Интервју со Шмеќерот

Day 1,429, 11:27 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Лидер на воена единица,на предходните избори за претседател нудеше многу идеи во врска со тао како да се раководи државата денес токому тој ни е гостин Smekerot

Па да започнеме од тоа како дојде до позицијата лидер на единицата Тигри ?
Smekerot :Еден убав септемвриски ден како војник на Тигри „висејки“ на каналот на единицата прочитав муабет од тогашните команданти на Тигри како се незадоволни од односот на власта спрема нив. Беа разочарани и демотивирани да ја водат единицата и прашаа дали некој од нас би сакал да ја преземе одговорноста за да ја води . Јас сум емотивен дечко 😉 и многу се врзувам за нештата околу мене. Ми беше жал да се растури една од најстарите единици во Македонија и ја преземав одговорноста да ја реформирам и возобновам.

Зошто е добро да се биде член во Тигри ?
Smekerot :Во Тигри сеуште траат реформите. Во овој момент членовите на Тигри можат слободно да кажат дека се основачи на една модерна единица заштитена од секакви политички турбуленции и влијанија во Македонија, заштитена од влијанието на бројот на ресурси кои ги има Македонија, секојдневно информирани за политичката и економската ситуција во Македонија членовите се задоволни од функционирањето на единицата а тоа се гледа од нивната активност на нашиот канал и статусите кои ги пишуваат во МУ иако овие активности не се задолжителни. Затоа не само што е добро туку е и одлично да бидеш член на Тигри бидеји во иднина ќе можеш да кажеш дека си бил дел од основачите и реформаторите на една од најмоќните и најсилните единици во Македонија.

Бидејќи единицата брои околу 120 члена,како е да се биде командант на голема единица има ли респект меѓу членовите и дали се почитуваат наредби ?
Smekerot :Единицата порано беше државна и доста субвенционирана од државата. Кога државата почна да ги третира Тигри како и сите останати единици во Македонија се појавија проблеми и незадоволство помегу членовите. Беа потребни реформи и прилагодување на новонастанатата ситуација. Клучните реформи во единицата беа многу тешки. Дури 90% од членовите неможеа да ги издржат и отидоа во други единици. Со тие малкуте што останаа го создадовме новиот систем кој го прилагодивме на политиката за рефунд на Владата и распишавме Регрутација која даде голем плод. Од тогаш до денес во единицата пристапија 100 нови членови ( и сеуште пристапуваат) кои на почетокот се однесуваа многу хаотично и анархистички но со тек на време, со многу големо разбирање и посветеност од моја страна и од страна на замениците, се создаде една демократска атмосфера на пријателство и разбирање и можам да се пофалам дека до денес на каналот на Тигри не само што ниту еден член на Тигри не е кикнат или баниран туку сме биле домаќини на многу грчки и бугарски тролови па дури и исфрустрирани срби кои навредувале и пцуеле а ние не сме одговориле на таква провокација со сила. Затоа денес сум особено горд што освен со нашите лични фрустрации можеме да се носиме и со фрустрациите на гостите (канети и неканети) кои не посетуваат на каналот.

Со кои проблеми се соочуваш секојдневно ?
Smekerot :Најголем проблем ми е што морам секојдневно да ги замарам acezuti и vojislavp бидејки ги користам нивните тенкари (едната тенкара кај acezuti е на Тигри а другата е негова лична и ни ја отстапи на користење). Посакувам побрзо да дојде денот кога кај мене на профил ќе ја имам неопходната инфраструктура за да можат Тигри да функционираат беспрекорно независејки од никој друг.

Да преминеме на политика,дали си во добра соработка претседателот и премиерот ?
Smekerot :Со претседателот имав неколку преписки преку ingame пораки за начинот како да ги префрлиме фирмите на Тигри од acezuti кај мене. Еднаш имавме и краток разговор на чат околу овој проблем и на крајот од разговорот тој ми постави 3-4 прашања поврзани со политиките што сака да ги воведе и јас му го кажав моето мислење. Толку за комуникацијата со него. На премиерот му пишав ingame порака за проблемот со фирмите на Тигри и не се сеќавам дали ми одговори 🙂. Друга комуникација со него сум немал откако е премиер.

