ДАРЕЖЛИВОСТ ИЛИ ТАКТИКА ЗА БОГАТЕЊЕ

Day 1,299, 05:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Warrior MKD

„Плато ни даде поклон“ Вакви беа коментарите после воведувањето на бесплатните фабрики. Сите среќни и весели бидејќи ќе произведуваат повеќе леб и со самото тоа повеќе ќе заработат.
Но знаеме што се случи. Пазарот се пренатрупа со вишок на производи и цената на лебот од тогашните 0,8 падна на 0,35.

Сега имаме нов „подарок“ од Плато. По ново секоја фабрика може да произведува по 160 лепчиња а лимитот на здравје од досегашните 300 за секој, сега варира од 100 до 500.
Почетниците можат да трошат само 100 здравје дневно, тие на второ ниво 200 а оние малку понапредните 300. Секој од овие произведува по 320 здравје дневно (160 лепчиња по 2 здравје), повеќе од тоа што им треба.
Играчите со лимит на здравје од 400 и 500 си имаат q5 фабрики и тие сигурно не би купувале леб од маркет туку нивна цел е да произведат за себе а вишокот да го продаваат. Ама на кој ќе продаваат кога секој си произведува повеќе од тоа што му треба.

Со овој „подарок“ пазарот уште толку се пренатрупа со вишок на производи и моменталната цена на лебот изнесува смешни 0,09 денари.

Овие промени кои ја уништија економијата сигурно не се направени несвесно и не се грешка на администраторот туку имаат цел да привлечат што повеќе купувачи на злато со кредитна картичка.

Зошто ние да се богатиме со виртуелни пари продавајќи ги продуктите произведени од фабриките кога нашиот ценет администратор има сметка на која можеш да му префрлиш 100 евра а тој ќе ти даде „подарок“ 300 златници. 🙂

Паметно нели ? 🙂