Интервју со Струмјанин за крај

Day 1,567, 10:45 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Со него се започна, играчот кој во истиот момент одкако му го поставив прашањето ми одговори да сакам да правиме интервју, пред повеќе од една година за неговиот прв мандат за претседател излезе и првото интервку на Што Има Ново, благодарение на него ја добив и идеата за интервју магазин и направивме три успешни интервјуа вкључително и ова.


Одкако заврши твојата функција Претседател на еМакедонија помина долг период што највеќе се измени според тебе во еМакедонија ?
Strumjanin :Се изменија самите играчи, се искурназија. Прво, ептен многу луѓе мислат дека се експерти за се' (од ракомет па до фудбал, античка историја, пубертет на нематозоиди...) и второ, долго време бевме силна еДржава, па луѓе си помислија дека тоа од небото паѓа и се јаде. Се измени атмосферата во еМакедонија и тоа многу чини. Не знам дали има враќање назад ... освен да се направи еден еГеноцид и да се разретчи малку баграта.


Поминаа многу претседатели, дали некои од тебе побараа некој совет или помош , кое прашање е најчесто поставувано ?
Strumjanin :Сите кои побараа совет - се трудев да им помогнам колку можам. Најчесто ме прашувале кои луѓе од странците какви се, од тие што ги познавам. Сојузите функционираат пред се на база на лични пријателства, а не на МППа.

Скоро сите играчи те гледаат како најдобар претседател, па доколку денес си претседател на еМакедонија што прво ќе направиш ?
Strumjanin :1.Бејбибум 2.Создавање Армија 3.Силен раководен тим (Влада). Мислам дека овие работи не треба да се објаснуваат подлабоко, секој кој ја разбира играва знае зошто ги одвојувам како најбитни.

Според тебе кој е највеќе виновен (играчи,партии,поединци)
за ситуацијата во која се наоѓа е Македонија ?

Strumjanin :... оффф, тука списокот е голем, ме мрзи да ги набројувам сите по ред. Има една група деструктивци, луѓе кои си бараат прибежиште во играва и лек за фрустрациите од реалниот свет. Тие направија огромна штета, ненадоместлива. Како вели народот : Еден будала да фрли камен во бунар, десет паметни не можат да го извадат. Ми падна жал што толку сум се трудел, за некој после да си тера мајтап со постигнатото...нејсе. Оттогаш не ја сваќам за озбилно играва. Ај тие што се деца - мали се па и да им простиме. Ама тука има деца и од три-четириесет години. И последно, си разотидоа паметните и умерените луѓе, а останаа многу квази-националисти. Тие дополнително ја згорчуваат атмосферата.

Дали ќе се кандидираш повторно за претседател ?

Strumjanin :Не.

Што не успеа да направиш за еМакедонија, кој план не ти се оствари ?
Strumjanin :Една голема обединета армија. Имав желба да се организираме во три дивизии Ч Вардарска, Егејска и Пиринска. Обележја да бидат народни фолклорни елементи од секој крај. Една единица, пример, да се вика ЛЕРИНСКА и дечиштава да научат нешто за цела Македонија. Сега сите се патриоти, а да ги прашаш : „По што е познат Воден ?" - никој од великиве патриоти нема збор да знае да изусти.
Па едни убави аватари, дух да има, смисла да има - да се гордееме со еМакедонија... ама ете - тоа не ми се оствари.


Дали ова е почеток на крајот на еМакедонија или надеш сепак постои ?

Strumjanin :Треба да научиме што е државотворност. До тогаш, ни реална, ни виртуелна држава нема саглам да направиме.

На што највеќе ќе се сеќаваш од еМакедонија што ти оставило најголем впечаток доколку од утре не постои еРепаблик?
Strumjanin :Колку сум се смеел на статии, до солзи. Тоа ми било највпечатливото кое ќе ми остане.

Одкако те поканив да дојдеш ка Хоштаплерите изминаа повеќе од два месеци, зошто си сеуште кај нас ?
Strumjanin :Најдов изрелаксирана група луѓе и тоа го ценам. АнтиталенаТ и Трупер се интелигентни момци и знаат да направат атмосфера. И ти си тука. И незаборавните Милутин и Џизс. Кај да е и Гокси ќе го примиме. Мислам дека и Димзаа добро ќе ни дојде, неколкумина Хоштаплери му го имаат меракот. И Мудаш сакаше да дојде, ама Аексил не го пушти ... затоа и му ги отежнавме изборите со кандидатурата на Милутин (ќе биде фотофиниш за овие избори!)

А да ќе заборавев да те прашам, нај битното прашање дали ти си вистинскиот Струмјанин ?
Strumjanin :Ова е виртуелна игра. Јас го играм Струмјанин како виртуелен лик. Струмјанин прво почна како еНовинар, па како еВодач... потоа се опробав и како еТрол. Игра е, а јас си дозволувам да го играм ликот со целосна слобода. Сега планирам да бидам еЈуродив. (ајде деца гугл малце) Планирам да почнам да го критикувам еОпштеството до срж. кој се соживува со играва - нема да му се допаднам. Проблем ? :}

Порака за крај ?
Strumjanin :Крајот се ближи...


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Струмјанин
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1981438/1/20

Последеното интервју на Што Има Ново
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1981438/1/20