Статистика: Производители на леб - Прочитајте

Day 1,105, 11:02 Published in North Macedonia North Macedonia by DonExo

Вака понеделничката решив малце да ве размрдам со статистика 🙂 .

Инспириран од креативноста и точноста во математиката на еден еСрбин, решив и јас да направам ваква статистика за ситуацијата во нашата еМакедонија.



Подолу ќе ви презентирам една математика што вчера ја спроведов, и според неа вие одлучете се од кој левел работници ќе вработувате во вашата фирма.


~> Кликни на сликата

Објаснување околу табелата:
* 1ва и 2ра колона ви се вашиот економски левел и продуктивноста според него ( со првиот бустер и без повикани пријатели ; 95+ енергија ).

* Следните 5 колони претставуваат профитот на сопствениците на фирмите за леб од еден вработе во зависнот од тоа кој квалитет на фирма тие поседуваат и од кој економски левел имаат вработени.

* Ќелиите обоени со зелено се оние профитабилните за сопствениците, додека пак обоените во црвено се оние со кои сопствениците на фирмите за храна одат во минус доколку ги практикуваат.

*Последните 3 колони се:
- Вкупниот расход за еден вработен според неговиот Ек. левел.
- Највисоките плати за тој левел во еМакедонија
- Потрошените МКД за жито според економскиот левел и продуктивноста
( пр: 211 * 0,05 мкд = 10.55 мкд)




Но сето ова е сметано доколу сите работници ви се лојални и работат со задоволувачка енергија.
Постои позитивна и негативна страна кај вработените.
“-“ Секогаш и секаде ќе се најдат кре#ени што работат со 25 енергија и поради нив одиме во загуби.
“+“ Повеќето од нас имаат повикано барем по 2 пријатели преку својот рефер, така да на горенаведената продуктивност треба да додадеме 20% повеќе.



** Q4 фирми за леб на нашиот пазар има само 3 (лиценци од странски земји за во еМакедонија)
** Q5 фирми за леб на нашиот пазар има само 2 (една со лиценца за во еМакедонија и една стационирана во еМакедонија од Лазократите).
Така да, во овие 2 сектори тие си држат некој свој монопол, и доколку се зголеми бројот на фирми од овој квалитет - цената на овие 2 вида леб драстично ќе се намали.



Овде ви е претставен единичниот профит/загуба од вработен според неговиот економски левел.


~> Кликни на сликата



Се надевам дека бев од корист и со оваа моја статистика ќе помогнам на многу сегашни и идни сопственици на фирми во еМакедонија.


И Да, знам дека мојава статија ќе ја однема за 10-15 минути поради многуте “награди игри“ & “известувања“ кои ги спроведуваат бебињата стари по 10 дена... Но да се надеваме дека луѓето на коишто им е потребна ќе ја прочитаат на време.


Long Live !


Искрено ваш,