White Eagles, најдобрата паравоена единица! [:rulez:]

Day 1,140, 10:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добро вечер еМакедонијо,

инспириран од неодамнешната статија на Сљајдер решив и јас да напишам статија околу единицата која имаше една од најбитните улоги во мојот војнички еЖивот исто како и кај многумина од денес најсилните еМакедонци.



Се работи за единицата White Eagles или во превод Белите Орли, која е формирана на ден 507 од новиот свет и постои скоро две години што ја прави најстарата паравоена единица во еСрбија па и целиот нов свет која не претрпела некои значајни измени. Според моите информации како едни од основачите се јавуваат Sakal_ks и Ljudislav, а голема заслуга за развојот во почетоците има и RaleX037.

Иако формирана од еСрби како Српска паравоена единица уште на своите почетоци оваа единица прераснува во интернационална единица која секогаш се борела за интересите на PEACE GC (PHOENI😵 и нормално еСрбија. Низ оваа единица прошле многу славни имиња на еРепублик, само ќе ги споменам најпознатите еТурци BattalGazi и teknik562 и повеќекратниот претседател на еСрбија, адмиралот сир Lipec. Едно од основните начела на оваа единица беше почитта кон соиграчите и взаемното помагање. Според статутот забрането беше било какво навредување по национална или верска основа и тоа се почитуваше, заедно се боревме Македонци, Срби, Хрвати, Босанци, Унгарци, Турци и никогаш немало проблеми. Со еден збор најдобар приемр како треба да функционира една мултинационална единица 🙂



Ако добро ме служи меморијата дел од најстарите еМакедонски играчи во одреден период биле членови на оваа единица. Ќе ги посочам несреќно банираните Toneh и Martin Davitkovski, и ако не се лажам и сегашниот МоД на еМакедонија Slajder кој бил член на скоро сите појаки воени единици во еСрбија 😛


Аватарот кој го носеа еМакедонците во рамките на WE 🙂

Моето приклучување кон единицата дојде сосема случајно, по еден месец поминат како конгресмен во еБелгија се вратив во еСрбија поради високите плати во тоа време. Беше едно утро во Април месец 2010 година, читав весници и налетав на една статија "Postanite i vi deo Belih Orlova" објавена од IvanMiletic. Регрутација во една од најпознатите единици во еСветот звучеше примамливо за мене, за среќа ги исполнував условите чин Генерал и сила над 10 🙂
Отидов на ирц четот на WE, таму одговорни за регрутацијата беа IvanMiletic и Ivan Zivanovic. Бев одлично примен од момците, после одреден период на разгледување на апликацијата и после извршениот санитарен преглед кај Masha85 xD 😛, на ден 7-ми април 2010г. и официјално станав член на White Eagles.

Во тоа време командата беше во рацете на SRBZILA aka Zwaka и Mr.Walter (jedini lav medju orlima 😛)
Во командниот офицерски персонал беа уште и девојките од Хрватска, Nixie Girl и Sunshine1990, како и Masha85 и Draxtor од Србија. (нека ми простат, ако некого заборавив)

Во редовите на WE јас научив што значи тоа да се биде професионален војник. На времето кога оваа игра го содржеше зборот стратешка во неа од голема значајност беше мобилноста и ажурноста на војските. Јас бев член на една паравоена формација која секогаш беше спремна да испрати барем 50-тина војници во било која битка во светот во било кое време. Не ретко сме станувале во 8 наутро за да удриме во 5 до 9 пред промената на еРеп денот во некоја RW битка низ светот. Дружењето на четот каде што секогаш владееше позитивна атмосфера и овие динамични воени акции беа една од причините за да не се откажам од играва. Во тие неколку месеци таму стекнав многу добри пријатели со кои до ден денес контактирам и ги посетувам од време на време на нивниот чет 😉

После отприлика 3 месеци како член, и по најавите за воведување на v2 верзијата следеше една реорганизација на WE. За да ја дочекаме спремни новата верзија бевме поделени во бригади. Од страна на командата јас добив одврзани раце во WE да донесам што е можно повеќе Македонци. Во еден период ние составивме една Македонска бригада на чело со Denis Cicic како командир и јас како заменик. Во тоа време според просечната сила Македонската бригада беше најсилната во целокупната единица. Членови во тоа време беа: Jonnymkd, thedragon, Hristijan Cvetanovski, Makedonero, United Macedonia, Macedonian_Lion, goldfinger, Aleksadnar Najdovski-Zika можеби уште некој не ми текнува сега 🙂

Нашето учество во WE заврши постепено со воведувањето на новата верзија V2 и невоведувањето на нашата татковина еМакедонија. Иако веќе не сум член на таа единица луѓето од неа засекогаш ќе ми бидат пријатели и ќе бидат горд што во одреден период сум бил член на оваа елитна паравоена единица.

Во моментов и покрај големите кадровски измени единицата функционира добро. На нејзино чело се Fuse и beauty_vs_beast, а во офицерскиот кадар се вклучени и Denis Cicic, Dimitrij Ivanov , chuma и другарот патор kvakva.

Можете да ги посетите на каналот #we на серверот mibbit.net

Искрено ваш,
Иван Ванчо Македонски, a proud ex-WE member \o/

PS: WE ARE NEVER SURRENDER!!!11 blblblblblblblblblblblbl xD
PS2: Сите ве сакам и ќе ве мочам од ќерамиди 😛