Сеирџиска, ЕДУКАЦИЈА !!!

Day 1,235, 05:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Mano Madzarodonecot


Сеирџии мислам дека оваа статија треба да ви го одземе малце вниманито и да истрпите до крај да ја прочитате па можеби и да ја споделите со вашите пријатели од eRepublik.

Затоа не ставајте само залудно веднаш VOTE и SUB.

Вчера бев испровоциран во приватионт живот од еден познат и не ценет комшија наш со некој негови про-евро-сељачки коментари.
Ќе ги рипнак коментарите и ќе се потрудам да се држам до еRepublik ситуациите.


еRepublik се повеќе наликува на она што се случува во реалниот свет а не на една игра каде што треба да пости ривалство но не и да се шири ОМРАЗА меѓу нациите. Но сепак ривалството секогаш победува на крај.

Национализмот се развива и се манифестира кај младата популација се почесто, што е добро...човек без припадност и љубов кон едно парче земја е пропала инвестиција.

Ја сакам Македонија, затоа што мојата интимна географија речиси сосема е испишана овде. Ако треба да ја нацртам мојата Македонска мапа, ќе се добие еден сосема поинаква држава чија мапа не може да се купи во ниту еден продавница.



Ќе се прашате зошто младите луѓе го "трошат времето" на еRepublik...не затоа што нема друга поинтересна видео игра?
Не туку затоа што тука се покажува патриотизмот на народот. Тука се постугнува автономија и право.
После сите работи кој се случуваат, овој народ е неискоренлив...пиреј.

Кај нас, после дваесетина години конечно се разви овој патриотизам, онаа желба за разбирање од нашите гладни и не заситени соседи (Со исклучоци).

Ja сакам Македонија и мојот град Скопје, затоа што во неа се наоѓа паркингот каде татко ми го паркираше старото фиќо на кое редовно му ги дишев гумите.


Се почесто читам каде што самите играчи се трудат да се наметнат еден врз друг. На неколку од моите статии читам од Бугарите, дека сме биле 500 години под турско а тука сме биле во пакт со нив, овој коментар го имам прочитано можеби илјада пати до сега...

Имам само еден сеирџиски контра коментар на тоа:
Се боревме и со нив, се боревме и со вас...се боревме едно време и за нив се боревме и за вас.
Но драги ценети и почитувани СЕИРЏИИ мои, ние барем научивме да правиме УБАВА БАКЛАВА, а во Бугарија иди јади баклава...ќе те утепа стомак.

Тркалото се врти драги наши "пријатели", сепак ја сакам Македонија заради другарите, роднините, драгите луѓе, ама и заради ПРОСТАЦИТЕ и ЛОШИТЕ КОМШИИ. Греота е да немаш со кого да се искараш и кого да опцуеш.

Башка јас до пред некое време си мислев Гирото била грчка храна, шипак било...на секое ќоше во Европа каде што сум бил, а сум бил секаде, нема Гиро...има ДУРУМ или ДОНЕР драги ценети и почитувани мои сеирџии...сепак испадна не само што ја крадат сите историјата него и почнаа и со кулинарството. Но тоа се вика Холандса политика или кратко речено почни се од g`zot.


Затоа мои драги пријатели, треба и од тука да учиме со кого да печеме пиперки...



Sub&Vote & Shout