Збогум

Day 1,440, 14:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Achkoeoeo

Животот е тежок и суров,секој го има осетено ова минимум еднаш.Во него среќаваме суштества кои ги делиме на Луѓе и суштества кои носат маска за да го скријат она во себе.Неможеме никако да ги распознаеме на прв поглед,но откако еднаш ќе се заебете,потоа секогаш ќе ја чувствувате сета онаа грдост и одбивност што ја содржат вториве.За жал истите се се почеста појава во нашиот живот и ретко може да се најдат луѓе на кој можеш да им веруваш.Тоа е така затоа што овие одвратни луѓе можат да го расипат и најдобриот човек,и од злато да сторат лајна.И така тие си го продолжуваат својот род.Нивната цел не е да направат нешто,туку само да ја цицаат крвта на другите и да наштетат на општеството.За жал ова се пренесува и на оваа игра,на која се приклучив за да ги избегнам ваквите случаеви и за да се одморам малце од децата кои и на мала возраст стануваат вакви и за жал не заслужуваат да ги плукнеш,а камоли да трошиш физичка сила на нив,или не дај боже зборови.Она што сакав да го кажам е дека,веќе долго време во оваа држава добрината и слогата ги снема.Остана само алчноста,нервозата,одбивноста меѓу луѓето,борбата за превласт,борбата за кој повеќе ќе грабне.Натпреварувачкиот дух се претвори во желба за ништожење.Ја снема почитта меѓу играчите,оние кои беа почитувани,го изгубија својот респект,почнаа да паѓаат на ниско ниво,дел од нив се закопаа во дупките кои сами ги направија на својот почеток,дел од нив учествуваат во најгадната работа за мене а тоа е умилкување на претходно споменатите со цел да грабнат што повеќе и да станат што попознати за потоа тоа да го искористат во свои цели.Значи оваа игра веќе не ја сочинуваат играчи,туку паразити,пијавици кои бараат само начин на кој ќе ви ја исцедат желбата да продолжите да ја играте оваа игра,со цел да станат најдобри и да стигнат до некоја позиција во играва,и да глумат шерифи,но незнам на кој ќе глумат кога сите ќе си замине од оваа држава.Јас никогаш нема да се откажам од мојата татковина,но тоа незначи дека морам да ги трпам паразитите во истата.Ова го напишав затоа што чувствував дека треба самиот да се искажам за постапките кои ќе ги превземам во иднина,и за да не биде после да се уклучам и да незнам што да правам од пораки во сандачето.Затоа уште од сега ви кажувам,дека денеска ми дојде преку глава,и дека од денес Македонскиот Народ доби смртен непријател,кој утре ќе го искаже своето незадоволство и бес.Никогаш не сум верувал во мирни протести,и не сум ги практикувал ,затоа што нема фајде од истите.Се сеќавам на зборови кои ми ги кажа мојата мајка:

Научи да го цениш тоа што го имаш додека го имаш,затоа што кога ќе го изгубиш ќе сфатиш што си имал и што си изгубил.

Па затоа Македонци кои ве има во многу мал број,и кој оваа држава ја гледате како ваша татковина,а не поле на кое треба да се докажувате и да бидете шеици кои поседуваат кузнае колку злато,ви посакувам се најдобро и се гледаме кога повторно ќе има над 20% Чисти Македонци,а не паразити и профитери.Збогум

Почитуван Ваш,
[PanzeR]Achkoe

ПС: Once a PanzeR,Always a Panzer

За оние што незнаат што е лојалност.И во добро и во зло !


ЕДИТ: ИМАЈТЕ СВОЕ ЈАС БЕ НЕ БИДЕТЕ СВИЊИ КОИ ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ ЈАДАТ ТОА ШТО ЌЕ ИМ СЕ ТУРИ НА МАСА !