Интервју со AlexSkopje - Reservoir Dogs

Day 1,527, 02:19 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

*Задолжително со читањето

Гангстери и Војници - Reservoir Dogs

Стандардно ќе започнеме со политички прашања,веќе неколку пати си избран за конгресмен имаш некое политичко искуство,според тебе што е проблемот што не функционира државава ?
AlexSkopje : Мое мислење е дека најмалку се снаоѓаме во дипломатијата. Битките со оружје ги добиваме за разлика од оние вербалните.(под ова никако не мислам на тролање)

Лидер си на една од неколкуте оригинални
единици во еМакедонија од каде идеата ?

AlexSkopje : Да бидам искрен, јас кога се вклучив во играта единицата RD веќе постоеше а е формирана од екипа играчи од друга игра. Некои од нив во меѓувреме за жал се откажаа од активно играње а дел од нив сеуште се активни Mr Purple,Mr Pink,Mr White...
Одкога сум назначен за командир на единицата се обидувам да го сменам начинот на функционирање со многу РЖ дружби.


Каде ја гледаш единицата во иднина ?
AlexSkopje : Нашата единица сега,а и во иднина ќе биде секогаш меѓу оние кои даваат значителен придонес за еМакедонското општество, како политички така и воено. Убеден сум дека одредени членови ќе бидат многу активно вклучени во врвната политика, а дали некој за брзо време ќе биде Бог на војната ,останува само да чекаме и да видиме.

Горд си на тоа што го постигнавте ?
AlexSkopje : Исклучително горд на моите соиграчи од единицата. Нашата единица која беше мала и релативно незабележителна, денеска е присутна во секоја битка( со нашиот препознатлив аватар). посебно сум горд на фактот дека кај нас нема слаби и јаки играчи, нема мали и големи и секој помага на другиот. Затоа и внимателно ги избираме нашите членови. Секој е добредојден, но секој не може да остане доколку не ги почитува кодексите на единицата.

Дали сте политички орентирани ?
AlexSkopje : Да. Јас во моментов сум и преседател на партијата MRDLjS, поголемиот дел од нашите членови се дел од оваа партија. Во овој конгрес имаме двајца членови.
Очекувам и во наредниот конгрес да имаме претставник од единицата.


Што е нај проблематично во раководењето со единиците ?
AlexSkopje : Поголем број од членовите работат кај мене во Q6 тенкарата и затоа морам да ги ротирам сите, тоа одзема повеќе време и би го издвоил како најпроблематично. Кај нас рефундот никогаш не бил проблем ниту пак пукањето по наредби. За среќа имаме одлична комуникација и соработка.

Зошто името Reservoir Dogs ?
AlexSkopje : Како што напоменав и во еден од претходните одговори името доаѓа од истоимениот филм на Тарантино.

Кои се условите за во Reservoir Dogs и зошто треба еЦиливите да се приклучат во вашата единица и каков третман би добиле доколку би членувале ?
AlexSkopje : Условите за членство во RD се едноствани. Независно од силата или од воениот ранк, секој може да е член доколку досега не бил одговорен за кражба, или пак не бил креатор на разделби помеѓу еМакедонците со навреди и тролање. Нашата единица досега не била вклучена во никакви караници или пак надмудрување кој е поголем патриот.Така и ќе продолжиме. Секој играч кој ги исполнува овие едностани услови може да ни се приклучи.

Имате девојки и дали се привилигирани ?
AlexSkopje : Во единицата имаме повеќе девојки и секако дека се привилегирани. Секоја од нив ја чуваме како капка роса 😉

Кажи ни нешто за тебе ?
AlexSkopje : Дел од еМакедонската заедница веќе ме познава затоа што сум често присутен на собиранките. Се викам Александар, 32 години, дипломиран стоматолог.Посдипломец на Менаџмент во здравство и Фармакоеконимија, но за "несреќа" се зафатив со играва и не сум седнал да ја пишувам магистериумот. На одбрана ќе ги викнам членовите на RD и ќе ги опремам со Q6, ако професорите се занесуваат да можат да удрат јако 🙂

Што те мотивира да ја играш играва ?
AlexSkopje : Сите знаеме дека сме зависници од играва,мене лично сите нејзини модули ми се предизвик. Релативно сум нов во играта(eRepublik birthday Jun 24, 2011), барајќи предизвик до сега бев двапати конгресмен, амбасадор во Грција, во моментов преседател на партијата MRDLjS, исто така сум Commander на едницата. Следниот предизвик - МоФа на еМакедонија

Филм и музика ?
AlexSkopje : Филм - Тres colores blue, Director: Krzysztof Kieslowski
Музика буквално од секој жанр, од класика до турбошунд, клупска музика, староградска.... За секоја прилика има и музика 🙂

Што ќе им порачаш на еМакедонците ?
AlexSkopje : Да направат обид играва да ја искористат за преубави РЖ пријателства.



Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со AlexSkopje
http://www.erepublik.com/en/article/-alexskopje-reservoir-dogs-1953683/1/20
Reservoir Dogs
http://www.erepublik.com/en/article/-alexskopje-reservoir-dogs-1953683/1/20
Интервју со Гангстерите
http://www.erepublik.com/en/article/-alexskopje-reservoir-dogs-1953683/1/20