Кога ти би бил претседател каков рефунд би вовел , бидејќи си лидер на единица и ги знаеш проблемите ?
Smekerot :Немора да бидете политички функционер за да имате став за некое политичко прашање. Мојот став за рефундот е краток и јасен: НЕМА РЕФУНД. Системот за награда на војниците би се базирал на субвенција за изградба на сопствена инфраструктура на фирми за да може секој војник самостојно да се снабдува со леб и оружје за своите дневни потреби, а покрајтоа и подигање на патриотското чувство за саможртва и пукање до крај на се што имаш во storage за ослободување или ширење на Македонија. Денешниот систем за рефунд го убива патриотизмот во играчите и од нив создава материјалисти кои до таа степен стануваат егоисти и себични што не пукаат за својата татковина туку гонат некакви си виртуелни медаљи во востанија во држави за кои не ни знаат каде се наоѓаат на мапата на светот J Најголем дел од играчите се вклучија во играва по Бејби Бумот на Сител по фамозната реченица „Грција ја нападна Македонија“. Тоа покажува дека сите што тогаш се вклучија се родољуби и патриоти а и голем број се националисти (поготово тинејџерите). Политиките на рефунд на Армакедонци, Аминта и Дон Тас го убија патриотизмот во дечките и го претворија во материјализам. Истите патриоти што пред една година се вклучија во играва да ја одбранат Македонија од Грците сеа муабет не ти прават ако нема државни тенкови за нив да маваат во некоја битка. Тоа е искривениот систем кој го наметна политиката на рефунд и против кој се борам постојано. Субвенција а не рефунд е мојата политика.

Какво организирање е потребно за цивилите ?
Smekerot :Ако некој решил да биде цивил треба да имаме во предвид дека тој несака да функционира по некои правила. Цивилите сами се организираат. Си формираат канали за ловци на медаљи, си бараат непостоечки скрипти за востанија, си праат муабети за надворешна политика и заговори на други земји против Македонија, оговараат носители на политички функции, ги окривуваат нашите политичари а ги фалат странците ... Цивилите треба да ги мотивираме да се дружат со нашите сојузници. Да ги стимулираме да „висат“ на странски канали, да праќаат пријателства на сојузници, да се мушкаат на канали на нашите непријатели бидејки само на тој начин ќе можеме полесно да ја пратиме нашата Македонска порака до нашите сојузници и побрзо ќе добиеме информација за стратегијата на нашите непријатели. А и постојано да се мотивираат да маваат за Македонија во приоритетни битки. Ама не со делење тенкови туку со статии и информации за политичкиот правец на Македонија.

Кое е твоето мислење за воената стратегија на државава и според тебе која старатегија е најдобра во овој момент да се примени ?
Smekerot :После политичкиот мораториум (политичка неактивност) што го прогласија Армакедонци во воената стратегија на Македонија се појави феноменот на вакуум простор. Армакедонци во изминатава година беа цело време на власт и создадоа имиџ на момци кои знаат што прават. Создадоа имиџ дека тие се во право дури и кога грешат. Сите ги слушаа. Нивните шаути претставуваа невидена пропаганда и спин кој за 30 минути собираше по 500 војници на армискиот канал. Денес новите момци го немаат тој авторитет и таа моќ. Тие немаат капацитет да соберат 30 војници на армиски. Никој не ги слуша. Не дека не ги бива туку немаат изграден имиџ а не се ни трудат да го градат. Нема да помине ден а да не се заканат на некоја единица со некаква казна. Градат авторитарна држава со полициски систем на закани и притисок. Чудна ситуација во која би требало да слушаш некој затоа што тој е на власт а не затоа што му го почитуваш мислењето. Затоа во овој момент можам слободно да кажам дека Македонија нема воена стратегија или ако има таа е тајна и јас нити ја знам нити сум слушнал за неа, а неможам ни да ја видам. Воена стратегија сум видел само кај Аминта. Тој имал јасна стратегија од почеток до крај на мандатот. Јас не сум размислувал за воена стратегија. Само знам дека нашиот главен град треба да биде на друго место а не на Балканот ако сакаме посилна економија и повеке ресурси. Воена стратегија никој не прави сам. Само добар ТИМ може да направи добра воена стратегија. Во моментов во Тигри немаме таков тим но се стремиме да одиме и кон такви предизвици во блиска иднина.

