Ваша еПартија

Day 1,125, 14:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Panovski

Ваша еПартија


СТАТУТ






1. Член на Ваша еПартија може да биде секој граѓанин на eМакедонија, кој ќе даде свој придонес за нашата еДржава.

2.Член на Ваша еПартија е должен да дава придонес преку идеи и сугестии за подобрување на економската состојба во еМакедонија.

3. За конгресмен може да биде назначен секој член кој со своето знаење и искуство може да придонесе за зајакнување на еМакедонија.

4. Конгресмен треба да биде активен со предлози и сугестии до владата.

5. Конгресмен на Ваша еПартија е должен да присуствува на официјалниот канал на еПартија #vashkanal, еднаш неделно на официјалниот канал ќе се одржува состанок на кој граѓаните ќе може да поставуваат прашања и да нудат идеи во врска со моменталната состојба во еМакедонија.

6. Конгресмен на Ваша еПартија е должен да биде чесен и да работи за доброто на еМакедонија не за личен профит.

7. При судир на интереси секој конгресмен од еВаша Партија е должен да си поднесе оставка.

8. За Претседател на партија може да биде назначен секој член кој со своето знаење и искуство може да придонесе за зајакнување на еМакедонија.

9. Претседател на партија е должен да назначи дваjца заменици кои во ќе бидат активни и ќе одговараат на прашања на граѓаните за и околу партијата.

10. Во случај на вонредни ситуации конгресменот е должен да достави закони и/или идеи до владата со кои ќе се помогне на граѓаните на еМакедонија

11. Ваша еПартија е отворена за сите граѓани и секогаш ќе биде со народот и за народот, отворена и транспарентна и спремна за разгледување на секоја идеја поднесена од страна на граѓаните, на било кој начин, или членови на партија.

Сите заедно
За Подобра еМакедонија