Македонската економија во пропаст или не??

Day 1,180, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by strate1

Како прво и основно што се случува со даноците? Во нашава ни еДржава имаме преголеми даноци.
Но што се случува со тоа дека секој втор сега има фирма... зашто би се увезувало некои работи кои веќе ги имаме кај нас во преголема количина.

Сепак прашањето е дали вреди да почнеш бизнис со фирма дали ќе имаш некој профит?

Доколку пранираш да отвараш само една фирма а понатаму да не следи уште една не ни почнувај!

Тоа воопшто нема да се исплати бидејки и ресурсите се сега намалени односно зголемени за да би имал со една фирма некој профит и некако да успееш да си ги вратиш тие 10 голд па потоа да почнеш да заработуваш. Секогаш се заборава така дека ти си вложил пари за да ја основаш фирмата и се мисли дека одма почнуваш да профитираш. Но не е така.

Затоа би му кажал на тој што планира да се бави со бизнис да отвори најмалку 2 фирми за ако сака некако барем малце од малце да заработува.

Доказ за сето ова е исто така и преголемиот број на компании кои се моментално за продавање. Изгледа луѓето сватиле дека нема некој поголем ќар.


Сето ова е само мое лично мислење и гледиште за моменталната состојба, кој сака може да прими совет кој несака немора.