Економски предлог !

Day 1,212, 06:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan PUNISHER

Дали би сакале цените да одредени ресурси да останат повисоки ? Дали сакате да нема паѓање на цените на житото, на железото .... ?

Како што знаеме со паѓањето на цените на фирмите се овозможи и не толку искусните играчи да можат да си дозволат своја фирма со што се покачи нивото на понуда на нашиот пазар како и на светскиот пазар. Нормално како млади и неискусни работодавци, новите "газди" почнаа да рушат цени, да накачуваат плати и несвесни за она што претставува економија почнаа да ја уништуваат и онака слабата економија на Македонија.

Пред некој ден се случи уште нешто на "eRepublik". Се додаде нов објект "Storage". Секако како и секоја нова промена на "eRepublik" и оваа беше дочекана со низа критики.
Искрено првиот ден мислам дека и беше за критика. Промената не функционираа целосно, не можеше да се продаваат некои ресурси, страницата јавуваше ерори, но сега веќе тоа го нема.

Она што би сакал да го искоментирам во однос со прашањето е тоа што и ме натера да ја напишам оваа статија. Гледам се намалува цената на житото и искрено како производител на жито почна да ме загрижува ова опаѓање. Имам на залиха некои 5000 непродадени жита од 3 фирми и 4ца работници кои нормално работат кај мене за (претпоставувам) највисока плата. Од секој работник имам само 0.5 МКД (и тоа при цена на житото од 0.0😎 заработка со што ова смалување на цените мене ќе ми донесе 0 денари заработка од моите вработени.

Со новиот објект кој го имама сега може секој да купва најразлични продукти и ресурси и како во секоја реална економија да тргува со нив. Она што би го предложил како санкција за намалувањето на цените може и да претставува и поволност за оние побогатите бизнисмени кај нас. Имено доколку се начека ниска цена на житото, да речеме 0.06 или 0.05 оној кој има некоја пара + може да си го купи тоа жито, а при поголеми цени, нормално тоа би требало да се случи во иднина да си го продаде истото за 0.07 или 0.08 што и нема да претставува некаква голема заработувачка но најмногу ќе помогне во кревањето на моменталните цени на житото.

Би сакал да слушнам некои критики или пофалби за предлогов, па може V&S ако не ви е тешко 🙂