[Felllix] Imperio quo vadis?

Day 1,992, 08:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Felllix







Поздрав до сите и среќни Велигденски празници!

Христос Воскресе!




Ке го искористам денов за да се обидам да ве размрдам малце и да ве извадам од повеќемесечната летаргија која владее во нашата играчка заедница.

Сведоци сме дека многу работи во нашава заедница не функционираат најдобро или воопшто не функционираат, еден подолг период наназад, со чесни искључоци. Месеци наназад имаме нефункционални влади кои немаат никакво влијание на домашен, а со тоа и на меѓународен план.
Би додал дека не се ни трудат да остават друг впечаток.

Од друга страна сеуште имаме играчи за кои вреди да се игра играва и кои се обидуваат да и дадат каков таков правец на еМКД.

Имаме и нови играчи кои веројатно никогаш нема да го доживеат чувството кое постарите играчи сеуште ги тера да се логираат и да sирнат што се случува, иако многу од нив и се одкажаа до сега.

Основен двигател на случувањата и анимирањето на играчите, во Претседателскиот систем кој е основа на политичкиот модул во играва, е функција на Црепот и владата која истиот ја назначил.

Како втора инстанца или негов коректор тука е Конгресот и јавноста.
Доколку не функционираат овие две инстанци-нема игра!


Без намера било кого да тролам и да обвинувам би сакал да ги подсетам поискусните играчи како беше порано... патем новите играчи можеби и ке научат нешто.




Функции:

Претседател (Country President-CP) aka Цреп.

Играч кој ја носи одговорноста за еМКД во тек на еден месец на домашен и на меѓународен план. Избира Влада и ја контролира. Предлага MPPa поставува CoD и пушта напади.Контактира со Конгресот, го трасира патот по кој ке се движи државата тој месец, па и подолго и навремено ја информира јавноста за истите.
Има pass од НБМ.

Конгрес (Congress)

Првиот коректор на работата на Црепот и Владата.
Дебатира и гласа за MPP-a, NE-a, даноци, одобрува државјанства и менува Црепови (поднесува и гласа закон за Impeachment), доколку Црепот не се придржува на своите должности.

Во други држави Конгресот одлучува и за членување или не во алијанси додека кај нас таа функција ја има јавноста преку институција Референдум.

Премиер (Prime Minister, vCP)

Десна рака на Црепот, одговорен за функционирање на владата и обавезно има pass од Црепот.
Има pass од НБМ, како доверлив човек на Црепот.

Министерство за одбрана (MoD)

Ја организира и контролира воената моќ на државата.
Одредува тактики и поставува приоритети и навремено ја информира јавноста за истите. Соработува со MoD-овите од сојузничките земји и заедно со Црепот и MoFa-та учествува во формирањето на глобалната политика на сојузот.
Исто како и Премиерот потребно е да има pass од Црепот, а pass-од НБМ е опционен.

Министерство за Надворешни работи (MоФа)

Ја креира надворешната политика на земјата. Соработува со истите Министерства на сојузничките земји и заедно со Црепот и MoD-от учествува во формирањето на глобалната политика на сојузот. Одредува Амбасадори во земји од интерес, ги следи случувањата на надворешно-политички план и навремено ја известува јавноста за истите.

Министерство за финансии (МзФ)

Води сметка за буџетот со кој располага и одобрува средства за користење на Црепот и MoD-от и МзЗ Притоа води детален извештај за истото и поднесува извештај на јавноста.
Предлага и реализира економски стратегии со цел обезбедување средства за спроведување на политиката за тековниот месец.
Има pass од НБМ.
И би додал изнаоѓа алтернативни можности на финансирање, со оглед дека непостои економија во играва веќе.

Порано постоеше и министерство за Економија меѓутоа се покажа дека нема потреба од двете.

Министерство за Информирање и Образование (МоИ)


Информирање на јавноста за случувањето на надворешно политички план, промените во играва, изработка на туроријали за нови играчи, трасирање на јавното мислење преку анкети итн.

Порано постоеја Министерства и за информирање и за Образование.

Министерство за Здравство (Мзи)

Обезбедување на основни предуслови за новите играчи со цел анимирање, информирање и задржување во играва.






Не планирав да пишувам устав, пошто не сум најповикан за тоа. Таа работа им ја препуштам на правниците.

Само сакам да ги потсетам идните кандидати за Црепови и сите вас дека не е се во медаљата. Медаљата ке светне и толку.
Останува нешто повеќе од медаљата, а тоа е дружењето и пред се презентирањето на Македонија.

Исто така тука се 300 активни играчи + 500 двокликери кои сакаат да ја играат играва.

До идните кандидати за Црепови: Доколку немате 5-6 луѓе кои би биле онлине заедно со вас барем 8 саати дневно, не се нафаќајте на функции!!!

Христос Воскресе!

о7