еИсторија

Day 1,099, 10:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Arch1monde

Си седам по дома,немам што да правам и си велам да направам една кратка анализа на досегашните Светски војни во есветот.90% од населението во Македонија
е од последниот baby-boom така да би било добро да сте запознаени со историјата на оваа игра.Поради тоа ќе се обидам накратко да ви приказам за што станува збор.
Секој ден ке излегува нова статија за секоја Светска војна,но дотогаш еве ви една кратка содржина за да знаете за што станува збор.




Вовед во еСветските војни

Пред неколку дена еСветот прослави 3 години од своето постоење.Низ овој период се одвивале 5 светски војни.Најзначајна и најинтересна е III еСветска војна.Оваа војна е прославена по Северно-Америчката инвазија од страна на сојузот Феникс.Соединетите Американски Држави биле сведени на само една територија(Флорида) која што успеале да ја сочуваат бидејќи тогашниот Руски
претседател се успал и не успеал на време да стане и да го започне нападот на САД. I еСветска војна немала некое големо значење освен што била прва,и започнала со нападот на Романија врз Унгарија.
II еСветска војна имала голема значење за еСветот и по завршувањето на оваа војна се покажало дека ATLANTIS(ЕДЕН) неможе да му конкурира на PEACE(Феникс).Додека пак IV и V еСветските Војни немале големо значење за еСветот,не траеле долго и немало некоја голема офанзива.
Единствено значајно за овие еСветски војни е тоа што Феникс ги завзел Rhone Alps од Полска, а ЕДЕН Heilongjiang од Унгарците.



Во текот на денешниот ден или утре ке започнам со подетални информации за секоја војна.