Интервју со Банкарот

Day 1,488, 11:01 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Што Има Ново ги следи сите случувања во еМакедонија и секогаш на позитивните и нај новите им одава внимание па затоа денес на разговор го имаме првиот приватен банкар во еМакедонија Pecko Karpata

Од каде ја доби идеата да отвориш банка ?
Pecko Karpata :Идејава за отворање на банка ја добив, учејки го предметот Банкарски Менаџмент каде се зборува за банки, отворање на банки, давање кредити итн да не набројувам. (3та година економски факултет сум, во Штип)

Какви беа реакциите еГраѓаните ?
Pecko Karpata :Па.....веднаш кога видоа дека има некоја приватна банка, како мене, одма за почнаа пораки од типот: ако земам толку колку треба да вратам или ако дадам толку колку ке добиам. Па затоа да не се повтараат пораки од таков тип решив да ги напишам и условите за земање на кредити и давање на депозити, со кој сега за сега добро функционира.

Бидејќи ти се мали каматите дали се земаат кредити ?
Pecko Karpata :Каматите сега за сега се супер, ми одат во прилог. Доколку ставам повисоки камати тешко дека некој ке се осуди да земе кредит. Кредити се зимаат пред се во периодите кога Платонче ставе попуст за надоградба на фирмите и тогаш коа се уклучам на еРеп има што да видам, по 10-15 пораки, за земање кредити, едноставно тепачка, како што е во рл на 15ти од месецот пред банкоматите 😃

До сега што земале кредит еГраѓаните,на време ги подмируваат својте обврски ?
Pecko Karpata :Да, да секако, ги подмируваат навреме,немаме проблем од тој аспект. Али за да земат кредит како што е и наведено во правилникот на банката, треба да имаат силна гаранција од играч кој има авторитет во игра како што се Канопи, Ел Че Г, Персеј Македонски итн да не ги набројувам.

Повеќето се плашат доколку ги орочат својте пари кај тебе дали ќе им ги вратиш,дане си мулташ итн... која е твојата гаранција за орочените пари ?
Pecko Karpata :Само едно ќе кажам, нема потреба да се плашите луѓе, парите ви се на сигурно и сугурно ќе ви бидат вратени на денот на кој ќе пишано кај мене (тоа е во весникот мој). Дали сум мулташ? Не сум, нема потреба од тоа, а и мислам ако бев мулташ до сега 5 пати ке јадев бан од Платончо. Во однос на гаранцијата, ви гарантирам со мојата чесност и поштеност. За ова можат да потврдат имињата на играчите кои ги наведов погоре во статијава, ако не ми верувате мене.

Како банкар ти си зависен од пазарот,кој пазар највеќе ти одговара со стабилни цени или со нестабилни ?
Pecko Karpata :Точно, јас сум зависен на пазарот. Во моментов во Македонија имаме стабилен пазар на два дена, потоа малце турбуленции, па повторно на два дена малце некоја стабилност итн во круг. Ова мене пред се ми одговара пошо си играм на ММ. ова мене пред се ми одговара пошо си играм на ММ, а таму цените чат пат се нагло зголемат и златото дојде некаде до 1060 денара, али чат пат дојде и до 960 денара, тоа е разлика од 100 денара, токму поради ова, како што кажав си играм на ММ и печалам од тоа.
6-1.Во наредниов период нема да има никакви нови понуди, и нови кредити, бидејки не можам т.е. имам рл обрски, пред се факултетот. Нови понуди може да се очекуваат после нова година, 3-4 јануари.


На изборите за претседател беше во тимот за економија,дали би внел некоја новина ?
Pecko Karpata :Точно бев, али сепак тој кандидат за претседател не ги доби изборите. Но, сепак контактирав со сегашниот министер за економија, му се понудив за помош и тој истата веднаш ја прифати. Новини??? Не кажувам, ке остане мала тајна, али може само да гарантирам дека наскоро ке видите нешто што досега ниедна гарнитура на министерството за економија не го направила (ако ме служи добро паметењето).

Постојано организираш хуманитерни акции,наидуваш на голема подршка ?
Pecko Karpata :Да секако, едноставно си ја правам дополнително интересна играва, а и со тоа помагам на сите оние кој им е потребна. Еве сега полека но сигурно се билиж нова акција која планирам да ја организирам во периодот помеѓу 25-30 декември (сеуште не знам кој ден поточно).Во однос на подршката, секако дека е голема и во тој контекст сакам да упатам Голема Благодарност до сите оние кој ме подржувале до сега и до сите оние кој планираат да ме подржат.

Зошто играш еРепублик ?
Pecko Karpata :Затоа што брат ми ми ја покажа играва и едноставно се заразив, така да сега не можам глава да дигнам.

По колку часа на ден трошиш на еРепублик ?
Pecko Karpata :Дневно да не претерам тепам минимум по 4-5 часа, а понекогаш и повеќе, ако е потребно.

Кажи ни нешто за тебе како и за изборот на име ?
Pecko Karpata :Па, се викам Петар во рл (презимето не го кажувам), еве и слика од мене ( http://imageshack.us/photo/my-images/266/jasd.jpg/ ) до сега мислам дека ме имаат видено, али оние кој ме немаат видено, нека ме видат и нека се уверат дека се работи за чесен дечко како мене 😃 . Изборот на моето име го направив вакво како што е пошо човек од 105 кила и 1.90 висок не може да биде ништо друго освен Карпа, а btw значењето на името Петар значи, цврст како Карпа.

Додека играш слушаш музика ?
Pecko Karpata :Никогаш не сум слушал музика додека играм, а немам ни намера во иднина да слушам музика додека играм. Некој ќе си рече, зошо не слуша овој. Па затоа што Комјутерот малце ми е тракторче и уште тоа ми фале, музика и да го фрлам преку џамо 😃


Какви филмови гледаш ?
Pecko Karpata :Пред се хорор филмови и ако има некој што гледа како мене вкави слободно нека предложи и докулку го немам гледано, ќе му дадам некој леб како награда.

Ќе биде ли крај на светот во 2012 година ?
Pecko Karpata :Само ќе кажам, не верувам во во тоа, пошо до сега ногу пати се велеше крај на светот али не се случиу нишо од тоа.

Што ќе им порачаш на читателите за крај ?
Pecko Karpata :Им препорачувам да играат поштено, бидеќи само така ќе можеме, без лаги и мамење да успееме.

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.