ВАЖНО!!! Ослободување на Македонија и нови мисии!

Day 2,099, 15:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Драги мои еМакедонки и еМакедонци




Како и претходниот пат ќе бидам кратка и јасна..

Како што знаете еМакедонија се соочува со тешка криза од која што можеби го имаме излезот.
Велам МОЖЕБИ затоа што се зависи од нас мили мои македонци. Баш така, од мене и од тебе...Од НАС!
Во најава е нова мисија на Плато, која како и секогаш е економски неисплатлива за послабите играчи. Ништо ново а? До сега барем за мене како послаба не се исплатело затоа што секогаш повеќе сум трошела отколку што сум добивала, но секогаш се добредојдени малите и големите бомби..Но не по цена да си ги потрошиме сите чоколатца во за нас небитни војни!



Значи...
Апелираме до сите вас, да се стрпите до почетокот на востанието па тек тогаш да му покажеме на Плато што се можеме. Тогаш барем со некоја цел потрошете си ја зимницата, така ем ќе ја исполните мисијата ем ќе помогнете во ослободувањето.




Исто така апелираме да донирате колку што можете во Македонската Армија, со цел да се плати одредена сума за штетата направена во востанието.

Јас би ги повикала сите македонци да се борат со срце за Македонија а не за пари. Заборавете еден ден дека можете да бидете платени за штетата и оставете странците нека помогнат за пари. Секако, не можеме со сила да ве натераме, но препорачливо е.
Најавена е помош и од страна, веруваме дека ова организирано востание ќе биде успешно.




Бидете спремни и слушајте наредби. Нема да поминеме добро доколку поединци одат со глава во ѕид!!! Да се обединиме и да си помогнеме еден на друг, да и помогнеме на нашата Македонија.


Ваша

AngryGrandma