Интервју со Претседателот

Day 1,495, 10:48 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Прашањата од ова интервју ќе бидат само за претседателската функција,како и за политиката и стратегиите на еМакедонија,доколку сакате да дознаете повеќе лични работи за претседателот прочитајте го првото интервју со Dushko Avramovski

Прво прашање кое морам да ти го пставам е дали доби идеа да се кандидираш за претседател одкако направивме интервју ?
Dushko Avramovski :Се започна кога воената единица во која ја сум член победи на партиските избори и Бојан Ака Тмац дојде како лидер на најголемата партија ОеМ. Потоа како кандидат за претседател од ОеМ ме одбраа мене. Ќе бидам искрен ке кажам дека многу бев против бидејќи е голема одговорност и само поради немањето доволно време неќев. Потоа следуваше тоа интервју во кое нели отпрво негирав и потенцирав дека би се кандидирал доколку проблемите се решат. И истите успеав да ги решам. Значи планови имаше, а идеа како тоа да се спроведе, непосредно пред самите избори...

Што те натера да се кандидираш за претседател,политичката ситуација во еМакедонија,меѓу односите кои беа нарушени,зошто се кандидирашпе ?
Dushko Avramovski :Што ме натера да се кандидирам. Можеби одличната прилика која ми се појави од нигде никаде, но тоа не беше доволно, дефинитивно не би се кандидирал доколку немав намера нешто да променам, нешто кое што неможев да го гледам повеќе, нашата поделба. Тоа е полошо од 1 година еРопство под еГрција, за мене. Па на свој начин од сето ја напишав и мојата кандидатура.

По кој кмритериуми го состави тимот и ти помагаше ли некој
при изборот на министри ?

Dushko Avramovski :По кои критериуми? Дефинитивно сакав да создадам тим кој ке ја гледа пред се Македонија не својата единица. Колку ми беше дозволено и овозможено пробав да создадам разновиден тим од што повеќе единици, но многу од тие потенцијални кандидати кои пред се имаат долго искуство отпаднаа поради тоа што немаа доволно време да се посветат. И секако довербата...луѓе кои ги познавам лично, подолго време!

Зошто се кандидираше од партијата ОеМ ?
Dushko Avramovski :Можеби затоа што ОеМ е досега првата партија и првпат воопшто некој да побара од мене да бидам нивни кандадат. :Р

Не знам точно колку беше часот кога се икључив ти губеше со прилично голема разлика,кога се прикључив повторно некаде околу дваесет часот ти водеше со преку сто гласа,што е потребно за ваков пресврт ?
Dushko Avramovski :Ах па не знам, искрено јас не направив ништо посебно. Во тоа време на пресврт јас не бев пред компјутер, добри 2 саати бев известуван преку мобилен. Но дефинитивно подршката која ја добив од попознатите играчи и таа реклама влијаеше многу за конечниот резултат. Без сите нив, тешко дека јас би бил на ова место.

За време на изборите покажа голема смиреност и не падна на проваокациите ?
Dushko Avramovski :Па видете, во време на пресвртот јас бев искочен, како што кажав погоре. Тогаш се враќав од работа и возев накај дома низ најголемата гужва во Скопје, при што би ми требале 30 до 40 минути. За сето тоа време јас бев известуван преку мобилен преку кој дознав дека водам и дознав дека настанало препукување на големо помеѓу мене и моите подржувачи против оние на МДИ и самиот тој. Како јас сум купувал гласови, како сум дал 10 златника некому за глас и што ти не. Се разочарав бидејќи некам да газам по некого за да дојдам до победа, и факт е дека не газев. Јас бев во кола и само можев да се нервирам за се што се случувало, како и за огромната гужва. Јас бев смирен се до тој момент, при што потоа повторно пробав да останам присебен и на мирен начин да решам се.

