[Felllix] Кандидатура за Претседател

Day 2,115, 02:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Felllix




Почитувани,

Ред е и јавно да ја објавам својата кадидатура за Преседател на еМакедонија.
Нема да се преставувам кој сум и што сум во RL бидејки со еден добар дел од вас се имам сретнато до сега, а за оние со кои не сум имал прилика да се запознаам ке кажам само дека не сум дете.
Што се однесува до играта сметам дека доволно сум активен за да се обидам успешно да ја водам државата во наредниот месец. Сум бил повеќе пати MoD на Македонија, vCP, Когресмен, повеќе пати MoD на Чешка и еднаш CP на Чешка.

Последниве денови со успешниот AirStrike и успешното префрлање на главниот град во Нов Зеланд постигнавме огромен успех. Го постигнавме тоа во што и самите не верувавме до пред некој ден. За тоа сме заслужни сите ние, а можеби најзаслужен е Persej Makedonski со своите храбри одлуки. Понекогаш се исплати да се ризикува и би сакал да му одадам признание за успешниот мандат.
Секоја чест брат!


Тука веќе се наметнува и целта поради која се кандидирам за Претседател.

Доколку бидам избран за Претседател основна цел ке ми биде задржување на нашето присуство во Нов Зеланд и обезбедување на Конгрес.

Нема да биде лесно и затоа апелирам и ве замолувам сите вас активно да се вклучите во остварување на таа цел. Ако успееме да издржиме наредниов месец за понатаму ке биде полесно.



Тимот со кој ке работам:



Министерство за одбрана
MoD тим:

еfiljo
Persej Makedonski
boshkovski
macedonia96
Alphonso Gabriel
PUKNIUMRI
Branko C
StiflerFromAerodrom

и други кои сеуште неуспеав да ги исконтактирам, како и сите други кои помагаа последниве месеци или имаат желба да помогнат.
Целта на тимот ке биде 24h покривање на CO во критични битки и поделба на тенкови по потреба. Сето ова во рамки на расположливите финансии, со кои сме максимално ограничени за овој месец. Воедно апелирам до сите вас да донирате вишок на средства доколку имате во Macedonian Army или во единиците во кои членувате. Дополнително ке биде објавен владиниот чат канал каде што ке се врши координација со сите командири кои имаат средства во единиците и сакаат да ставаат CO во критични битки.


Министерство за Надворешни работи

MoFa тим

BusephalusIII
ePece
BlackMK
SKOPJE 5
Chucky001

Дополнително ке бидат вклучени и други членови во тимот.

Курсот на надворешната политика е јасен, продлабочување на соработката со сојузниците. Изминатиов период имавме одлична соработка со сојузниците кои ни помогнаа многу и ни помагаат, како што и ние изминативе месеци без штедење пукавме за сите сојузници.
Остварени се веќе контакти со Индонезија и слушнати се нивните размислувања околу евентуална прераспределба на региони и останува во наредниот период со новата влада да се донесе одлука.
Последниве десетина дена сме и во преговори со Албанија и Босна и Херцеговина со цел взаемна соработка. Што се однесува до MPP то со Хрватска го поддржувам и сметам дека е добро што Македонија подаде рака на пријателство. Свесен сум дека сеуште постојат многу пречки за оптимално функционирање на тоа ново пријателство, меѓутоа сум оптимист.
Во овој дел исто би сакал да ве замолам сите вас на воздржани шаути во врска со Хрватска, Србија и сите други земји. Сепак е ова само игра која ја играме се помалку луѓе и треба да се респектираме меѓусебно без оглед на сојуз во кој припаѓаме.



Министерство за финансии

buli11
Boban Mitrovski

Во моментов навидум незначајно министерство сооглед на финансиите, меѓутоа би било многу значајно после Конгрес. Во изминатиов период се земаа повеќе позајмици од сојуз и поединци кои е ред да се вратат кога ке добиеме пристап до трезорот и би сакал тоа да е транспарентно и со сигурни луѓе во министерството.

Министерство за здравство

Invisible DuSt
Vasko101
ORIGINAL MKD

Ке продолжи со работа министерството и за почеток ке се издвојуваат пари само за ова министерство.

Министерство за информации

El Che G
GoodBeer

Исто така во овој дел сакам да напоменам дека ке се трудам редовно да пишувам статии и да ве информирам за важните настани поврзани со државата.


Доколку бидам избран ве повикувам сите вас кои сакате да помагате наредниов месец да ми се обратите ingame или на чат каналот на владата.


Да живее Македонија!

Поздрав,
Felllix