НА ВЛЕЗОТ ОД ГРОБНИЦАТА

Day 1,360, 09:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Alexander The Greatt

Приказната има своја логика која тешко се докажува, но и тешко се побива: два месеци по смртта на Александар, се раѓа неговиот син Александар Четврти кој по полнолетството требало да седне на македонскиот престол. Крунисувањето се вршело во престолнината, а заклетвата требало да биде положена на саркофагот на умрениот војсководец. Тоа подразбира дека до израснувањето на синот на Александар, неговиот ковчег требало да биде сочуван од можното грабнување на претендентите за престолот. Историската приказна вели дека Птоломеј, македонскиот владетел на Египет, ја пресретнал поворката на половина пат и го одзел ковчегот носејќи го во Александрија. Другата страна на оваа приказна смета дека, всушност, на половина пат од Вавилон за Александрија, двата ковчега, лажниот и вистинскиот, се разделиле, така што вториот заминал на пат за Македонија. Во неможност погребот да биде организиран во Пела, мајката на Александар, Олимпија можела да избира помеѓу три локации на кои би го сокрила телото на синот до полнолетството на Александар Четврти: првата, во Молосија, во близина на Јонско Море, втората, во Орестија во близина на градот Арг – местото од каде што потекнува првата македонска кралска династија во осмиот век п.н.е. (денес костурско, област која Грците ја прекопаа по должина и широчина барајќи го телото на кралот, откако и тие сфатија дека не е во Александрија), и, третата локација, таа која за нас е најинтересна, на пеонските гробишта крај Аксиос, денешен Вардар, кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија.Види повеќе

Во Молосија навистина е пронајдена гробница што би можела да биде кралска, но таа била празна. Се претпоставува дека кога веќе телото на Александар било донесено во Македонија, Олимпија наредила да се направат лажни гробници, за дополнително да го заметне трагот. Грчката држава темелно истражи и во костурско, но не најде ништо. Останува третата можност – гробот на Александар да е во Република Македонија, на фамозните пеонски гробишта. Секој што ги посетил знае дека таму нема посебни знаци што би упатувале на тоа дека тука некаде лежи така значајна личност, но ако ништо друго, на тие гробишта мора да е положено телото на генералот Аристон, Пеонец по потекло, еден од најверните генерали на Александар, за што исто така, нема посебни маркери. Впрочем, тоа е и сосема нормално: која би била смислата на криењето на телото на Александар до полнолетството на синот (кој неколку години подоцна бил убиен, исто како и неговата мајка Роскана и баба му Олимпија), ако гробницата била така направена што лесно би можела да се открие.

Оваа логика не му е туѓа ни на најнапаѓаниот македонски археолог на сите времиња, Паскал Кузман, веројатно единствениот човек на светот што трпи јавна критика затоа што ја врши својата работа. И тој неколку пати досега има изјавено дека верува дека гробот на Александар е во Македонија, иако смета дека поради политичките проблеми со Грција, работењето на тој проблем ќе мора да чека подобри времиња.

Многу поконкретен од Кузман е Паскал Камбуровски, човек што иако не е историчар по професија, четири децении ја истражува македонската античка историја, автор на книгите „Гробот на Александар Македонски“ и „Тајната на Олимпија“. Минатата есен тој дури me одведе на едно од местата за кои смета дека би можеле да претставуваат скриен влез во гробницата на Александар или барем на генералот Аристон. Дали тоа значи дека сме биле блиску до решение на една од најголемите македонски, но и светски мистерии? Кој знае. Засега, мистеријата останува мистерија, а сонот на илјадници светски археолози и понатаму останува само сон.