Туторијал: Како од обичен граѓанин до успешен бизнисмен.

Day 1,100, 12:36 Published in North Macedonia North Macedonia by DonExo
НАПОМЕНА: Статијава е малку подолга од нормалните, па ви би препорачал да земете кикирики и некое пивце при рака да си имате : ).




Пред некои 34-35 (на 19ти октомври 2010) дена се приклучив и јас на играва во добро-познатиот BabyBoom што го спроведоа еМакедонците.
Благодарение на Goxyto кој цела ноќ ме убедуваше и ми ја објаснуваше целта на играва, се излажав и јас и се регистрирав без никакви понатамошни намери да продолжам со играва.
Првиот ден ми беше доста глуп и досаден... кога ги видов сите оние опции (Job market, Marketplace, Elections, My places...) кои ги нуди играта - си реков: “Каде се впуштив јас?“ и така помалце разочаран се одлогирав и си легнав да спијам.
Наредниот ден, истиот тој Goxyto согледувајќи дека веќе се имам регистрирано почна подетално да ми ги објаснува целите и концептот на самата игра, и искрено, баш ме заинтересира. Почнав да читам весници, се приклучив на чатот, се регистрирав на форумот и лека-полека почнав да се заинтересирувам за играва.
Малку подоцна сватив дека најлесен начин за да се збогатам во играва беше да повикувам пријатели да се регистрираат преку мојот линк (реферал) и да ги убедам да се задржат во играва барем додека не стигнат 10ти левел. Така и направив, ги замолив моите онлајн пријатели и пријателки да се регистрираат на играва, и да ја играат барем 3-4 дена додека да кренат 10ти левел и да си го соберат златото од Мапите со Богатство. Тоа и го направија.
До тука веќе имав 2-3 страни со мои “реферали“ но само 5-6 од тие имаа живци да издржат и да стигнат до 10ти левел 😃.

Веќе бев 15-16ти левел и имав некаде околу 20 злато (14-15 од моите мапи & 5-6 од рефералите кои качиле до 10ти левел).



Почнав да го разгледувам Монетарниот Пазар и гледав како се одвиваат таму работите. Пробав, ставив некоја понуда таму, но некако безуспешно бидејќи моите понуди беа многу мали и никој не се интересираше за нив.

Останав разочаран, порастот на моето злато стагнираше.. веќе недела дена не бев качил ни 1 златник повеќе.

Добив идеја да отворам фирма, но за фирма ми требаа минимално 40 злато (45 за со корпорација). Бев далеку од таа бројка, па побарав на форумот партнер со кого би отворил заедничка фирма.
Потрага беше успешна, извесниот Georgioski Igor ја прифати понудата и отворивме заеднички нова организација и нова фирма за камен.
Каменот во тоа време се продаваше како алва бидејќи немаше многу фирми за камен а побарувачката беше задоволителна и платите беа доста ниски за наши стандарди.
Набрзо почнаа мали недоразбирања меѓу нас 2цата, и мораше некако да се одделиме - или тој да го откупи мојот дел, или јас неговиот. Игор не појавуваше интерес за да го откупи мојот дел, па затоа се активирав јас.
Почнав масовно и со тежок спам да го ширам мојот рефер (www.erepublik.com/en/referrer/DonExo) на сите веб страни, форуми, мсн, социјални страни како Facebook & Tweeter а највеќе на интернет клиентот GARENA.
Откако ќе забележев дека има нов регистриран од мојот линк - веднаш му праќав веќе изготвена порака (и на англиски и на македонски) со која барем малце од малце му ја појаснував целта на играта и зошто би тој требал да продолжи активно да игра. Така и успеав да задржам неколку активни играчи кои ден денес се по 16-19ти левел...
(Реално мислам дека најмногу рефери имам токму од оние коишто го видоа мојот спам по Garena каналите).

Така собрав злато од сите тие нови играчи и од мапата Society Builder. Го откупив неговиот дел и станав самостоен сопственик на организацијата и фирмата.
Во подоцнежниот период бев активен по цели денови на играта и нон-стоп работев по принципот 9/10 играчи (оставам 9 играчи да работат само, 10от влегува, сработува и веднаш го отпуштам и се така...).


Happy Workers 🙂

По некое време се кренаа и другите реферали на 10ти левел, па добив уште една SB мапа, во меѓувреме добив HardWorker, собрав профитот од фирмата од камен, и речиси имав злато доволно и за нова фирма. По некој ден отворив и 2ра фирма (за к1 куќи) и со добрата промоција успеав да продадам некаде околу 30тина куќи на еМакедонскиот и еИндонезискиот пазар.
Денес, (иако сум должен 20 злато) сепак поседувам 4 фирми (2 за суровини {камен;жито} & 2 за готови производи {куќи;храна} и мислам дека одлично ги менаџирам.

Би сакал да апелирам до сите новопечени бизнисмени: Оставете го златото нека ви тропка во џебовите колку што е потребно, не брзајте да го потрошите и инвестирате во непрофитабилен сектор, прво испитајте го секторот и државата во која планирате да инвестирате.
И ДА, ШИРЕТЕ ГО ВАШИОТ ЛИНК КОЛКУ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ !!



п.с. Моментално имам 8 страници на пријавени играчи од мојот реферал, но само 30мина се над 10ти левел... па сега вие направете си ја математиката колку злато сум добил од нив 🙂
п.п.с Ме фати мрзата веќе да спамирам xD.


Се надевам дека барем неколку од вас поновите ќе ги следат моите чекори и ќе успеат во еБизнисот.

Поздрав и секое добро.

Искрено ваш,