Второ обраќање [Little Beast]
Narodna Banka na Makedonija
Здраво на сите.
Помина една недела од моето владеење и сега сакав да напишам една статија со случувањата во оваа прва недела владеење.
Јас сум задоволен како тече мојот мандат. Речиси сите работи кои беа ветени ги спроведувам и докажав дека си стојам на зборот. Данокот веднаш по стапувањето на функцијата беше намален, после неколку месеци без конгресменска порака таа е повторно во функција, ветените проекти се објавени и започната е реализација. Се надевам дека вие сте задоволни од моето досегашно водење на државата. Би ве замолил сите кои имате предлози и идеи за подобрување на нашата заедница да ме контактирате како би можеле да разговараме и да најдеме решение вашата идеја да биде реализирана.
Остварени се контакти и креирани се групни пораки со сите наши сојузници, како и командирите на нашите воени единици благодарение на нервите и заложбата на мојот МОФА Phantom MKD без кого немаше да бидат тие реализирани. Со тие пораки се олеснува комуникацијата.
За жал не е се така совршено во мандатот. Веднаш по стапувањето на функцијата еден од нашите конгресмени Феликс упати закон за НЕ над Турција. Следуваше повратен закон, како и закон за напад од Албанија. Овој закон беше доста неразумен и избрзан што само ни донесе штета. Како што знаете НАПот истече на 10ти Јануари и баш поради тој закон беше одбиено сегашниот мир да биде продолжен без да се вклучи и Турција во него, нешто што како прво не беше дел од сегашниот договорен мир, а второ Бугарија никако не сака да го прифати тоа. Во моментов таква е ситуацијата и преговорите не ја постигнаа целта т.е. продолжување на НАП.
Најискрено се надевам дека вакви испади во конгресот нема да има до крајот на мандатот и во иднина доколку на некого го интересира ситуацијата нека ми се обрати мене отколку да решава некакви свои замисли индивидуално што само би предизвикало штета на државните позиции.
Често бев прашуван од играчите наши дали и кога ќе се помогне на Бугарија, но во координација со нив ми беше јасно ставено до знаење на почетокот на мојот мандат дека во тој период немаат потреба од наша воена директна помош и дека доколку во иднина има потреба ќе бидеме известени. Бевме мирни и будно ја пратевме ситуацијата во Бугарија. После неколку денови интензивно договарање на крајот се реши Србија и Македонија да ја нападнат Турција и да ја ослободат Бугарија. Вчера се водеше страшна битка меѓу Србија и Турција, додека ние не бевме во можност да пуштиме напад бидејќи во единствениот регион со кој граничевме со Турција имаше започнато востание, кое Турците го кренаа и беа побрзи од Бугарските играчи па наместо да се крене востание во друг регион на крајот се крена во Софија. Ова востание беше задушено што беше на штета на Турција бидејќи тие сакаа да се отсечат од нас и веднаш ние тргнавме во акција и засега целиме кон целосно ослободување на Бугарија.
АСто на Турција во УАЕ создаде тензична и неизвесна состојба за нас и почнаа црни сценарија и веќе нашите играчи не видоа исфрлени од СА. Би сакал да ве смирам и да ви појаснам да не избрзувате со заклучоци и прво мене да ме контактирате ако нешто не ви е јасно отколку да се шири негативна енергија. Засега такво нешто нема да има т.е. наше исфрлање од СА како последица на нивниот АС бидејќи знаевме дека тоа е чиста трениниг војна без желба за нечиво исфрлање.
Во врска со данокот, како што ви беше ветено тој беше намален на 3% со ветување дека ќе остане фиксен во првата недела од моето владеење како би се согледале последиците од намалувањето на данокот. После извршените статистики и проверки, како и гласање во владата одлучено е данокот да се врати на старата вредност од 5%, од проста причина што за 2% намален данок, државата губи 50% од приходите, плус не се создаде никакво поместување во нагорна линија на работењето во фирмите, т.е. речиси идентично како што паѓаше приходот од вкупните даноци, така паѓаше и приходот од работа во фирмите што значи истите кои досега работале, работаат и сега, значи нема привлекување нови луѓе да ги работаа фирмите.
И на крајот збор-два за статијата со повик за собирање храна за АС објавена од индивидуалец, а не владин член. Таа статија наиде на негодување од страна на нашите играчи поради ситацијата на Бугарија, реакција што е нормална, но јас лично не видов ништо лошо во таа статија. Воопшто нема да пречи доколку АСто е наполнат и ни биде на располагање во наредниот период, бидејќи моментално сме во воен период и не е лошо да се почне по малку да се полни, а плус и не се знае колку време ќе трае ситуацијата со Бугарија, значи се е возможно. Нема никаква штета од тоа АСто да биде полн и да се остави на следниот ЦП да има повеќе опции (можеби ќе одам и на втор мандат кој знае).
Ситуација кога најмногу ме израдува е што гледаме дека на големо се започнува со авио проекти како би се зајакнала нашата војска во тој дел од играта. Навистина е позитивно да се види како луѓето се трудат да остварат нешто што ќе има корист за државата. Сакам да испратам огромен поздрав до GAMBLE_24 и SudacaMKD како и до единицата Macedonian Army за проектот, и испраќам апел до останатите единици да вложуваат во авио делот и да прават проекти кои ќе помогнат да има поголема конкуренција, а со тоа и поголем ефект. Државата е тука за било каква помош и поддршка на секој оној кој има идеја за авијацијата.
