Тепање, особено за поновите
Plainswalker
Откако сум во еСветов, главната тема е не се тепајте додека не стигнете до 15-то ниво, не работете со под 20 енергија и слични теми:
Не дека тоа не е точно, ТОЧНО Е, ама некој да кажеше што да прават новите. Да не се лажеме секој сака да удри и пред 15-то ниво. Јас на пример се изнамавав, а сега сум 14то. Постои начин како да се тепате и да убивате (нема поента ако не го дотепате противникот), а да не си го уништите здравјето и сопствениот развиток. Само погледнете ја поубаво сликата од туторијалот:
Примерот што е даден за дечкото Marius е токму тој што ви треба. Не напаѓајте кога противникот е зелен, само кога енергијата му е во црвено. Секој ден ќе најдете по некоја битка каде противникот од старт е во црвено. Таквите ќе ги убиете со еден, а најмногу два удари. И толку е, секој ден по некој додека не дојдете навистина на 15то ниво.
п.с. секогаш кога напредувате по Military rank ви се обновува целосно енергијата, па планирајте соодветно
Comments
Да, можат да се тепаат, ама ако и само ако добро испланираат. И можат да се тепаат додека да станат од Recruit - Private. Затоа што за да станат Private им треба само 9 Ranking Points. И ќе им даде бесплатно да си го обноват здравјето. A за да го добијат наредниот чин им треба уште 20 Ranking Points, што е 200 здравје или 20 пати кликање Fight и е малце потешко. Затоа мој совет, нека се тепаат дур стигнат Private, и после по еден дневно да тепаат, т.е. По 2 пати да стискаат Fight е доволно. И пак да си го вратат здравјето на 100, затоа што толку сигурно заработуваат дневно.
Прв...?
Сосема се сложувам. Потоа оставете им на поискусните/појаките да се борат против тие со голема енергија. Ќе ви/ни дојде времето.
Поарно до 15 левел парите наместо за тепање давајте ги за бустери за тренинг зошто силата е најважна а ранкот си доаѓа сам по себе.
За бустери се троши злато, а за едно мавање на ден по некој денар за леб. Воопшто не е исто.