Италија ја губи помошта од ЕДЕН

Day 1,213, 08:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Almighty



Како што беше очекувано денес Италија дигна востание во Montenegrin Coast со цел да се прекине војната на некое време и Италија да се заштити од брзото напредување на Македонија. Востанието моментално има резултат 3-4 за востаниците што не ни оди на нас во прилог. Иако моментално водиме во битката тенковите на ЕДЕН може да ја сменат ситуацијата во последните 2 минути и поради тоа мора да бидеме многу внимателни. Востанието мора да се добие зошто верувам дека понатаму ќе ни биде далеку полесна војната со Италија.
Италија смета на помошта од членките на ЕДЕН, но Грција и Бугарија изгледа не мислат така.
Грција пред 4 часа има ставено закон за прогласување на Саудиска Арабија за НЕ и со тоа се гледаат силните амбиции на Грција да се прошири во Африка. Иако Саудиска Арабија е слаба земја која е додадена пред 1-2 месеци, Грција покажува дека е заинтересирана за исполнување на своите интереси.
Бугарија по губењето на своите колонии во Иран се подготвува повторно да се врати на Иранска територија. Бугарија го има прогласено за НЕ Пакистан и веќе битката меѓу Бугарија и Пакистан е започната, а војната Бугарија-Иран е се поизвесна. И Бугарија преку ова покажува дека е подготвена да ги стави своите интереси пред помошта на Италија.
Хрватска по неуспешниот обид да си го врати регионот Lika and Gorski Kotar верувам дека сите свои средства ќе ги насочи кон враќање на претходните територии. Со ова можеме да кажеме дека и помошта од Хрватска ќе ја нема или ќе биде мала.
Војната меѓу Романија и Унгарија продолжува и се чини дека никогаш нема да заврши, па може да се каже дека Италија нема да добие голема помош ниту од нив.
Иако Америка успеа да го одбрани Хаваи, војната продолжува и не верувам дека Америка ќе се посвети на Италија, а ќе ги остави своите региони во опасност.
Од друга страна вреди да го спомнеме и востанието кое е дигнато од Словенија и во кое Италија трпи голем пораз со моментален резултат 7-0.
И на крај да потенцирам дека Македонија и официјално е нова членка на ONE алијансата која е формирана од Србија, Полска, Унгарија и Шпанија.

Ваш Bojan Almighty