранешните нивни мандати или на луѓе блиски до нив, морализираа и се вадеше очи за секоја несериозност, сега одеднаш “тоа е многу кул и ќе ја врати забавата во играта ” (сосема обратно); - па лажни ветувања од познати наши тенкаши дека ако гласат за нивниот кандидат ќе испукаат штети во милијарди (вкупно 15 милијарди) за еМакедонија во неговиот мандат; - и за крај ситењето на нашиот пораз како којзнае што да направиле, наместо да се засрамат како дошле до победата.
Жално како на некои им е битна еМакедонија само кога нивната екипа е на власт, а другиот дел од времето е ИН да си мангуп.

8. Постојано ве оцрнуваат за времето кога Drashhh_III_Makedonski беше претседател за снемувањето на голдот од државната каса, и дали може да се сопредат со 500 gold на dimzaaa за кои ништо не се знае ниту дали ги добил или не ?
Cyril of Macedon:Незнам кај завршиле или ќе завршат 500-те голд, само се надевам дека нема да биде тоа во нечиј џеб од екипата таму.
За другиот дел од прашањето, како што постарите играчи веќе знаат, најголемиот дел од тогашниот голд беше искористен за тенкање главно од странски тенкаши. Она што му беше грешка на Драш (а и на повеќе други претседатели) е тоа што не направи извештај за потрошените средства, а после војната можеме сите да се правиме генерали дали било паметно или не трошењето на толку голд. Сите еМакедонци што бевме тогаш на играта, толку очајно ја сакавме таа победа над Бугарија, во првата војна што еМакедонија некогаш ја имала, што не се жалеше никаков голд.
Тоа што Пацерите (и некои други) водени од таа омраза и љубомора спрема АрМакедон како водечка единица во еМакедонија, успееја да исперат толку мозоци и да ја популаризират приказната за како Драш го украл голдот и го дал на АрМакедон, држејќи се до стратегијата што сум ја спомнувал повеќе пати “Измисли голема но едноставна лага, повторувај ја упорно, па кога тогаш ќе ти поверуваат” (Адолф Хитлер), морам да признаам дека се покажа како доста успешно. Тоа беше само старт на негативната кампања против АрМакедон, за која сме сите сведоци дека трае и до ден денес, некогаш со помал, а некогаш со поголем интензитет. Доста од актерите се променија, но не и АрМакедон кој сеуште стои цврсто на своите нозе. Мој предлог, да си формират фан клуб за Хејтери на АрМакедон.

9.Бидејќи е обемно интервјуто мораше да ги изоставам оние стандардните прашања за тебе, а сигурен сум дека би ги интересирало читателите но за жал ќе мора да се остават за некое наредно интервју, која е твојата порака за крај ?
Cyril of Macedon: Во ред тогаш 🙂 Нема ништо повеќе што би сакал на оваа игра од вистинско обединување (не ова сега) на еМакедонците и секако бришење на навредливата референца од нашето име. За ова првото е веќе предоцна, а за второво и не зависи баш од нас. Кога ние одвнатре се јадеме така, тогаш што да очекуваме од некои си про-грчки настроени администратори на играта (за последната нивна провокација). Мојата порака за крај е: Не се срамам од еМакедонија, туку се срамам со какви луѓе еЖивеам.


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.