[Felllix] Defence Shield-Што да очекуваме ?

Day 2,094, 16:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Felllix




Поздрав!

Денеска како што повеќето сте запознаени од банерот освоивме штит од Q3 квалитет или штит кој ке ни надохнади штета од 3 милијарди.

Поконкретно како тој штит функционира можете да прочитате тука

Од поважните точки во објаснувањето треба да се напомене дека штитот се активира автоматски и дека се активира само доколку земјата се брани од директен напад или доколку против земјата се крене востание.
И понатаму се објаснува како се распределува штетата од тој штит по битки и каква е зависноста на штитот со бројот на регионите кои ги поседува земјата итн.

Се поставува прашањето како тоа би функционирало во битка како бројки и што тој штит всушност значи.
После подолго разгледување на битките со активиран штит ке ви претставам што тој штит значи преку најверојатното сценарио по кое би се активирал нашиот штит.

Пред се за да се активира потребно е да бидеме ние нападнати бидејки е одбрамбен штит, односно штитот ке биде неактивен се додека не ослободиме територија и додека не бидеме нападнати.
Кога тоа ке се случи целиот штит ке биде потрошен во првите 5 битки од кампањата, особено доколку бидеме нападнати од силна држава, со тоа што на почетокот на секоја од тие 5 битки од штитот ке го добиеме следниов инфлуенс распределен по дивизии:





Како заклучок би сакал да кажам дека доколку бидеме нападнати на една територија многу веројатно дека истиот напад и би го одбраниле. Со напомена дека тој инфлуенс се додава на почетокот на битката кога добивката во поени е најниска во минута време. Меѓутоа сепак мислам дека се работи за голем инфлуенс како предност.
Лошата страна е што тој штит ке ни трае многу веројатно само таа една кампања.

Се надевам дека ви пренесов корисна информација.

Да Живее Македонија!

о7