Мартин Николоски - За Конгресмен !

Day 1,125, 06:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Illuminati

Почитувани граѓани на еМакедонија,

Денеска ми е чест да ви ја претставам мојата кандидатура при нашата прва и најзначајна партија „Обединета еМакедонија“ за Конгресот на Република еМакедонија. Имено ова е моја прва кандидатура уште од времето кога бев еБебе од пред два и нешто месеци кога за прв пат се запознав со играва веднаш после прилогот на ТВ Сител.

Податоци за мене:

- Возраст: 28 години
- Место на живеење: Охрид
- РЛ активности: Интернет кафе и продажба и сервис на компјутерски системи
- Менаџер од областа на туризмот

Залагања и активности во еРепублик:

- Линк од профил: http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3953745
- Како активен член и еден од организаторите и командантите на паравоената единица Македонски Илуминати на тој начин директно и активно вклучен во одбраната на нашата еРепублика
- Поради природата на моето РЛ работно место сум активен повеќе од 10 часа во денот било тоа да се рачуна на еРепублик или на ИРЦ каналот на #eMKD или #Illuminati.public во координирање на дневните работни и воени задачи на единицата и постојан контакт со нашиот државен врв со Министерството за Одбрана и другите министерства.
- Отворена заложба за решавање на економските и воените прашања кои што не опкружуваат секојдневно во еЖивеењето во нашава напатена еРепублика.
- Стекнување на нови пријатели и поддржувачи на еМакедонија насекаде низ еСветот
- Парите од медалот транспарентно ќе ги донирам во Државната каса за Одбрана на еМакедонија

Верувам дека голем дел од вас на овај начин ќе се запознаат со мојот лик и моето дело во секојдневието на еМакедонија и ќе ја дадете вашата поддршка за Конгресот на еМакедонија.

Со Почит,
Мартин Николоски

..:: Si Vis Pacem, Para Bellum ::..
* Macedonian Illuminati *