Западно од рајот

Day 1,256, 13:29 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Кога почнав да ја играм играва пред неполни 2 месеци мислев дека овде цветаат рози. Се беше на место, имавме харизматичен лидер кој ги обедини сите играчи. Влеговме во сојуз кој претендираше да биде водечки во е светот. Ја освоивме Италија Бугарија и... потоа - потоп.
Зошто потона еМакедонија?



Ако се прашувам јас одговорот е едноставен - неслогата и разединетоста како и секојдневните кавги за функции и власт го направија своето. Оние што беа моќни економски и воено билдаа се поголема моќ и борбата меѓу ривалските табори стануваше се поголема и од ден на ден го уриваа единството на е-жителите небаре се работи за РЛ кариера. Chill Out момци и девојки пробајте да најдете заеднички јазик со конкурентините партии воени единици и конгресмени. Ова е игра -стратегиска и само кога се игра тимски се победува а индивидуалците се маргиналци - лузери.
Она што мене најмногу ме плаши и доколку не се променат работите на подобро е новата болест која се појавува во играва а тоа е непослухот кон владата и турбуленциите кои некој одново и одново ги предизвикува со секој нов избор на претседател. Ако не ја спречиме оваа болест ќе имаме долготрајни проблеми кои секојдневно ќе ни ја одземаат енергијата од внатре и од надвор.