Број - 7 Држава или Дедо Мраз?

Day 1,218, 09:43 Published in Serbia North Macedonia by mymedmind
22ри март 2011 17:19. Сите воодушевени од новиот потег на власта се натпреваруваат кој прв ќе остави линк од својот профил и ќе добие 10ден. И не е така лошо, од никаде 10ден на сметка. Супер. Осврт на воените збиднувања и гледаш дека сме како Хитлер до 1943. Газиме бетер од ваљак. Заклучок, подобро не било! Е изгледа било!

Незнам кој како ќе разбере ама солидно е матно во еМакедонија, но нели тогаш се лови. Како што и самото министерство за одбрана одаде признание на цивилите така и јас. Само, нели се малку тие 10ден за толку голема благодарност и нели се џабе фрлени пари, а можеби и добро покритие. Неколку дена се борам, трошам по 300 енергија и не верувам дека 10ден ќе ми вратат барем 10% од трошокот. Гледам дека такви како мене со 1200+ сила има многу што е добро, но исто така многу од нив се цивили. Искрено незнам до кога треба да почекам за конечно да станам војник. Дајте барем поставете ни цел 1500, 2000...кажете колку сила треба да имаме за да сме дел од АРМ. Не ни давајте вакви срамни награди, секако се боревме за еМакедонија и за себе, дајте ни тоа што ни следува.Овие пари можевте да ги употребите за формирање на нова единица, за која ако треба и ќе донираме. Ама вас ви текнува на донации само кога за вас се донира. Толку за војската војните и донациите.

Сега на кратко за тоа што смрди.
Ако има таков што не приметил дека тонеме јас ќе му дадам 10ден. Луѓе тонеме и тоа брзо. Сите сме човек фирма, платите се ужас, маркетот бетер. Секој произведува за себе. Се враќаме назад, уште малку и маркет нема да ни треба. Дали покрај воените подвизи немате време да погледнете на оваа проблематика, се лажете себе или толку ви е капацитетот, незнам ама вака небива. Моментално сум во еСрбија. Имаат поефтини цени а многу поголеми плати.

Колку и некому да му одговара хаосот запаметете, сами сте ништо!

РАЗМИСЛЕТЕ КАДЕ ОДИМЕ!