ДОСТА КРАДЕТЕ !!!!!!!!!!!!

Day 1,192, 09:52 Published in North Macedonia Chile by Mehandzijski



Пред се сакам да му се заблагодарам на Коле од Лерин што ме предложил да се кандидирам за претседател на еМакедонија – секогаш сум спремен политички да покажам добра борба и мило ми е што можам да застапувам една партија како што е ВМРО на претседателските избори,но сеуште не сум решил дали ке ја прифатам кандидатурата!
Зошто – само на кратко ке кажам дека сакам ако се кандидирам да имам луѓе кои ке понудат пакети на мерки кои еМакедонија ке ја направат подобра земја и играњето ке биде за разлика интересно,да не се замараат луѓето со проблеми и како ке преживеат – да не е проблем еМакедонија да го заземе заслуженото место помеѓу водечките еЗемји на еРепублика!
Повторно,благодарам многу на искажаната доверба!!!!!!!!

Сега за еден друг проблем,незнам дали намерно или ненамерно но факт е дека се креира економски проблем од страна на поголемите компании,посебно од страна на државните и паравојните Q5 компании - проблем кој ја засега директно државата!
На ММ се прави еден вид на превара при што директно се оштетува државата и државниот буџет,се ствара нелојална конкуренција кога поголемите компании успешно крадат и профитираат а помалите компании неможат да сврзат ден со ден и постојано се криви а лебарите,житарите па и платите – но факт е дека крадењето е најголемиот проблем.
Погледнете го ММ,таму денарот го продаваат покрај другите и државни фирми кои први треба данок да плаќаат на својата земја,од кого крадат и за кого крадат државните фирми – на тие компании се газди луѓето кои тврдат дека се најголеми патриоти,луѓе кои постојано не убедуваат дека треба Обединети да бидеме – до кога ке се прави штета на еМакедонија.Дали има еден еМакедонец во тие државни компании кој ке каже доста на ова расипништво,вака ако продолжиме само слуги на соседите ке бидеме – постојано ке плачеме и кукаме за успешна игра а сами од себе крадеме и никогаш напред нема да тргнеме!
Едно резимирање на играва – дали освен добропознатите ни поединци кои преку ваков и таков начин стигнаа над 24 левел има процентуален еМакедонски број кој е задоволителен за една успешна еДржава – задоволителен е над 21 левел нормално!
Дали државниот врв во еден момент се заинтересира за овој вид на измама,да покрене кампања,да им укаже на еМакедонците дека ако крадат данок крадат сами од себе,се доведуваат до ситуација кога која и да е влада поради мал приход ке мора да ги зголеми даноците – дали сакате поголеми даноци – да ставиме по 50 злато дека новиот конгрес прво што ке направи е кревање на данокот по конгресменските избори

Не државниот врв ич не му чуе за останатите играчи,тие сакаат само пријателите да ги заштитат,што побргу да станат успешни тенкови и да отидат надвор од државава за да прават злато како платеници!Многу беден но проѕирен начин за успех во една игра и тоа на грб на своите сограѓани и браќа еМакедонци!Срамота е да се делат или се делеле државјанства на луѓе кои не се еМакедонци,на луѓе кои несакаат еМакедонија да ја видат како успешна земја на еРепублика!

Има – има луѓе кои немаат срам,луѓе кои немаат трошка гордост и барем малку патриотски мерак за да ја видат својата татковина како водечка сила во една игра,водечка сила каде што цел свет може да завидува на успехот кој може да се постигне само со малку труд и време!

Погледнете ја еМакедонија на дипломатски план,затворени од сите страни нема каде да мрднеме – ај две од три држави ни се појаки непријатели,пробавме војна со еБугарија неоди но зошто не се заинтересираат претседателот и неговите пајташи да издејствуваат барем една територија која би ја земале преку еСрбија,да не пушти еСрбија лево или десно од неа,па ако треба и Холандија за природен непријател ке ја прогласиме,само да го земаме скапаниот бонус у тепање и што побргу да напредуваме како играчи.Зарем нема маж во нашата влада кој може да издејствува вакво нешто,па дури ако треба и да плати само да мрднеме некаде!
Нема идеи,нема мерак за успех,се следат само добропознатите лоповски шеми и се бараат докази додека се краде – ајде ете докази,погледнете го Монетарниот Маркет и кажете што прават тие компании кога продаваат денари,зошто не си ги префрлаат парите и регуларно да си плаќаат данок!
Зошто!
До кога самоуништување – сам себе си го пукал ама никој не му објаснил дека ке го боли,паѓа денар,скока злато,мали плати – нема заработка во фирмите – епа тоа ти е Македонче – размисли сега пред да гласаш,размисли кој ке ставиш на фотеља у конгрес – немој да палчеш после затоа зошто ке те боли!!!!!!!