Претседател на Собрание

Day 1,589, 05:18 Published in North Macedonia North Macedonia by dedo mraz 78


Добар Ден Македонијо

После напорни избори , вчера се собравме конгресмените да избереме Претседател на Конгрес [ Собрание на македонски ]. И после многу расправии - типично за Македонија ме избраа за Претседател на Собранието. Пред собирањето на #kongresMKD сите конгресмени добиа порака да присуствуваат , сите беа известени . Кој имаше интерес да присуствува и да остави печат врз еИсторијата на еМакедонија доде и го даде својот глас .



Предлозите беа да партијата со најповеќе Конгресмени да даде предлог на Претседател што не беше испочитувано и беа предложени 5 кандидати Јас ,specanz,Boban,Djuk и Branislav1995 .

Мнозинството од присутните ме избраа мене , што сум им благодарен .



На денешното собирање ќе се избираат 4 комисии . Бидејќи Собранието е орган кој ја контролира работата на еПретседателот и еВладата , така да комисиите се следните. Ако сакате уште некоја дајте предлог .



1. Комисија за Контрола на МоД - оваа комосија ќе ја контролира работата на МоД тимот затоа што сите мислат дека тика се прават најголеми малверзации.



2.Комисија за Државјанства: - оваа комисија ќе постави правила за давање на државјанства , кои ќе бидат бесплатни. Затоа што никој не им дал право на конгресмените да бараат пари за Државјанство.



3.Економско - Финансиска Комисија:- прва задача ќе и биде да се анализа кои даноци треба да се сменат и Основната Фунција да ја контролира работата на Народна Банка на еМакедонија и Mинистерството за Економија.



4. Комисија за Помош на еБебиња: - како што знаете подолго време во еМакедонија се дели помош на еБебиња и тоа функционира преку Министерството за Информирање и нивниот чат канал #emkd-info. Оваа комисија ќе ја надгледува работата на ова министерство кое дели помош на еБебиња.

Сите комисии ќе може да имаат надворешни соработници и ќе бидат должни преку некој весник од членовите да даваат извештај за работата еднаш во неделата. Се на се 4 извештаја се .

Се надевам бев јасен и ќе ги оправдате гласовите и довербата што ви ги дадоа еМакедонците и еМакедонките.




Председател на Собрание: Дедо Мраз™