Мислење за еКосово и еАлбанија ?
Smekerot :Од соседите имаме двајца непријатели и еден пријател. Со додавањето на албанскиот фактор на Балканот треба умно да одиграме. Ако албанскиот фактор ни биде непријател ке страдаме постојано од воен притисок и бришење на трите оригинални територии кои ги имаме. Не ги знам резултатите од анкетата што се спроведе но сум убеден дека ако го додадат Косово како држава тогаш по дифолд сите албанци на србите ќе им станат крвни непријатели, а ние бидеји немаме наша автохтона надворешна политика (а и да ја имаме таа ништо не им значи на србите) ќе мора да застанеме на страната на србите и да бидеме непријатели не само со Косово туку и со Албанија. Но ако Косово биде дел од Србија тогаш омразата на србите спрема албанците како целина мислам дека ќе може да се амортизира. Тогаш би можеле да се потрудиме да избалансираме србите да имаат поинаков став спрема албанците од Албанија. Ако успееме во тоа ќе ги одржиме добрите односи со Турците и геополитичката ситуација на Балканот ќе ни биде наклонета. Ова е мое мислење под услов да има 2000 + албанци во играва како респектибилен фактор. Ако се помалку ќе бидат политички незначајни и би можеле и да ги присоединиме кон Македонија додека не изградат нивна стабилна држава.

Која партија во еМакедонија според тебе има капацитет и кој играчи според тебе треба да се занимаваат со политика ?
Smekerot :Одамна не сум прочитал статија од претседател на политичка партија која ќе излезе со некоја солидна политичка платформа и ќе побара од граѓаните да се приклучат на таа партија за да ги остварат тие политики. Во оваа игра тоа го имам видено само во МНФ кога на нејзино чело беше Чакаларов. На почетокот тоа беше и ОеМ како прва и државотворна партија која послужи да избегнеме бугарско ПТО и да направиме Македонска држава без ниту еден бугарски конгресмен. Сегашните партии го изгубија шмекот. Служат само како алатка за кандидирање на поткупливи конгресмени на кои повеќе им значи медаљата на профилот отколку Македонија (чест на малиот број исклучоци). Со политика треба да се занимаваат сите. Ова е демократска земја J. Треба да се слушне различното мислење а народот ќе си излезе на избори и ќе си гласа. Партиите треба да бидат активни преку целиот месец. Од нив треба да излегува политиката а не од воените единици.

Имаш ли политички амбиции ?
Smekerot :Да.

Дали на Македонија и е потребен бејби бум ?
Smekerot :Секогаш е потребен бејби бум но мислам дека во Македонија во овој момент непостои атмосфера да се зачуваат бебињата доколку дојде до бејби бум. Во бејби бумот пред една година ПОЖРТВУВАНО се вклучија СИТЕ и тоа беше секојдневна преокупација. Не се правеше муабет за рефунд и медаљи. Сите правевме муабет колку лепчиња сме поделиле и колку играчи сме научиле да се вклучат на чат. Сега нема клима за такво нешто. За успешен бејби бум треба кандидат за претседател кој ќе побара мандат единствено за тоа и за ништо друго.

