НА КОГО МУ СМЕТА ТМОРО?!

Day 1,955, 15:04 Published in North Macedonia Indonesia by CMPT HA HEBEPHA MOMA

ВАРДАР-ЕГЕЈ-ПИРИН = ЕДНА ЗЕМЈА, ЕДЕН НАРОД, ЕДНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!!!

✰★✰СИТЕ СТАВОВИ, МИСЛЕЊА И ПРЕДЛОЗИ СЕ ЛИЧНО МОИ И НЕ СЕ СТАВОВИ, МИСЛЕЊА И ПРЕДЛОЗИ НА BABY's SQUAD ИЛИ НА ТМОРО★✰★

Последниве избори за конгрес во еМакедонија разгореа многу страсти, поттикнаа скриени фрустрации кај некои поединци, предизвикаа паника во некои редови... а сето тоа како резултат на изборниот успех на ТМОРО (356гласа 25,18% од гласовите и 10 конгренсменски места), а сето ова се случи во нашата мила мала и напатена Македонија- не е многу далеку и од реална политика.

Јас сум „БАШ“ бебе во оваа еМакедонија и член на единицата BABY SQUAD. Откако сум во BABY SQUAD сум имал многу „сиромашни“ моменти гладен и без оружје, че напишев на ѕидот од BABY SQUAD „плачење“ за помош кој колку може да ми помогне. Дали можете да погодите од кого БУКВАЛНО секогаш добивав помош? Токму од овај ГОЛЕМ човек El Che G. Во моето интервју со него му поставив и прашање за BABY SQUAD, еве го прашањето: Вие сте виновникот за новиот БЕЈБИ БУМ во еМакедонија, основач на единицата BABY SQUAD, основач и преседател на здружението ТМОРО. Што Ве натера да ги преземете овие чекори? и одговорот: Не,Јас не сум виновен за ниеден бејби бум (тоа е дело на таткото на е-Македонија:Сарметина). Бејби Сквад беше идеја на Конгресот(поточно на Шмекерот), само најголемиот товар го презедов Јас(и нормално тимот кој со мене е од самиот почеток и без чија помош немаше да се реализира тој проект). А,за ТМОРО виновни се самите е-бебиња и е-јуниори кој го дадоа почетниот импулс. (целосното интервју прочитај го тука)Значи BABY SQUAD била основана од конгресот (државата) како помош за новите играчи на еРепублика од еМакедонија. Ако е така треба државата да ги помага бебињата, меѓутоа во овие скоро 90 дена откако играм НЕМАЛО НИТУ ЕДНА ПОДЕЛБА ОД ДРЖАВАТА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА BABY SQUAD (за пред тоа нека кажат постарите бебиња). Како што кажа El Che G сиот товар паднал врз него и тимот околу наго.

Бев присутен и бев „ЗА“ идејата да се основа здружението ТМОРО за и бебињата да имаат шанса да освојат конгренсменски медал. И така ТМОРО за 20на дена се вивна во топ5 т.е. на второ место со 459 членови. Оваа идеја ја прифатија и други граѓани на еМакедонија кои воопшто не се членови на BABY SQUAD. Од ТМОРО за овие 20на дена секој ден има поделби за сите и за членовите и за оние кои не се членови на ТМОРО, така да јас лично имам повеќе добиено од ТМОРО отколку од „државната“ BABY SQUAD (верувам и другите).

Деновиве прочитав статија во која се критикува BABY SQUAD и El Che G лично од Шмекерот. Зошто баш сега ги „ЗАБОЛЕ“ сите за BABY SQUAD и ТМОРО? Каде беа кога требаше да се дели помош за бебињата? На крајот на краиштата нека дојде тој лично и тие што мислат како него, нека ја преземат BABY SQUAD па да видиме шо че биде. Ама така од свој џеб од својата економија треба да делат за бебињата.

А зошто El Che G и неговите најблиски соработници не размислат за напуштање на BABY SQUAD (да му ја препуштат на Шмекерот) и да основаат нова воена единица, па кој сака нека се придружи а кој не сака немора.

Никој ама баш никој не го истовети BABY SQUAD со ТМОРО и ниту ТМОРО со BABY SQUAD. На никој член од BABY SQUAD не му се стави „НОЖ ПОД ГРЛО“ или со сила се принуди да дојде во ТМОРО. Сите се доволно „големи“ да одлучат каде че членуваат, шо че прават со свој акаунт (својот живот).

ТМОРО НЕ Е НЕПРИЈАТЕЛ НА еМАКЕДОНИЈА. ТМОРО Е ИДЕЈА. ТМОРО Е НОВАТА РЕАЛНОСТ ВО еМАКЕДОНИЈА. ТМОРО ЧЕ ГИ ДАВА СЛЕДНИТЕ ПРЕСЕДАТЕЛИ НА еМАКЕДОНИЈА. ТМОРО Е ИДНИНАТА.

НА КОГО МУ СМЕТА ОВА? НА КОГО МУ СМЕТА ТМОРО?
Нешто од реалната политика: Шо беше ЉУБЧО Ѓ. некогаш а шо и каде е сега? Времината се менуваат и треба да се размисли за ова....

Поздрав и се најубо да ви биди.
P.S. Како шо би рекол големиот El Che G: МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА!!!
VOTE+SUB ОБАВЕЗНО 🙂
АКО ВИ СЕ ДОПАДНА СТАТИЈАВА И ИЗВИК И СПОДЕЛУВАЊЕ
НА КОГО МУ СМЕТА ТМОРО?! erepublik.com/en/article/-1-2236379/1/20