Илуминати - Новиот Светски Поредок (заговор)

Day 1,460, 06:21 Published in North Macedonia Indonesia by IndzikovoMKD


Научниците тврдат дека теоретичарите на заговори грешно го толкуваат ,,окото и пирамидата” како Масонски симбол на Илуминатите, тајно здружение од 18 век, за кое се верува дека постои и денес и дека кова заговор во полза на Новиот Светски Поредок. Во теоријата на заговор, терминот ,,Новиот Светски Поредок” или ,,НСП”, се однесува на појавувањето на светска влада со бирократски колективизам.

Општото верување во теориите на заговор за Новиот Светски Поредок е дека моќна и тајна елита на глобалисти кова заговор да го превземе владеењето со светот преку автономна светска влада, која ќе биде замена за Суверените Нацинални држави и некои поделби во меѓународните борби за превласт.

Теории на Заговор:

Масони
Теоритичарите за заговори против Масоните, веруваат дека високо-ценетите Масони се вмешани во заговори за создавање окултен Нов Светски поредок. Некои тврдат дека основачите на Соединетите Американски држави, како што се Џорџ Вашингтон и Бенџамин Френклин, испреплетија масонски симболи и тајни геометриски фигури во Американското општество, особено во Грбот на САД, банкнотата од еден долар, архетиктурата на Националното шеталиште и улиците и автопатите во Вашингтон.
Се шпекулира дека Масоните ги вметнаа овие симболи и фигури со цел мистично да ги поврзат нивниот план за владеење со луциферскиот план за Големата Креација на Светот според кој се верува дека ги условиле САД со можно формирање на херметичкото ,,Божјо царство на Земјата” и градењето на Третиот Храм во Нов Ерусалим како најсветото место. Масоните ги негираат ваквите тврдења за масонски заговор.

Илуминати

Редот на Илуминатите беше тајно просветителско друштво создадено на 1 мај 1776год, во Инголштат (Горна Баварија) од страна на Адам Веисхаупт, првиот лаички професор по канонско право на Универзитетот во Инголштат. Движењето се состоеше од слободни мислители, секулари, либерали, републиканци и профеминисти, регрутирани во Масонските Ложи во Германија,кои сакаа да го промовираат перфекционизмот преку мистичните училишта. Во 1785год, редот беше инфилтриран, скршен и угнетен од страна на Баварската влада поради сомнеж за завера против сите монархии и државни религии во Европа.
Кон крајот на 18 век, реакционерските политички теоритичари на заговор, како на пример шкотскиот физичар Џон Робисон и францускиот езуитски свештеник Агустин Баруел, започнаа да шпекулираат дека Илуминатите го преживеаа угнетувањето и станаа главните виновници за Француската Револуција и Владеењето на Теророт. Илуминатите беа обвинети дека се просветни апсолутисти кои сакаат тајно да создадат светска револуција за ги глобализираат најрадикалните идеали на Просветителството: антиклерикализам, антимонархизам и антипатриархизам.
____________________________________________________________________________

Знам дека нема врска со играва, но ја напишав статијава за да видите дка Илуминатите се поврзани со играва со алијансата ONE - Order of New eWorld - New World Order,
eвe видетe нa cлeдниoв линк: Official Wiki page of Erepublik - ONE - New World Order