Шмекер кажи нешто за тебе ?
Smekerot :На магистарски студии сум по политика и дипломатија и специјалност ми е младинската политика. Имам посетено над 20 интернационални семинари, надвор од Македонија, финансирани од Европската Комисија на кои главна тема била младинската политика. Уживам кога група младинци дискутираат, ствараат, растураат, креираат, планираат ... и јас сакам да бидам секогаш околу нив за да ги корегирам и насочам нивната енергија да ја користат за нешто што ќе биде полезно за Македонија. Слабост ми се моторите и убавите и умни девојки. Но кога би можел да мењам, тогаш чоперот што го имам би го заменил за девојка, но не би заменил девојка за чопер 🙂

Зошто ја одбра таа слика на профил ?
Smekerot :Сликата што ја имам на профил е Хемфри Богард. Во негово време тој бил најголем шмеќер. Женските просто се влажнеле кога ќе го слушнеле неговото име 😉 Во филмот „Казабланка“ тој остава впечаток на Алфа маж потчинет само на едно нешто, а тоа е љубовта. Ми оставил впечаток уште од детството и сум сакал кога ќе пораснам да бидам како него 😉


Што те задржува да ја играш играва ?
Smekerot :Јас сум on-line гејмер.играм повеќе on-line игри , еве и во eRepulik сум 2 години. Оваа игра е поврзана со мојата професија и преку неа учам многу. Интензивните секојдневни контакти на чат со дечките што ја играат сеуште ме одржува да ја играм. Не стварам лични релации со никој па дури не сум бил ни на собиранките што се организираат. За мене ова е само игра која можам да ја прекинам денес и да не жалам за тоа. Исто како што ја прекинав пред 9 месеци и ниеднаш не се покајав поради тоа.

Доколку имаш шанса да ја сретнеш Моника Белучи што прво ќе направиш ?
Smekerot :А од кај знаеш дека не сум ја сретнал? 😉 Моника Белучи како име на мојот весник и како негов заштитен знак ја ставив инспириран од филмот „Малена“ во кој таа како една прекрасна жена беше ставана во искушение да мора да си го продава телото за да се прехрани. Па и јас покрај другото „продавајќи“ го нејзиното голо тело собирам гласови и претплати за мојот весник.

Што слушаш од музика и какви филмови гледаш ?
Smekerot :Слушам само убава музика 🙂 Во зависност од расположението и периодот во кој се наоѓам и таква музика слушам. Кога сум патриотски расположен ја слушам мојата омилена македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо
Овој месец сум во некој романтичен и позитивен филм и слушам само таква музика: сакам да ти дојдам и Ofra Haza ~ You ,а филм кој би сакал да го гледам деновиве по стоти пат е „Деветипол недели“.


Што ќе ни кажеш за крај ?
Smekerot :За крај би сакал да им честитам на храброста на Армакедонци што прогласија политички мораториум. Се надевам дека момците што ја водат оваа единица имале време да размислат за нивните грешки во минатото и ќе направат внатрешно-политички реформи кои ќе им помогнат да трасираат еден нов вредносен систем во еМакедонија. Се надевам дека ќе имаат храброст грешките да ги признаат јавно и искрено ќе побараат прошка од народот, а после тоа заедно со Панцери да формираат Влада во која и јас би сакал да учествувам. На Панцери сакам да им порачам да продолжат да градат своја автентична политика базирана на визија или идеја за успешна еМакедонија а не политика базирана на грешките на Армакедонци. Неможам да гледам како поради политичкиот мораториум на Армакедонци по дифолд се пасивизираа и Панцери па овие новите од „третиот пат“ неможат ни 30 души на армиски да донесат. Во еМакедонија владее летаргичен период. Да бидеме умни и да ја победиме летаргијата со кандидат за претседател од Панцери на следните избори а на изборите после тоа со заеднички кандидат на Армакедон и Панцери. На Тигрите сакам да им кажам дека реформите во единицата ќе продолжат со јавен оглас за избор на нов аватар или аватари, политичко ангажирање на единицата во сите избори во еМакедонија, градење на блиски контакти на единицата со политички претставници на сојузниците и наш ангажман во нивни битки и уште многу други новости се со цел да најдеме ангажман за секој наш член со намера оваа игра да му стане уште поинтересна. На тебе сакам да ти порачам да не се секираш што интервјуто е толку долго бидејки знам најмалку триесетина момци и десетина шармантни дами кои ќе одвојат од своето ценето време и ќе го дочитаат до крај а богами и ќе го шаутираат неколку пати па затоа оваа прилика ја користам и да им пратам по еден бакнеж 😘 (на дамите 😉 )