Фронт, една од најдобрите единици во еСрбија [Мк]

Day 1,139, 10:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Vojska SNO

Здраво,
прво, чест ми е да ви најавам дека ова е статија за една од најдобрите единици во еСрбија, а со тоа и во еСветот. Се работи за единицата ФРОНТ, или Front of Heroes. Единицата Фронт, води корења од бригадата Тигри, кои беа во склоп на ВеС (Војска еСрбије), значи тие беа регуларна државна единица, но поради недоразбирања со тогашната влада, тигрите беа расформирани... но од тие храбри луѓе се создаде нова и уште подобра единица, наречена Фронт. Во тоа време, имаше 2 големи паравоени единици, едната беше Гардата ( во која членував и јас), а другата беше Фронт. Овие 2 единици имаа можност за нанесување на скоро милион штета, додека еден тенк најмногу можеше да нанесе 80-90 000 штета, што беше повеќе од неверојатно. Гардата имаше многу членови, но Фронт имаше добри, и силни војници... По тоа се разликуваа овие 2 единици. По моето заминување од Гардата, по предлог на Zika BG , одлучив да се приклучам во нивната единица... иако бев премногу слаб за таму (ми фалеа 3 сила, додека дневно без бустери се добиваше 0.04 сила максимум). Но, тука беше и заменичката на генералот Sapience, darlingsm која ме засака и не знам поради која причина силно лобираше за мене и мојот влез во Фронт. Конечно, одговорниот за регрутација mali_princ ме прими и покрај мојата несериозност... Да нагласам дека сериозноста во оваа единица е на највисоко ниво, до сега никаде немам сретнато единица со посериозен пристап кон работата! Следно што беше, е мојот престој таму... луѓето ме прифатија премногу добро, се зезавме, се шалевме... се радувавме на победи, жалевме на поразите. Од мојот престој што го поминав таму, можам да кажам дека она што ја држи единицата заедно и ја прави да биде она што е, е всушност заемниот почит помеѓу членовите, взаемниот почит помеѓу командата и војниците, и сериозноста кога станува збор за единицата. Ми се допаѓа тоа што тие луѓе таму, ја сфаќаат играта како игра и така се однесуваат, но сепак се сериозни и не дозволуваат да се однесуваат ниско и да се понижуваат себеси а со тоа и единицата 🙂
Следна работа е организираноста.На чело на единицата стои Sapience, главен и одговорен... Често молчи, но чита скоро се што се случува на четот. После него се mali_princ, негов заменик и одговорен за примањето нови луѓе, доколку го прашате кои се условите за влез во Фронт, ќе ви каже дека тоа да си човек (во права смисла на зборот) и да си нормален човек, па после доаѓаат сите други критериуми... Исто така е познат по тоа што при регрутација може да разговара со некој војник со часови пред да го каже својот официјален став 🙂 . Дојдовме до другиот заменик, или заменичка 😃 darlingsm... Тука искрено тешко можам да бидам објективен, затоа што стварно ја засакав, не само поради тоа што и она мене ме сакаше и ме бутна во единицата, туку и затоа што е стварно добра личност. Знае да се шали и зеза кога треба, и да биде сериозна и да наредува кога е потребно. Најголемиот дел од моето време во Фронт го поминав во координација (читај постојано прашување и замарање 😛 ) со неа, како и со највредниот логистичар Alex.l. Да и јас бев дел од логистичарскиот тим. Тоа е тимот одговорен за се, за работата на фирмите, за делењето ресурси при битка, за водењето евиденција... за се што може да се работи во една единица. Тоа е тимот на кој се темели организацијата, тоа тимот за пример за тоа како треба да изгледа еден војник, каква дисциплина и почит треба да има спрема командата и спрема надредените, да бидеш логистичар во Фронт е чест и привилегија а не работа 🙂 !

Друго... во Фронт има и неколку стварно добри тенкови. Тенкови од светска класа, кои ја прават единицата посилна и повлијателна во битките, во Фронт исто така членуваат неколку војници од Македонија, Црна Гора па дури и Бразил. Фронт, како единица има оставено голем впечаток и голем придонес во добивањето на голем број битки во светот. Затоа што кога е најпотребно тие знаат дека нема место за недисциплинираност и одбегнување на наредбите, но тоа не го прават од страв или наредба... туку од љубов и желба... од почит и затоа што едноставно така треба! Како што гласи и нивното мото, "Amor patriae nostra lex" или "Љубовта спрема татковината е наш закон", кажува и премногу за нивниот пристап во она што го работат.
Можам со задоволство да кажам дека ми е чест што бев дел од оваа единица, и чест што можам многу работи и искуства да пренесам тука, во нашава Македонија и да ја придонесам нашата војска да биде една од најдобрите, нашата војска да се угледа на единица во права смисла на зборот.
Искрено ваш Slajder o/