Низ пустината

Day 1,334, 08:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Stefan Prvi Veliki

Ова е приказна за двајца пријатели кои што патувале заедно низ пустината.


Во еден момент, во текот на одењето почнале да се расправаат и едниот пријател му удрил тупаница на другиот. Удрениов се почувствувал навреден, но без да каже збор, напишал во песокот: “ДЕНЕСКА ДОБИВ ТУПАНИЦА ОД МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР” Продолжиле така да одат се додека не наишле на една оаза каде што решиле да се искапат. Оној кој што ја добил тупаница за малку ќе се удавел бањајки се, но животот му го спасил другиот. Кога дошол при себе оној кој што за малку ќе се удавел, изгравирал на еден камен: “ДЕНЕСКА МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ”. Пријателот кој му удрил тупаница го запрашал: “Кога те удрив - ти запиша во песокот, а сега гравираш на камен -”Зошто?”
Пријателот му одговорил: “Кога некој ни прави лошо, треба тоа да го запишеме во песокот, за ветровите на проштевањето да го избришат”. Но, кога некој ни прави добро, треба тоа да го изгравираме на камен за да неможе ништо повеќе да го избрише!” НАУЧИ СЕ ДА ГИ ЗАПИШУВАШ “РАНИТЕ” ВО ПЕСОКОТ, А “СРЕЌАТА” ГРАВИРАЈ ЈА НА КАМЕН. Велат дека е потребно една минута да запознаеш посебна личност. Еден час за да научиш да ја цениш. Еден ден за да ја засакаш. Но, еден ЦЕЛ живот да ја заборавиш.

Мое наравоучение: ,,Каменот е најдобриот молчелив пријател на човекот.