Тоа би било се што можам сега да кажам, доколку на некој му треба нешто или сака да праша слободно може да ме исконтактира.
Искрено ваш
Little Beast
Comments
Второ обраќање [Little Beast]
https://tinyurl.com/y8d5m6b6
o7
За една недела сакал човеков да види резултати...
човеков кој воопшто не работи фирми и тие како него запнале данокот да е на 5% па другите што едвај крпат крај со крај на 5% данок кој ги врти тие се небитни како секогаш што се кажува а на крај испаѓа дека бужетот највеќе се полни од нив...
МнМ е строго против зголемување на данокот и така ќе остане.
од моја страна обаво беше објаснето како постепено да се направи економија која со помал данок ќе даде поголеми приходи на државата,но ти се направи паметен да слушаш скамери и мулташи и не ме послуша.
сега качи данок не на 5% туку на 10% избркај ги и оние што сеуште имаат холдинг во МКД па после и со 100% данок нема да ви се полни касата.
Da prajme realen muabet holdinzi nikoj vo mkd ne otvara.
So danok od 3 posto nema pari ni za Mppa ne pak za vojna. Za da opstojuva drzavava mora da ima danok. Nekoj nema firmi ama sekoj den vrti zlato od medali, taka da sekoj plaka na onakov ili takov nacin.
Danokot treba da e 5
слабо разбираш како оди економијава на играва,како сакаш да ти отвара некој холдинзи кога данокот ти е на енормно високо ниво?
и како тоа нема никој холдинзи кога данокот што го каќуваш е наменет највеќе за тие со холдинзи што имаат...
нешто не ти е јасно она што го пишуваш изгледа на самиот себе.
Nikoj ne go glea danokot tuku sto resursi i bonusi imas. Ne sum nenormalen holding da pram ko ke imas 100 posto na drugo mesto.
Jasno e be man na 70 posto za hrana bonus iame samo holdinng ne se prajt
kako toa MnM e protiv koga eve jas sum vo MnM i mislam zakonot treba da e 5%
uste mislis deka privatna ti e partijata ?
Даркмане ти си скамер-лопов ти пишува преку скрипта на профилот,
гласаш против партијата и проба насилно да ја превземеш прита што изгуби пак со голема разлика на изборите...
сеуште мислиш дека си битен во МнМ?
луѓе кои се против партијата и државата не ги рачунам за свои,ајде сега позз оди кради ги тие што не те знаат.
ti si siptar i pukas za grcija uste mislis deka si biten na igrava ? 😃
Е така бате МнМ е против данокот од 5% ... не туку прај разор во паријата ако сакаш толку да раководиш со партија или основајси или земи докажи се дека ја заслужваш таја позиција во партијата ,не треси само глупости..
не може да се менува данокот по желба и на секои пет минути, кој би инвестирал пари ако нема константна даночна политика
од данокот за работа се добива дневно 40к, а од пукање 5к. пукајте малку повеќе и ќе се среди
Makedonija resursi za oružje - NEMA, za kuki - NEMA, za avioni - NEMA, znači vaka ili onaka so 0% ili so negativen bonus, ne sme interesni za investiranje. Za hrana ima nešto tuka i tamu, 45-75% ama za ekonomično rabotenje e malku, duri i so 1% da e danokot. Taka da, nakrivi si ja kapata i ne slušaj (čitaj) koj što pišuva
предлог сите што пукаат во тренинг војните за македонија да се даночат со 3 златници и така да се полни буџетот и данокот да си остане 3%
o/
o7
Разлика помеѓу првиот и вториот закон за NE на Турција е 5 дена. Да не беше првиот закон немаше да го има ни вториот или барем не сега. Така да првиот закон си ја заврши целта, а тоа што Грција сака да ја вклучи Турција во НАП нема врска со првиот закон. Со тој закон не е нарушен НАП-от пошто не е изгласан.
Голема е разликата меѓу првиот и вториот закон. Со првиот закон ќе бевме сами и згазени бидејќи вчера видовме каков штек извадија Турците против Србите ние поради недостиг на промоција за поефтини барови немаме таква моќ.
Од Грците јасно ни беше напоменато дека поради законот не сакаат да потпишат НАП без ТР бидејќи им се сојузници, а ние со законот воено се заканивме. Да не беше законот можеби и ќе го продолжевме НАПот.
Bugarite ne sakaa da pustime NE togas zatoa sto ne bea spremni
mislem deka dodeka e zemjata vo vojna danokot treba da bide pokacen na 7%
vo mirni vreminja neka si bide na 3-4%
zgolemete za uste 2%
како е Турција-УАЕ тренинг војна, кога емиратите велат дека не е?
а и да е, во некој случај, кој гарантира дека Турција нема да ја искористи та база, тие региони, за кога ќе биде добар теренот, да не нападнат?
Веќе ни се има случено такво забивање нож во грб од нив, во период на ОНЕ сојузот, а тогаш бевме и сојузници, замисли. Уште им го памтам тоа, што и многу ме прави среќен за ова војна што толку долго ја чекам.
Кажи ми сега, кога немаме никаква допирна точка со сојузништво со нив, зошто не би не нападнале?
Почтеничка грешка е тоа според мене, да им се верува на нив.. без разлика на се.
Само гази. 🙂
o7