Метастаза - [Таша.МКД]
Princess of Nigeria
Од душава те откорнувам,
прецизно и остро засекувам како со скалпел,
во сопственото месо заривам без да трепнам,
без збор, без бол....оти болката и онака е веќе преценета.
Хируршки те отстранувам, полека, со внимание,
од сите делови во кои си метастазирал,
сечам, фрлам, бришам по некое сеќавање.
А добро те препознавам,
сите затруени делови се црни како твоето “те љубам”,
мирисаат на лага....о, да...лагата мириса...исто како и вистината
исто како и љубовта...
исто како и...
Но, без патетика молам!
Сега мојата работа бара прецизност, а не безначајни описи.
Длабам, копам...и ништо не чувствувам,
дури ни тага нема во моето срце,
барем не во она што остана од моето срце
Сечам...дел по дел...
И ете...емоција....
Страв....
Сечам....и гледам....од мојата душа ништо не останува,
ја чистам или убивам,
ја убивам или спасувам,
ја спасувам или само се надевам.
Рацете ми се тресат....
И повеќе не сум силна,
ниту прецизна...
Копам со прсти....те вадам,
немам повеќе трпение,
откорнувам се’...
Тебе, себе, душава...
И ме фаќа смеа,
смеа, оти солзи немам...
И се’ околу мене ечи од смеа,
додека во рацете ми лежат неколку тажни парчиња душа.
[img][/img]
Comments
Метастаза - [Таша.МКД]
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2369582/1/20
уууууу,морбидно
🙂
Животот носи и лоши работи, не е се розевко 🙂
да направам како што ми доликува.... о7
🙂
добро е 🙂
: )
MOKNO !
So stori be Tasa, pred spienje nokni mori da imame, prekrasno delo, bravo
Нема ништо страшно хехе
😁)
Го читав ова во рап фазон и добро оди. о/
o7
: )
романтично докторски онколошки хируршки...
воут29, одамна сум саб
[removed]
Многу добро напишано 🙂
Таша после секој интерпункциски знак се остава празно место. И не е „се’...“ туку е „сè“.
го читав ова внимателно, и се некако како хип хоп ритам да ми фали на писанието твое 🙂
т.е. мислам дека ова е добар текст за да се отпее 😉