Нај многу негодувања има околу плаќањето на државјанства,па дури и кај нашите сојузници можеа да се прочитаат статии во врска со ова,има ли ефект плаќањето на државјанство ?
Dushko Avramovski :Тоа е проблем за кој секој има различно мислење и што и да кажам може да биде сватено погрешно. Дека тие пари кои би се добиле од државјанствата, да мислам би имале удел колку толку за рефундот, тоа е мое мислење, доколку навистина одеа во државата, можеби грешам но досега немам видено ништо и никаква информација од тие пари колку се, додека знам кај кого се, односно кај Шмекерот. А што понатака, ке средам јас.

Конечно профункционираа сите министерства,
како ги натера да работат министрите ?

Dushko Avramovski :Никако не ѓи терав. Беше само кажано а сите достојно си ја извршуваат својата работа, бидејќи овој тим дојде за да успее. Ние се трудиме колку е можно повеќе, секогаш може подобро и од таа причина се случува да прочитам неколку критики, но ок можам да живеам со тоа, сепак тие се причина да се подобриме.

До каде сме со освојување на територии ?
Dushko Avramovski :Мојата цел беше јасна, исток! И така ќе остане без оглед на се. Изминативе имавме бурни денови и јасно беше пренесено на турските преговарачи, откако нивниот претседател дрско се исклучи од разговорот без да почека што ние имаме да кажеме, дека Македонија нема да се помрдне ни 1 сантим од моменталните региони, ако некој ги сака ке мора да се бори за нив, и не правам никакви отстапки. Тоа е за териториите моментално а за тоа што следува, бурно ја набљудуваме целата ситуација. А веќе се спрема напад на Кипар.

Кој се моментално приоритетите на еМакедонија ?
Dushko Avramovski :Приоритети на еМакедонија? Непопустливо бранење на моменталните региони, окупирање на Кипар повторно и доколку се укаже нова шанса повторно кон исток, цел од која неотстапувам, тоа го ветив, тоа сакам и да го исполнам. План Б, некоја земја окупирана, која, ќе видиме.

Што со Турција ова би дошло како старата изрека -
Нема вечни пријатели,нема вечни непријатели ?

Dushko Avramovski :Со турција? Интересно прашање! Турција како Турција е држава која многу ја почитувам во реалниот свет каде имам и големи другари! Во играва беше исто се додека не видов колку се себични. Можеби и се ова испадна бидејќи и самите тие не знаат што сакаат и имаат проблеми во владата, но тоа мене не ме интересира, мене ме интересира што ќе биде со Македонија и тоа што јас го ветив на народот! Тоа ни го украдоа на најподмолен начин а тоа нема да го заборавам, никогаш.

Ќе воведеш ли некој други новини ?
Dushko Avramovski :Дел се спроведени, остана уште мал детал.

Како оди соработката со конгресот ?
Dushko Avramovski :Сега засега се е како и досега, одлично.

Кој играчи највеќе ти помагаат во креирањето на
стратегијата на војувањето ?

Dushko Avramovski :Академијата дефинитивно и лугето од тимот.

Како реагираш на критики ?
Dushko Avramovski :Имено, критиките ги гледам како позитивни работи кои се нормални и треба да ги има, секако да не бидат претерани. Тие неможе да ме демотивираат или оцрнат, било што, лично, може само да ме мотивираат повеќе, бидејќи пред себе јас сум чист, а за сите пропусти...фала на забелешките и ке се обидам јас и мојот тим да ги подобриме.

Со кои претседатели на земји највеќе комуницираш ?
Dushko Avramovski :Дефинитивно на Иран а најмалку на Турција, не дека не сакам да комуницирам, се крие.

Горливото прашање рефунд ќе има ли новини во врска со тоа ?
Dushko Avramovski :Други новини? Не, само порака до народот и армијата да ја зголемат својата активност редовност и послушност. Рефунд нема да има за никој кој нема да дојде и лично да побара. Нешто повеќе за тоа во наредните денови. За оние пак другите, ке следуваат награди.

Веќе си на средина од мандатот задоволен си од
тоа што го постигна заедно со твојот тим ?

