Втор мандат!

Day 1,197, 05:20 Published in North Macedonia North Macedonia by CHAOSMKD
Најпрво добро дојдовте во новиот Македонски весник CHAOS_News! 

Како што веќе знаете до преТСедателските (ТС за да научат тие што пишуваат со Ц 😃 (мала шала)) избори има уште неполни 4 дена, па мој предлог а се надевам (знам) и на многу други играчи во еМакедонија се за Струмјанин да добие втор мандат! Нормално доколку тоа го дозволува играта, а и на тоа се согласи лично тој 🙂.

Сега еден дел во кој ќе се потсетиме што се стори тој за еМакедонија иако неговиот мандат траеше (и ќе трае уште 4 дена) за време на економска криза поради новите модули!

1. Како број еден кога се уште не беше претседател сите се секавате на неговите успешни ММ акции 10х10 со кои еМакедонија добри солиден прилив на злато! Ова е една негова таква акција http://www.erepublik.com/en/article/-10-10-10--1634155/1/20
2. Сите знаеме (барем тие што ја играле играва повеќе од еден месец) дека за време на претседателските избори тој беше подржан и од страна на опозицијата, што тоа самото по себе говори за квалитетот на Струмјанин, а и најважно од сево ова барем за едни избори бевме поштедени од политички препукувања, пцуење, тензија за која сите бевме сведоци на претходните избори за конгресмени 🙁!

3. Со самото “седнување” на претседателскиот стол (фотелја ) склучи мировен договор со еБугарија по едно месечната војна! А да бидеме искрени на сите ни беше потребен тој мир!

4. Со неговото раководење конечно проработија и министерствата кои еден предиот ги снема никаде! Почит за Министерството за информирање, секоја чест момци за статиите кои ги објавате скоро секој ден, за разлика од министеството за внатрешни работи кои да признаеме не си ја вршеа баш најдобро работата но започнаа и тие да функционираат! 🙂

5. Добивавме и добиваме редовни известувања за работата на претседателот барем еднаш неделно што не беше пракса кај Drashhh_III_Makedonski!

6. Браво за пристапот со кој се обидува да не вметне и нас еМакедонија во NWO! (Сега одеднаш Грција сака да е сојузник на Србија. И ние сега сме као третиот во креветот?! Е нема да не извадат така лесно, и ние ќе дупиме ) 😃 😃 😃
7. И последната акција или договор кој нашиот претседател го создаде со еСрбија http://www.erepublik.com/en/article/-1-1695016/1/20 ! Железо за еМакедонија со која финансиски многу би се зајакнале, а и да не го заборавиме “природниот непријател” со кој ќе добиваме 10% повеќе сила со тренингот а и ќе ја извршиме (тие што немаат ЈАС) мисијата True Patriot!

Ова е се што ми текна додека ја пишував статијава, епа Hail Strumjanin, Hail eMacedonia, Hail eSerbia, Hail eTurkey, Hail eHundary.. Hail Ally o7

Да не испаднам изрод бидејки ова ми е прва статија, а сите знаеме дека новите “новинари” објавуваат вицови еве еден и од мене (цицки нема) :

Влегува човек во продавница и ја забележува следната ситуација: продавачката плаче, се извинува со сите сили, а човек стои пред пултот и се дере:
„П**ка ли ти ма**рина,, во животов веќе не влегувам овде! Има да се пожалам кај газдата и да леташ од работа под итно. Ме разбра ли?!“ – и излетува надвор од продавницата.
Овој кој штотуку влегол ја прашува дали и треба помош, а таа ги избришала солзите и со насмевка му рекла:
„Повелете, како да ви помогнам...“
„А, дали сте во ред, да ви помогнам некако?“
„Не не благодарам, се е во ред, повелете...“
„Дали може да добијам еден коверт?“
„Секако! Која големина? Имаме стандардни, големи, помали...“
„Обична, ќе ве молам.“
„А, каква боја? Имаме сини, жолти, црвени, бели, зелени...“
„Ќе ве молам дајте ми сино, но побргу затоа што ќе ми побегне автобусот и ќе доцнам...“
„А, каква сина? Имаме бебешко сина, бледа, темно, морска сина..“
„Ве молам обична сина, но побргу...“
„А, кој облик? Имаме во облик на срце, триаголник, круг...“
„Ве молам обичен правоаголен коверт, но побрзо, автобусот веќе тргнува!“
Продавачката го носи синиот коверт и му вели:
„А, да не ви треба можеби и поштенска марка?“
„Оф, ми треба ајде дајте ми една“ – и гледа како автобусот си заминува...
„А, за внатрешен или меѓународен сообраќај?“
„За во земјата ќе ве молам.“
„А, каква сакате? Имаме со лик на луѓе, животни, природни убавини, знаци...“
„Ве молам побрзо дајте ми со животно.“
„А, со какво животно? Имаме цицачи, птици, влечуги...“
„Ве молам со птица...“
„Имаме со птици грабливки, преселници...“
„Ве молам со грабливка и побрзо!!!“
„А, имаме орел, сокол, јастреб...“
„Ќе ве молам со орел...“
„Имаме со орел како лета, како седи во гнездо, како ги храни младите...“
„Дајте како лета, ве молам...“
„А, имам како лета над кањон, над море...“
„Дајте која било што побргу...“
Во тој момент во продавницата се враќа нервозниот муштерија од претходно со г*мно во раката. Приоѓа кон продавачката, го фрла на касата и вика:
“Еве п**ка ли ти ма**рина, за вакво г*мно ми треба тоалет хартија!“

Edit: Се премислив за цицките (така најсигурно ќе добијам претплата 😃) Плакнете очи, за понежниот пол извинете што не ви ставам некој згоден тип (Леонардо Ди каприо на пример) но ќе ме сватат лошо 😃 !!


Се надевам дека како прва статија ви се допадна во иднина ќе се обидам да направам подобри и по квалитетни и нормално да не спамам!