Вака... ама до кога?... по нешто за сите!

Day 1,180, 10:10 Published in North Macedonia North Macedonia by MartinSpic

Епа драги eМакедонци и eМакедонки, како што сите знаеме, постoјат многу статии во врска со новите барања за основање на фирми, за паравоените единици, за намалувањето на ресурсите како што се житото и иронот, а со нивното намалување се намалуваат и лебчињата што е добро за повеќето, но не и за сите граѓани на еМакедонија. Да бидам пократок и попрецизен ќе ви ги објаснам претходно споменетите теми во неколку точки.

1. Новите барања за основање на фирми
Нема да ви ставам слики, туку ќе ви дадам линк за самите да се уверите какво е моменталното барање за основање на нова фирма..--> http://economy.erepublik.com/en/company/create'>http://economy.erepublik.com/en/company/create <--
Постарите, поискусните играчи знаат дека „порано“ пред некој извесен период за основање на фирма беа потребни повеќе од 20 голд. Бидејќи беа поскапи можеа само играчите што се на поголемо економско место да си дозволат фирма, а затоа што беа поскапи... повеќе беа пазени и многу ретко се зафрлаа, односно одеа на банкрот. Сите можеме да приметиме дека скоро сите Нови играчи си имаат фирма, а со самиот изговор Нови играчи се знае дека ќе се направи некоја глупост(Како што викаат старите..МЛАДОСТ-ЛУДОСТ-ГЛУПОСТ) 🙂 како што се намалувањата на цените на житото и на иронот, :/ а тоа не доведува до 2рата точка.

2.Намалувањето на... СЕ!!
Со намалувањето на житото, се намалуваат и лебчињата, што е „добро“ за некои играчи, мислам.. (цитирам) vie ne ste svesni, lebot pred 2 nedeli bese okolu 1 mkd a sea e na pola PA znaci bolje e za site!!!! уште еднаш ќе кажам, ова го цитирав, од каналот #eMKD каде што се уклучуваат секакви играчи. Епа ако го чита ова дечкото/девојката која ја прати претходно напишаната порака на чат, само пожам да му/и кажам... За жалење си и ти и сите такви како тебе, кои не размислуваат рационално... Да.. лебот се намали, ама незнам колку имате приметено дека и платите паднаа Ненормално многу. За вакви „фрки“ сите играчи ги обвинуваат Админите. Јас целосно се сложувам со нив. Пред некој ден читав статија (незнам чива) дека Админите го прават ова за играчите, а воедно и земјите од еРепублик да потрошат што е можно повеќе голд, а со трошењето на голд се ослабнуваат играчите(голдот е предност) а што е најтрагично и земјата во која се наоѓаат, во нашиов случај еМакедонија. Почнав да пишувам за голдот и земјите.. и тоа не доведува до друга точка...

3. Воените Единици
Воените Единици, без разлика дали паравоени или државни, се намалуваат, зошто? ..епа.. мое мислење е дека или некој не го сфаќа ова сериозно или дека не му е грижа... или пак сака да си заработи некоја пара. Извинете ако грешам ама јас колку што знам за да се регрутира играч во некоја државна единица треба да има над 500 сила. Немам прочитано некоја статија во која се објаснува ова, па еве решив да објаснам.. Според мене... ова барање е оправдано (не дека му треба оправдување 😃 ) поради тоа што ако се регрутираат играчи кои имаат под 500 сила, имаат помал инфлуенс во битките, војните. Второ.. не слушаат и почитуваат предпоставени или пак, дадената храна и оружје не ги користат како што треба, одностно ги задржуваат за себе. Пред некое извесно време еАРМ регрутираше играчи со над 250 сила, но по некое време го сменија барањето за регрутација на 500 сила. Но сепак не треба да обвинуваме и да „пцуеме“ некои играчи кои се на повисок левел и кои имаат некоја функција во државава наша. 🙂

--Апелирам до сите играчи кои имаат фирми а воедно и го читаат ова, нека се воздржат и нека ги накачат цените на материјалите кои ги продаваат од фабриките, без разлика дали жито, ирон, оружје или нешто друго. Со накачувањето на цените, ќе има поголем профит во фабриките, а со тоа ќе се зголемат и платите, зголемувањето на платите ќе влијае на вредноста на еМакедонските пари и Голдот на http://www.erepublik.com/en/exchange'>Monetary Market ќе биде подостапен за НАС, еМАКЕДОНЦИТЕ!!!!
(можам вака до довека да продолжам ама сепак ќе напишам уште едно нешто)
А кога ќе можеме да си дозволиме да си „играме“ со злато, ќе има фабрики со поголем левел, а со зголемувањето нивно, ќе можеме да се храниме со подобри оброци, да се бориме со посилни оружја и да освојуваме се пред нас како еден наш голем антички владител Александар III Македонски!!!

Македонија на Македонците
Македонец до Смрт
Македонско ваш
http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4304050'>Martinspic