Dushko Avramovski :Од 4-5 Ресурси сега имаме 8 од 10 и тоа го држиме прилично повеќе од 2 недели. Во мојот мандат се проширивме низ 6 држави, Египет, Кипар, Саудиска Арабија, Емирати, Иран и Израел или од 5-6 региона на 25 или 26 региона, не ме фаќајте за збор. Истотака благодарение на мојот тим успеавме да преговараме успешно со повеќе од 8 држави од кои дури 5 повее или помалку ѓи бараа истите работи, што беше практично невозможно, но успеавме. Безразлика на се ке си одам разочаран доколку не успеам во мојата намера, успеав да стигнам до најисточната точка досега, која не е и којзнае колку по на исток од претходната, и тука бевме пресечени од турција која не по наша вина, но не знае што прави и буквално нема влада. Нивниот претседател не знае ни англиски, па оттаму никој и не би можел да ми гарантира колку моите вистински зборови стигнале до нивниот претседател.

Сподели со нас некој интересен момент или некоја порака што те насмеала одкако си претседател ?
Dushko Avramovski :Да бидам искрен ова е игра каде нема нешто што многу би ме насмеало, постојано се препукуваат едни со други а тоа ме разочарува многу, а сега тоа сум најчесто јас и не ми е баш пријатно, но морам да го издржам тоа до крај, се фатив за оро е сеа ќе го играм до крај. Инаку имаше еден шаут на пандаигор, одамна, цитирајќи стара македонска песна но со термини од еРепублик, тоа ми звучеше толку иронично и патетично што ме фати смеа, едно добри 15минути се смеев хахаха

Опишини еден твој еДен ?
Dushko Avramovski :Еден мој еДен? Станувам наутро во 8 часот, уште немам измиено заби и го пуштам компјутерот а за тоа време одам да се средам колку можам, доаѓам назад се испукувам до макс гледам 2 минути што има и одам на работа од каде оперирам останатото време до 4-4:30. Во 5 часот сум дома, едвај да прашам како се моите што праат, веднаш продолжувам и удирам повторно да не ми стои енергијата на макс беспотреба, потоа се туширам ручам и назад на еРепаблик. Најчесто следен потег тоа е чатот. И така се до доцна навечер. Но ова е кога станав претседател, претходно, насабајле удирав колку да не ми стои енергијата, попладне истотака, но не седев до доцни часови.

Спиеш редовно ?
Dushko Avramovski :Нажалост не. Но тоа не е поради играта, отсекогаш сум бил таков, и пред 5 – 6 години, да ако станев накај 10 или 11 саат се чувствував како пола ден да ми поминал, да не зборам ако заспиев до 11-12...потоа цел ден ми беше наопачки, и тогаш легнував во 2-3 навечер но чудно, секогаш станував потполно одморен и наспан, денеска да легнам и во 10 саатот, во 12 попладне да станам, се осекам како да ме прегазил шлепер. Но не се жалам...

Каде ќе ја дочекаш 2012 ?
Dushko Avramovski :Изминативе 3 години беа навистина бурни, дочекот, пред нив, истотака. Но поради тоа што изминативе години сите ги дочекав во кафич каде и лани впрочем бев организатор, оваа година решив да одморам од сето тоа. Секоја вечер ми е Нова Година, кафичи кафани дискотеки клубови, едно те исто! Оваа година ќе ја дочекам со првата дама 🙂 блиски другари, неколку парови, во викендица на непозната локација, за папараците хD

Која е твојата честитка до читателите за нова година ?
Dushko Avramovski : Ви посакувам на сите неизмерна радост пред часовникот да откуца полноќ, вечерта да ја дочекате со вашите најблиски и најсакани, Ви посакувам се најдобро и чувството на среќа да не ве напушти никогаш. Ви посакувам многу љубов и секако да сте здрави и живи бидејќи нели, ако немаме здравје џабе ни е се, сакајте се! И не се секирајте јас сепак колку толку од мобилен ќе морам да ѕиркам да проверувам ситуација, па така сите вие ќе можете да си поминете одлично 🙂! ( у пи**у ма**р) 😃

Поздрав
ВашиоТ Претседател
Душко Аврамовски



Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.